Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

САНИТАЦИЈА

5.1. – ПОИМ ЗА САНИТАЦИЈА

Со брзиот развој на прехрамбената индустрија, се повеќе се јавуваат опасности


во однос на безбедноста на храната. За таа цел се повеќе се дава значење на
зачувување на исправноста на храната, како и на примена на санитарните прописи и
мерки со цел зачувување на здравјето на населението.
Зборот санитација потекнува од латинскиот збор “sanitas” што во превод значи
здравје. Кога санитацијата се однесува на прехрамбената индустрија, тогаш
санитарните мерки се претставуваат како активности кои се преземаат за создавање и
одржување на хигиенски здрави услови.

Санитарните мерки се однесуваат на контрола на биолошките, хемиските и


физичите опасности на храната.

Постоењето на санитарно неисправна храна, најчесто е последица на


непознавањето на санитарните прописи или неправилната примена на санитарните
мерки. Затоа санитарната инспекција е се поригорозна во својата работа.

Од компаниите кои се занимаваат со производство, преработка и продажба на


храна, се бара имплементирање на НАССР системот (Hazard Analysis Critical Control
Point), со кој се обезбедува целосна безбедност на храната. Ефикасно спроведените
санитарни мерки, не само што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на
производите, туку и ќе ја зголемат нивната трајност, за што потрошувачите ќе бидат
задоволни, но и опасноста по здравјето на луѓето ќе биде помала.

Мерките кои се преземаат за обезбедување на целосно безбедна храна можат


да бидат општи и специфични (посебни) санитарно-хигиенски мерки.

Општите мерки претставуваат бројни санитарно-хигиенски мерки за


спречување на загадување на животната средина и обезбедување на соодветни
услови во производството и прометот на храната. Со спроведување на општите мерки
се спречува загадување на храната со патогени микроорганизми и се спречува
контактот на причинителот на загадувањето со домакинот.

Во општи мерки се вбројуваат:


 Обезбедување безбедна вода за пиење;
 Отстранување на отпадните води и другите отпадни материи, под услов да се
обезбеди целосна заштита од загадување на водата, воздухот и почвата;
 Просториите во кои се врши производство и промет со храна, треба да ги
исполнуваат бараните хигиенски стандарди;
 Обезбедување санитарно хигиенски услови во производството, подготовката,
чувањето и прометот со храна преку заштита на храната од загадување, спречување
на развој на микроорганизми со ладење и термичка обработка на храната за
уништување на присутните микроорганизми;
 Пакувањето, амбалажирањето и транспортот на храна да биде со средства кои
нема да ја нарушуваат безбедноста на храната;
 Редовно одржување на лична хигиена;
 Превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација за уништување на
микроорганизми, инсекти и глодари;
 Примена на други правантивни активности, за зачувување на здравјето на
населинието;
Посебните (специфични) мерки за обезбедување поголема безбедност на
храната преку стручни активности, ги преземаат и спроведуваат стручни лица од
областа на здравството. Најчесто тоа се:
 Спроведување на здравствено-хигиенски прегледи на вработените, со цел
благовремено откривање, пријавување и лекување на заболениот и на
бацилоносителот;
 Спроведување здравствено-хигиенски прегледи на објектот и опремата за
производство на храна;
 Обука на вработените за стекнување на знаења за хигиена на храна;
 Времено отстранување од работа на заболениот и на бацилоносителот;
 ДДД, редовна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Контролата над правилно спроведените санитарно-хигиенски мерки ја врши


Дршавниот санитарен и здравствен инспекторат. Во спроведувањето на некои од
мерките, учество земаат и инспектори од дирекцијата за храна, како и ветеринарната
инспекција.

Права на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Државниот санитарен и здравствен инспектор има право да им забрани на лица


кои се заболени од заразни заболувања да извршуваат работни задачи, да им забрани
движење на лица за кои се сомнева дека се заболено од преносливи заразни болести,
да наеди да се изврши ДДД или други санитарни мерки, да одреди изолација на
заболени лица, да забрани работа на лица кои немаат извршено здравствен преглед,
да забрани групирање и собирање на лица во јавни установи за време на епидемија,
да забрани работа на објект кој претставува опасност од заразни болести или
епидемија и да напише прекршочни и кривични пријави, доколку не се почитуваат
пропишаните мерки.

Улога на ветеринарните инспектори и државните инспектори за храна

Ветеринарните инспектори и државните инспектори за храна вршат контрола


над спроведувањето на хигиенска и ветеринарна пракса, забрана за производство и
промет на производи, за кои е утврдено дека се контаминирани, повлекување на такви
производи од промет и благовремено известување на јавноста како и поднесување на
прекршочни или кривични пријави.

ДА ЗАПОМНИМЕ

 Санитација потекнува од латинскиот збор збор “sanitas” што значи здравје.


 Санитарните мерки можат да бидат општи и специфични.
 Општи мерки се: обезбедување безбедна вода за пиење, отстранување на
отпадните води и отпадни материи без да се загади водата, воздухот и почвата,
обезбедување санитарно-хигиенски услови во производството, одржување на лична
хигиена, превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
 Специфични мерки се: спроведување здравствено-хигиенски прегледи на
вработените, објектот и опремата, обука на вработените за стекнување знаење за
хигиена на храна, редовна дезинфекција, десинсекција и дератизација.
 Државниот санитарен и здравствен инспектор врши контрола над правилно
спроведените санитарно-хигиенски мерки.
 Ветеринарните инспектори и државните инспектори за храна ушествуваат во
спроведување на некои од санитарно хигиенските мерки.

You might also like