Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

Прашања и одговори

1. Социологијата како наука? Социологијата е наука за општеството. Општеството е составено


од поединци кои се здружуваат во групи,кои имаат меѓусебни односи, а односите
создаваат институции. Социологијата за свој предмет на истражување го има целокупниот
општествен живот, односно сите појави во општеството. Социологијата е основна
општествена наука затоа што претставува темел од кој поаѓаат сите посебни општествени
науки.
2. Што е право? Кои прашања ги покренува правото? Правото е термин кој нема универзално
прифатена дефиниција. Една од дефинициите која според мене е најблиска до терминот
право е: Правото е збир на норми, правни правила со кои се уредуваат односите помеѓу
поединците во една држава, чии што однесувања треба да бидат во согласност со истите и
во чии рамки се предвидуваат казните за оние што ќе ги прекршат тие правила.Друга
поопшта дефиниција е дека правото е систем на правила и насоки кои се спроведуваат
преку социјалните институции за да владее однесување.Прашањата кои ги покренува
правото се еднаквост, праведност и правда.
3. Социологијата на правото како наука? Социологијата на правото е наука која: а) Ги
проучува структуралните, функционалните и генеричките особини и карактеристики на
правните појави и на правото како систем. б) Го проучува правото од аспект на
глобалитетот на општеството и в) Како резултт на определени општествени односи и
процеси, општествени акции и комуникации.
4. Предмет на социологијата и социологијата на правото? Социологијата е наука која го
проучува општеството Социологијата е наука која го проучува општеството односно
односите активностите и сите појави кој се јавуваат меѓу единките кои го сочинуваат
општеството. Социологијата на право е наука која ги проучува структуралните,
функционалните и генеричките особини на правните појави и на правото како систем. Го
проучува правото од аспект на глобалитет на општеството како резултат на определени
општествени односи и процеси, општествени акции и комуникации. Додека социологијата
ги проучува општите односи, активности, појави во општеството, социологијата на правото
ги проучува односите, појавите и активностите кои се предизвикани од регулацијата на
општеството во рамките на нормирањето и спеоведувањето на тие норми во рамките на
правниот систем.
5. Најчест предмет на изучување на социологијата на правото кој ги опфаќа неколку правни
содржини.?
6. Методи и методологија?
Експеримент е методолошка постапка со чија помош се создаваат вештачки односи и
ситуации каде што треба да се проверат некои причинско последични врски.Експеримент
е научно набљудување во прецизно определени временски интервали. Широко
употребуван во природни науки, бидејќи брзо доаѓаме до сознанија додека во
општествените науки е комплицирано. Во социологијата на правото можеме да
истражувме во личниот и приватниот живот на човекот. Се истражува економскиот и
културниот аспект. Елксперименти се вршат со анализа. Со анкета се добиваат резултати,
се анализираат и се први експертизам на јавно мислење.
Анкета и Интервју
Анкета претставува писмен прашалник кој собира определени податоци и информации
додека Интервју претставува собирање оопределени податоци по пат на говорна
комуникација со сто овозможува собирање на информации и податоци за кои испитувачот
се интересира.
Постојат повеке видови на анкета и интрвју:
А) Слободен Прашалник-кога анкетата или интервјуто оставаат простор за одговор.
Б) Прашалник со затворени прасања –кога испитаникот одговара само со Да или Не.
В) Повратен прашалник-кога се повторуваат прашањата во одреден временски период со
иста група на испитаници,со цел да се следи нивната промена на нивните мислења и
ставови.
Г) Продлабочен прашалник- се применува во форма на слободни одговори по извршената
анализа на претходно истражувањесо цел да се разјаснат некои недоречености и нејасни
ставови.
Д) Анкета на правото-разгледува закони, ставови, мислења на студии, лица со
компликации во семејството, криминални групи и тн. Се што е поврзано со правото.

Моногравски метод на статистичка техника, претставува опис на одредени одделни


општествени појави врз избор на една општествена појава.

Статистичка техника – тоа се податоци и методи во социологијата на правото, со што


емпериските истражувања многу често се засновани врз статистичките податоци во
судовите односно државните институции и други јавни служби со помош на стастистички
техники и методи.

