СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ

„Полесно е да се разбие атом отколку предрасуда“ – Ајнштајн


Стереотипите се утврдени негативни ставови кои луѓето ги користат за да ја оправдаат
дискриминацијата или конфликтот со „другите“. Постојат различни видови на стереотипи.
Тие главно се однесуваат на етничките, конфесионалните, половите, професионалните и
други разлики меѓу луѓето.Стереотипот претполага постоење на НИЕ и ТИЕ. При што, НИЕ
сме групата на која што ѝ припаѓа говорителот со сите свои реални и претпоставени
својства, а ТИЕ се припадниците на друга група. Стеротипите се историски форми и
претставуваат производ на колективна свест, па обично за нив не се размислува кога се
употребуваат туку се прифаќаат како вечно дадени вистини. Формирањето на стеротипот
обично има историски корен. Во одредена точка на живеењето на одредена група се случил
контакт со друга група во кој се воспоставила одредена динамика на односи којашто, пак,
претставува база за стеротипизацијата.Предрасудите претставуваат однапред донесени
судови или мислење за нешто што не се познава доволно, ниту темелно и критички се
проучувало. Обично станува збор за однапред поставени и раширени ставови, засновани
на недокажани тврдења. Објект на предрасудите најчесто се: верата, расата, етничката
припадност, полот и сл.Постојат повеќе теории за потеклото на предрасудите. Ќе наведеме некои
од нив:
1. Теорија на оправдана репутацијаВо основата на оваа теорија се наоѓа тврдењето дека извор на
предрасудите претставуваат,од една страна наклонетоста, од друга страна недовербата кон
поедини народи. Наклонетостаи фаворизирањето на поедини народи и култури како супериорни
во однос на други народи кои се сметаат за инфериорни или за кочница на општествениот прогрес
претставуваат базични елементи на расизмот. Неоспорно е тврдењето дека меѓу расите постојат
физички разлики, но, сосем е сигурно дека помеѓу припадниците на различни раси, не постојат
психолошки разлики.
2. Феноменолошка теорија Според оваа теорија предрасудите претставуваат незаобиколива
содржина на сечие искуство. Начинот на кој поединецот ги перципира феномените во реалноста е
основен извор за предрасуди. На пр. американските белци ги перципираат црнците како:
мрзливи, необразовани, неуредни, нечисти и тн., што претставува предрасуда која се пренесува
од генерација на генерација.
3. Психодинамичка (фрустрациона) теорија Според оваа теорија, предрасудите настануваат како
последица на дејствувањето на определени внатрешни „динамички сили“, односно, како
последица на вродената агресивност кај луѓето. Ваквото сфаќање прв го промовирал англискиот
философ Томас Хобс уште во 17-от век. Тој тврдел дека човековиот фундаментален стремеж е
неговата волја за моќ (Homo homini lupus). Најраширено психодинамичко сфаќање за изворот на
предрасудите е т.н. фрустрациона теорија. Фрустрациите кај луѓето обично се појавуваат како
резултат на потиснато незадоволство од определени состојби. Тие можат да имаат различна
природа. За сите видови на фрустрации е карактеристично тоа што нивната појава секогаш е
поврзана и со појава на агресија. Агресивноста поттикната од социјалните фрустрации обично не
се манифестира кон вистинскиот извор на фрустрациите поради стравот од возвраќање со
агресивност. Најчесто таа се потиснува или се насочува кон друг објект, односно се проектира на
друга група спрема која не е опасно да се изрази агресивноста. Според фрустрационата теорија,
луѓето кои имаат предрасуди обично се анксиозни, несигурни во себе или авторитарни и по
правило, изворот на овие карактеристики на нивната личност има свој корен во некои
доживувања во детството и раната младост.
4. Ситуациона теорија Општа карактеристика на оваа теорија е што изворот и потеклото на
предрасудите го гледа во актуелната ситуација, „атмосферата“ во која се наоѓа индивидуата.
Според приврзаниците на оваа теорија, предрасудите најчесто настануваат поради влијанието во
пренесувањето на сфаќањата кои постојат во средината во која што живее индивидуата.
5. Културолошка теоријаОваа теорија како извор на предрасуди ги смета социјалните норми,
вредности и сфаќања карактеристични за определена култура. Предрасудите најчесто се
појавуваат при нагло развивање на урбанизацијата кај определени општества кои се подложни на
традиционални групни сфаќања. Од сосема определени економски причини се развиваат
концепции, на пример, за инфериорноста на колонијалните народи со кои владее метрополата.
Освен што се распространети, предрасудите се и опасни. Едноставен негативен однос спрема
некоја група може да биде немилосрден и може да прерасне во екстремна омраза, тортура,
убиства, па дури и геноцид.
Стереотипите и предрасудите можат да се намалат или надминат со рамноправен контакт меѓу
етничките, верските и другите видови на човечки заедници со цел да се остварат заеднички цели.

You might also like