Анализа на содржината-се применува во општествените науки и во социологијата на


правото, преку јазикот, говорот, пишување на правото, преку пишаниот збор, правен
пропис, сообраќаен знак, говор на политичар(јавна личност).
Секоја комуникација за да направиме анализа на содржината ги содржи следните
елементи: Извор(на пораката и информацијата), Примач(на пораката), Средство за пренос
на пораката.

Посебни Методи
По собирање на одредени податоци започнува фаза на нивна обработка, класификација,
мерење, компарација, како што се логичките форми индукција, дедукција, анализа и
синтеза кои се применуваат во сите науки.
Индукција- прва информација од некој извор(првично примање податоци кои не ги
знаеме за валидни и продолжуваат да се докажуваат).
Дедукција е берење повеќе податоци со цел да се разјасни нештото.
Синтеза е собирање податоци со цел да се донесе некаква одлука.
Мерење – овозможува да се определат или опошат појави и податоци нарецени мерни
скали. Мерни скали претставуваат графикон со помош на статички информации да
донесиме заклучок.
Компаративен метод е поврзаност на историските појави и сегашните димензии во
општествените појави и сегашните димензии во општествените појави(20 век и 21 век
правиме компарација на политика или бр. На судски процеси)
Генералии општи методи –последна научна фаза на научно социолошко истражување.Ја
опфаќа анализата и собираните податоци, нивната генерализација, теоретските заклучоци
и нивното интерпетирање.Научната анализа и синтеза при откривањето(сознанието) за
определени закони и нивното теоретско поврзување се заосноваат со помош на општи
генералии.

7. Социологијата на правото во структура на општествените науки (блискоста со општеството


т.с. политиката) ? Социологијата е најопшта општествена наука која го истражува
општеството во целина.Како најзначајни,посебни социологии се развиле: социологија на
семејство, социологија на религиите, политичка социологија, индустриска социологија,
социологија на комуникациите, социологија на морал,култура и тн.
Социолошките аспекти на социологијата на правото, политиката, економијата, културата и
т.н. откриваат нови димензии за другите општествени појави.
Социологијата на правото е поврзана со одреден број на општествени науки и факт е дека
правото навлегува во сите пори на општествениот живот,со него се регулираат
политичките, семејните, културните, економските, социјалните односи во општеството.
Политичките науки со својот предмет на изучување се најблиски до правото.Тие ги
проучуваат фундаменталните карактеристики во структура на општеството кои најчесто се
нарекуваат политички системи, политичка свера кои се однесуваат на три клучни
елементи: 1.Кој го организира општеството; 2.Кој и како го управува општеството; 3.Како е
регулиран односот помеѓу единката и заедницата.
Политиката е инструмент на правото да се реализираат законите.
Корумпиран политичар е политичар кој не ги почитува законите.

8. Идеите за правото во старите источни цивилизации?


Долго време во социјалната и правната смисла за почетоците на правото постоеше
мислење дека почетоците на правото може да се бараат конкретно во античкиот период,
меѓутоа таа теза не е точна, почетоците на правото се појавуваат и во старите цивилизации
на источните народи како што се Египет, Вавилон, Асирија, Персијаи и Кина.
Во таа стара источна цивилизација во т.н деспотски систем на владеење се развивала само
митологијата и суеверието.Некои социјални мислители како што се Хопс сметале дека
имаат исправни гледишта староисточните цивилизации од аспект на тоа што се зародени
голем број на идеи државите, владеење на право, развој на семејство, социјалниот и
правниот поредок.Од тој аспект мислителите сметаат дека развојот на правото на старите
источни цивилизации е соодветен како извор на правото (обичајно право, закони,
пресудни решенија, наредби на владетели и др..)
Изворот на правото функционирало со регулирање на сложените општествени процеси и
односи.
Стоковно паричниот промет, пазар на приватна сопственост како и класна и социјална
структура.
Од тој период во старите источни цивилизации започнува да се развива т.е. е донесен
ХАМУРАБИЕВИОТ ЗАКОН (создаден од Хамураби, крал на Вавилон) кој е донесен во 1792
година до 1759 година ПНЕ.
Овој закон е наречен Граѓанско право, право на сопственост, заложно право и право на
службеност.
Во хамурабиевиот закон се регулираат правата и обврските на 3 социјални категории
1. Право на слободните луѓе
2. Право на робовите
3. Сопственоста на државата
3. Се регулира законот за приватните робови настанати по пат на правото и преку примена
на разни казни.
Законот бил многу строг дури и суров со што најтешки кривични дела биле бунт,
предавство, напад или навреда на владетел и сл.
Одредбите на кривичниот закон т.е. направените кривични дела против законодавството
се однесуваат во кршење на сопственикот на имотот, семејството, половиот морал.
Хамурабиевиот закон бил запишан на камена плоча пред храмот за да ја сведочи
согласноста на боговите и да биде достапен за населението.

ПРАВОТО НА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО СТАРА КИНА СЕ НАРЕКУВА ЛЕГАЛИСТИЧКА ШКОЛА


ФА – ЧИЈА
Представник на кинеската легалистичка школа е Хан-Феи Цо
Се развива во периодот на политичко идеолошко движење и обединување на Кина пред
крајот на 3 век на новата ера.
Легалистичката школа имала 3 мисловни насоки
1. Ги потенцирала начелата како ШИК што значи Моќ и авторитет во владеењето со
државата
2. Второ начело ФА (закон или одредба)
3. Трето начело значи ШУ – метод за водење или манипулирање со луѓето т.е
манипулирање со државата.
ХАН – Цу ги обединил трите начела кои се неопходни.
Државата во раниот период на династијата ЦУ функционирала врз 2 начела и тоа првото
начело ЛИ – ритуал, церемони, правила, поведение и обичаи
Второ начело ХСИНТ – Казни
1. ЛИ претставува пишан кодекс за честа според кои се однесувале аристократите.
2. ХСИНТ систем на казни што се однесувале и применувале за луѓе со пониско потекло.
Според ХАН, ФЕИ ЦУ вели за добро и успешно владеење е воспоставувањето на законите.

Основни идеи за правото и јурисдикцијата во стариот Рим


Во врска со римското право основните задачи на социологијата на правото се да го открие
правниот систем, видот и структурата на правото кое функционира во одредени
општествени рамки како што се економските, политичките, културните, моралните,
религиозните и ред други односи и услови соодветни за правниот систем.
Основните социјални структури на римското општество било класната делба и тоа:
Робови кои претставуваат објекти на правото ,Робовладетели кои претставуваат субјекти
на правото.
Правниот систем на Римското право го определува статусот на разни категории на
население и тоа: прва категорија патриции и плебејци(слободни луѓе);
втора категорија латини, перегрини, ноблез, екитес, колонии и друго.
Оваа поделба одговара на социјалната структура која се менувала и развивала во текот на
траењето на Римското општество.
Ваквото право требало да одговара на развиените трговски и деловни промети и да има
универзален карактер за сите граѓани.
Паралелно со развитокот на правниот систем во Римската држава се развила и правната
професија „јурисподенција“ .
Оваа правна професија кај големиот римски филозоф Марк Аврели се изјаснува со тезата
„Сите граѓани се еднакви затоа што се создадени врз принципите на еднаквост т.е
рамноправност и римското право служи како еден модел на еден правен систем во
областа на граѓанското право во Европа.

ПРАВНИТЕ СИСТЕМИ И ПРАВОТО НА СРЕДНОВЕКОВИЕТО


Карактеристично за социологијата на правото во средниот век претставува религијата која
ќе биде застапена во целокупниот општествен живот кој е нераскинлив дел од правото.
Се јавува потребата од посебен црковен правен систем(Канонски) односно Канонско
Право.
Исто така се развива еден мешан систем меѓу канонското и световното право.
По царот Јустинијан каде што се развива источното Римско право наречено Византија
почнува да се применува Римско право односно Јустинијановиот корпус иурис цивилис се
до падот на Византија под отоманска власт во 1453 година.
Започнатите феудални општествени односи на римската империја продолжуваат да се
развиваат во Византија. Византиските цареви биле принудени да донесуваат нови закони
во согласност со новонастанатите услови за кои т.н.. Јустинијанов зборник не бил доволен
на пример во осмиот век (ЕКЛОГАТА на царот Лав 3 ти и трите нови закони (за војската, за
поморството, за земјоделието) така што во деветти век царот Василиј Први Македонски го
донесува новиот зборник наречен ПРОХИРОН што значи прирачник за Јустинијановите
компликации и подоцна се формира ново издание ЕПАНОГОГУ во време на Василиј 1ви
Македонски кое претставува проширено издание наречено ВАСЕЛИКИТЕ кое го издава
неговиот син Лав 4 ти и го нарекува МУДРИОТ ЗБОРНИК ОД 60 КНИГИ.
Споменатиот земјоделски закон наречен НОМОС ГЕОРГИКОС ги регулирал аграрните
односи во селата и се разликувал од одредбите на Јустинијановата кодификација.
Во земјите од западното Римско царство со доаѓањето на германските и др. варварски
народи римското право е истиснато од нивните обичаи и франклиските кралеви почнале
да создаваат свое ново кралско право кое ги регулира надлежностите на кралската власт,
сопственичките односи во земјата, семејните и наследните односи, кривичното право и
слично.
При крајот на 11 век се до 13 век се јавуваат т.н. глосатори во Болоња Италија која
проучуваат јустинијановата кодификација и слепо веруваат во нејзиниот вечен
авторитет.Средината на 13 век се до 16 век универзитетите во Италија се јавуваат нови
школи наречени ПОСТГЛОСАТОРИ и КОМЕНТАТОРИ
Тие најчесто ги коментирале глосите со цел да го прилагодат правото на новите потреби во
општеството и ги земале најдобрите закони или спои на римско и канонско право кои
претставуваат богат извор во развојот на социологијата на правото за многубројните
социјални школи што се појавуваат при крајот на средниот век и почетокот на новата ера.
Почеток на нова ера е почеток на раѓање и развивање на нови теории во општеството,
политиката и правото.

ГЕРМАНСКАТА ИСТОРИСКА ПРАВНА ШКОЛА


Во почетокот на 19 век се појавува историската правна школа чии претставници се ХУГО,
САВИЊИ и ПУХТА.
Историската школа ја истакнува идејата дека народот посебно неговиот дух е основниот
извор на правото.
Правото не произлегува од вољата на владетелите туку од вољата на народот како што
нагласува правникот Савињи и вели (правото треба да се одвојува од другите народни
карактеристики како што се обичајот и јазикот). Покрај периодот на новата епоха ,
романтизам и конзерватизам на оваа школа е една од темелите на германската
фашистичка и тоталитарна идеологија, нејзината заслуга е од тоа што го истакнува
генетското опфаќање на правото, неговото историско изучување и поврзување со
конкретен народен амбиент.
Историско правната школа (германската) ги отвори пошироко историските правни
материјали кои денес повеќе се користат во социологијата на правото.
Под влијание на емпиризмот во општата социологија но и под притисок на потребите на
општеството се развива правната наука со помош на емпириските методи кои доминира
во социологијата на правото.

РАЗВОЈОТ НА СОЦ НА ПРАВОТО НА СКАНДИНАВСКИТЕ ЗЕМЈИ


Од земја до земја се разликуваат социјалните, културните, историските правни традиции и
од многу други специфични услови.
Голема сличност постои во насоката на развојот на социологијата на правото помеѓу
Скандинавските земји и САД. Таа сличност е:
Емпириските истражувања се однесуваат на проблемите на правото на модерното
индустриско општество, трудовото право, право на вработување, право на работни
односи, право на јавни интервенции во економијата, правото на јавното мислење,
функциите на трудовите судови, во Шведска и развојот на врховниот суд и правната
професија во Норвешка и т.н..

Развојот на правната мисла во франија односно социологија на правото.


Во европските земји соц на правото се развива во согласност со богатата историска
традиција и правната мисла.
Во Франција социолошкиот приод кон правото е присутен кај многу мислители уште пред
француската револуција.
Истакнат француски мислиител Монтеские книга :Духот на законите се доволна
илустрација присутна од социолошки аспект во правецот наречен релативизмот
(временска и просторна вариабилност на правото) и правецот детерминизмот (меѓу
карактерот на луѓето или народот нивната економија, трговија религија потоа географијата
или поднебјето се клучни фактори за дефинирање на законите и претставува тесна
поврзаност и каузалнос).
Современата соц на правото го има изминато патот на своето осамостојување, таа е
присутна на универзитетите во Франција посебно на правните факултети и постојат долги
расправии околу општата и правната социологија, со посебните социологии и тоа:
Семејните, трудовите социологии, политичката соц и други индивидуални анализи на
личноста(Договори, должности, наследства и т.н..).

9. Социолошко дефинирање на правото?


Основните идеи на социолошкиот систем на правото во правната наука и филозофијата, се
во зависност од многубројните теории и школи што постојат како дефиниции за правото.
Сепак сите теории можеме да ги сведеме на 3 групи во зависност од нивната теоретска и
методолошка ориентација.
1. Првата група ја сочинуваат теориите кои суштината на правото ја гледаат во вредноста и
содржината на правото.
2. Втората група ја потенцира нормативната страна
3. Третата група правото го согледува како една материјална појава т.е поредок на
општествените односи уредени и обезбедени со норми
Теориите за првата група претставуваат и припаѓаат на природно правната школа која
правото го објаснува како етичка појава односно како систем на вредности кои
произлегуваат од општеството. На пример: Правдата е вечна, правдата е вонвременска,
универзална или божја категорија вон човекот или во некои метафизички својства на
пример(духот на правото има своја основа на духот на човекот).
Втора или нормативна теорија го дефинира правото како систем на норми кои се логичко
психолошки и логично јазични појави кои важат независно од нивната вредност,
содржина, ефективност или не ефективност.
Тука правото е сведено на систем на чисти искуства кое е поставено во хиерархискиот
поредок на норми каде секоја од нив има своја правна заснованост и во повисоките
норми.
Третиот вид на теории се најчесто социолошките и за нив правото пред се е општествена
материјална појава во која се поврзуваат реалните општествени норми кои ги легулираат
или се регулираат врз основа на некои важечки општествени вредности.

10. Правни појави?


Правните појави се еден специфичен вид на општествените појави кои се регулирани со
норми во правниот систем.
Постојат различни класификации за видовите на правните појави.
Ако се тргне од социолошка класификација на општествените појави и меѓу правните
појави разликуваме две големи групи на правни појави:
1.Правни процеси
2.Правни творби
Правните процеси се динамичните развојните и променливите појави во правото на
пример (процедура на донесување закони или други прописи од страна на надлежен
орган, односно државен орган, потоа судски процедури спорови, извршување на казни и
т.н.)
Правни творби во правото имаат посебно значение.
Нормативната страна на правото во правните творби претставува и бара создавање на
разни институции, установи, организации и други видови творби за да би се извршило
правото.
Правните процеси според дихотомната класификација можат да бидат:
а)Волеви и стихијни;
б)материјални и духовни;
в)Правни процеси на соработка на борба или судир;
г)правни процеси на создавање или рушење.

а)Волеви и Стихијни. Правните процеси се волеви или стихини кога настануваат со или без
воља на учесниците во нив.Волевиот аспект на правните појави е суштински за
разбирањето и објаснувањето на правото. Така да општо правото може да се смета дека се
темели врз некоја заповед или израз на некоја воља.
Исто така битен елемент на многу правни работи е вољата на странките и законодавецот
на законите.Стихијните правни појави настануваат без желба, намера и воља на некој од
учесниците.Меѓутоа треба да се нагласи дека извесна воља е присутна во секоја правна
појава.Многу општествени појави како што се:
Човечки поведениа, дејствиа, меѓучовечки односи и т.н започнуваат без да се засноваат на
правото и правните норми.
Тука не се мисли само на против правните дејствија кои подоцна можат да настанат
ситуации кога правото е нужно односно потребно и објективно мора да се вклучи помеѓу
странките без вољата на учесниците.
така настануваат голем број на општествени појави кои стануваат правни појави т.е.
правни процеси.
б)Материјални и Духовни
Многу правни процеси имаат материјален карактер и всушност употребата на правото,
поточно примената на правото се карактеризира и материјализира во некои нивоа на
општествените собири.
Материјалноста на правото е содржана во реалните општествени односи што правото ги
регулира
Духовните или психичките правни процеси се поврзани со некои специфични особини на
правото ( воља, страв од санкции и друго)
Вредносните содржини на секое право е нужност да комуницираат со вредносниот систем
на секоја единка во општеството. Така да, правото всушност се доживува како правичност
и неправедност на секоја правна норма и ситуација.
Тука се зборува за човекот како правно суштество, како правен човек која есенцијалност на
правото (право и праведност) ги дошивува во својот внатрешен и психички живот.
Нормативното очекување кај човекот ја намалува неизвесноста за иднината
в)ПРАВНИ ПРОЦЕСИ НА СОРАБОТКА ИЛИ НА БОРБА И СУДИР
Соработката и согласноста на субјектите во правните дејствија е честа содржина во сверата
на некои гранки во правото и тоа: граѓанско право,меѓународно право, облигационо
право, кривично право и воопшто сите гранки на правото настанати како потреба во
сложениот правен систем што го регулира современиот живот во општеството.
Правните судири настануваат кога во реалниот живот се спротиставуваат интересите на
разни групи и поединци што се манифестираат во правниот судир.

г)ПРАВНИ ПРОЦЕСИ ВО СОЗДАВАЊЕ И РУШЕЊЕ


Поголемиот број на правни појави се процеси на создавање на нешто ново
воспоставување во правниот поредок.
Секое право создава безброј ситуации во секојдневната практика и секој правен случај
може да се смета за новосоздадена ситуација во секојдневната практика.
Посебен случај на правните процеси на создавање и рушење се среќава во
ревулуционерните периоди кога радикално се рушат едни правни процеси и се создаваат
други правни процеси.
Според францускиот социолог на правото Карбонис правото на правните процеси на
создавање и рушење може да се класифицира во 3 групи и тоа:
1) Примарни и секундарни
Примарните се најопшти правни појави кои се способни да го опфатат секој вид на
содржина од нив кои се произлезени додека секундарните појави се многубројни затоа
што произлегуваат од примарните и се во функција на примена на правото во сложената и
разновидната структура на секојдневниот живот кој го сочинуваат богатството и
сложеноста на правниот состав.Во примарните на пр. Се Закони, пресуди, договори и т.н..
Во секундарните се законите и сложеноста на општествениот живот на човекот во
правниот живот.
2)Појави со власт и поојави под власт
Пред се се примарни појави чија суштина е власта и чија функција е да го овозможат
управувањето односно. владеењето на власта.
Правни појави под власт би биле сите појави кои се наоѓаат во подрачјето на
извршувањето на правото или поточно чии извршители се субјекти со кои власта
управува(на пример Поведениа, одпори, состојби на правна свест и др.
3)Појави институции и појави случаеви
Правните институции (институти) претставуваат збир на повеке посебни норми поврзани
со исти начела што се применуваат со исти или блиски општествени односи како
кохерентни состави на правните правила, како едно тело што има сопствен
живот(брак,развод на брак, сопственост, договор, старателство, тестамент, надоместок,
штета и т.н.)
Кога се зборува за институтот брак се мисли на временски и просторно истоветвна појава
според нејзините начела, а кога се зборува за некој определен брак т.е.. како конкретен
случај вр кој принципите на институтот брак се применуваат врз правните субјекти.
11. Правни Дејности и Правни односи?
Во правните како и општествените појави разликуваме:
Правни дејности – Разни човечки активности регулирани со правни норми, средства со кои
се спроведуваат, условите во кои се одвиваат последиците што ги предизвикуваат.
Правните дејности ја сочинуваат сложената динамика на правото, го обезбедуваат
реализирањето и примената на правото.
на пример: Субјектите, правнат дејност можат т.е ја применуваат во правото преку
разните државни органи и тоа: Законодавната, судската и извршната власт.
Потоа адвокатите, адвокатските канцеларии, поединци кои ги бранат и остваруваат своите
права како физички и правни лица тоа е правни дејности.
Правни односи- Правни односи се општествени односи што се регулирани со правни
норми и се нарекуваат правни односи.
во општеството постојат голем број на меѓучовечки односи ... кои се претставуваат преку
економски, политички, културни, семејни и други социјални врски и комуникации меѓу
луѓето ззаради задоволување на личните колективните и интереси

12. Правни Групи?


Во општественото групирање и раширената и универзална појава на животот на човекот во
општеството на човекот се засноваат врз нормите на правото и се формираат за да се
вршат некои правни дејствија или за да се остваруваат определени права на припадниците
на групите.
Во правната област во врска со правните дејности или правната професија настануваат
соодветни групирања како што се адвокати судии, правници осуденици...потоа групи што
настануваат врз основа на нелегитимност, разни криминални мафијашки групи.

13. ПРАВЕН СИСТЕМ?


Правен систем е зависен од содржината и видот на општествената структура, економското
и политичкото уредување од системот на социјалните вредности.
Во развитокот на општествата и разните историски и глобални уредувања на општествата
им одговараат разни правни системи.
Во социологијата постојат повеќе видови класификации на правни системи изразени преку
општествено економските формации( првобитна заедница, робовладетелство,
феудализам, капитализам и социјализам)

14. Поделба на правниот систем според Подгорецки?


а) Правен систем заснован врз официјалното и интуитивното право
Во теоријата на правото често се прави разлика помегу официјалното право( право во
книгите) или позитивното право на една страна и слободното право(интуитивно право) од
друга страна.
Социјалниот систем заснован врз плурални вредности обезбедува начин да се воведе
разновиден прифатлиф поредок за членовите на едно општество со формални прописи за
нивното социјално поведение и социјални сили.
б) Правен систем врз различните типови на легитимност.
Филозофот Макс вебер распознава 3 идеални типа на легитимност
Традиционална, харизматска и легално рационална.
Традиционалната легитимност се заснова врз верата и светоста на постојаните норми и
институциите.
Правото на наредување и владеење не е одвоено од личноста, нема разлика помеѓу
приватната и јавната сопственост.
Харизматичната легитимност не познава граници но е преодна и непостојана појава. Таа се
заснова врз вербата на исклуцително способните и личните својства на еден водач.
Водачот треба да поседува исклучителна сила и способност да биде пророк и херој, без
разлика дали врши добра или лоша мисија
в)Легално рационалната легитимност е пронајдок на западната култура. Во неа е содржана
идејата за апстрактно живеење без личен закон.
Од општиот идеален тип на легално рационалната легитимност, Подгорецки прави
поделба во три групи што егзистираат во различни општествени ситуации и тоа :
Легитимност чија основа е нормативноста за да има правна вредност која мора да
произлезе од правните норми и правниот поредок кој е основа на врвот на една норма.
Потоа легитимност заснована на демократска поддршка на населението.
Кога во практиката правниот систем е нормативно валиден но за населението т.е
мнозинството е неправеден, реакционен или угнетувачки официјалното право се отфрла и
се прифаќа интуитивното право наречено право на солидарност.
Г) соодветен (управуван) рестриктивен систем
Кога социјалниот систем е заснован врз консензус тогаш правниот систем е соодветен.
Раководениот или управуваниот систем се појавува во општество со динамичен развиток.
д) монолитен и плуралистички правен систем
Монолитниот правен систем е создаден врз принципите на хиерархија на чии врв е
уставот, а под него се законите, разните уредби, статути и слични правни акти кои заедно
го сочинуваат единството на правото во една земја.
Плуралистичкиот правен систем е заснован врз повеке правни извори и најчесто во него не
постои строга хиерархија на нормите, обично тоа е систем на така нареченото
претседантно право каде судовите сос своите пресуди создаваат право.
ѓ)Репресивен угнетувачки и тоталитарен правен систем
Репресивниот правен систем најмногу се распознава во казнената политика, како во
криминалната област така и во административното право во политичките деликти.
Всушност тоа е недемократски правен систем кој служи за насилно одржување на власт на
определена владеачка структура која не е поддржана во социјалната структура или со
еден збор граѓаните.
е)Правен систем заснован врз државата врз формални видови на решевање на конфликти.
Правен систем заснован врз државата произлегува од постоењето на социјалните
конфликти во општеството.
Без нив правниот систем не би постоел воопшто. Тие претставуваат регулација на
општествениот живот и тогаш би се одвивал правниот систем преку обичаите, моралот,
етичките норми и општествените правила
ж)Самороден, самосоздаден воспоставен правен систем
Оние кои произлегуваат од општествено политичките и други социјални услови и
нејзините институции кои се длабоко втемелени во сваќањата на населението
з) Достапен и недостапен правен систем
Кога достапноста или недостапноста е поврзана со тоа колку населението ги познава
правните норми на својот правен систем.
Голем број на истражувања покажуваат дека познавањето на правните норми и
институции....каде што е присутно интуитивното или слободното право
ѕ) Правен систем заснован врз религиозни системи
Имаат свои посебни карактеристики што ги одвојуваат од другите системи и се
претпознатливи под нивниот вредносен систем
и) Правен систем на капитализам и комунизам
Капиталистичкиот правен систем е заснован врз социјалната реалност организирана
додека комунистичкиот правен систем се заснова врз планирана социјална реалност

You might also like