Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Романтизам

Роматизам е правец кој се јавува како реакција на просветителската


и псевдокласичарската литература. Со појавата на романтизмот
луѓето имале за цел да означат еден стил на владеење, живеење и
однесување. Начелата според кои се води ова романтичарско
движење се емоциите и чуството. Кога би се осврнале на делата од
овoј период би забележле една цврста структура која сочинува
описни реченици, преовладување на чуства и емоции, доминација
на болка во исказот . Романтизмот како правец во литературата се
појавил во втората половина на 18.век во Германија, но веднаш се
проширил во Англија, Франција, Италија, Русија и траел до
средината на 19 век. Ова општествено движење се јавува во време
на големи општествени потреси и национални движења, а
показатели за тоа се и едни од најзначајните историски
настани: Француската револуција во 1789 година, воздигнувањето
на Наполеон и неговите освојувања, како и востанието
на декабристите во Русија во 1825 година. Романтизмот се појавува
по рушењето на феудалното општество и создавањето ново,
граѓанско, капиталистичко општество, време во кое обичниот човек
се соочува со разочарувањето од неостварените идеали за
слобода. Романтизмот се карактеризира со три главни одлики.
Прва одлика на романтизмот претставува субјективноста, односно
ставањето на индивидуалниот став на централно место.
Романтичарите преку своите чувства и мечти можеле да ја
преобликуваат реалноста според личните расположенија и
впечатоци.На индивидуализмот се надоврзуваат и другите одлики
на романизмот кои произлегуваат од субјективната психичка
стварност, а тоа се: чувството на осаменост, чувството на тага и
новиот поетски принцип на оригиналноста. Втората одлика
е незадоволство од сегашноста и копнеж по нешто далечно и
непознато. Во своите творби романтичарите го изразуваат својот
стремеж за бегање во далечни краишта, во минатото, кон нешто
непроживеано, нешто што само се насетува. Тие практично барале
мир во далечни егзотични земји, создавајќи така поетски патописи.
Третата карактеристика на романтичарите е Слободата во
творењето која довела до создавање нови литературни видови,
како што се: историскиот роман, романот во стихови и поемата. Но
сепак, начинот на претставување на романтизмот доста се
разликувал од држава во држава.
Од сите романтичарски движења, германскиот романтизам бил
најмногу свртен кон сонот, мистеријата, несвесното, волшебното и
фантастичното. Гермскиот ромснтизам опфаќа педесетгодишен
период на развој на германската литература, филозофија и
уметноста.Најпознати германски романтичари биле Фридрих Шилер
и Јохан Волфганг Гете. Покрај нив, претставници на романтизмот
од Германија се и браќата Грим.
За развојот на францускиот романтизам голем придонес имало
странското влијание, ја ослободува литературата од стегите на
класицизмот, ги разбива старите ограничувања и правила и им дава
предност на чувствата и мечтите, а го збогатува и поетскиот јазик.
Зачетоците на францускиот романтизам се забележуваат во делата
на Жан Жак Русо, но вистинскиот романтизам го втемелил Франсоа
Рене Де Шатобријан. Најпознат писател од ова време е Виктор Иго
кој со своите романи котрасно го опишува општеството.
Лошите услови за живеење на работниците, новите конфликти
меѓу класите, загаденоста на природата и индустријализацијата во
Британското општество ги води поетите кон повторно откривање на
убавините и вредноста на природата. На Мајката Земја гледаат како
на единствен извор на мудрост, на единствено решение на
грдотијата создадена од машините. Во Англија, основоположници
на романтизмот се поетите Вилијам Вордсворд и Семјуел Тејлор
Колриџ. Валтер Скот, пак, се смета за зачетник на историскиот
роман,а најтипичен претставник на англискиот романтизам е Џорџ
Гордон Бајрон, со својот нескротлив, слободарски дух.
Во Русија, како најнапредна и најголема словенска земја,
романтизмот се разви најсилно, особено со појавата на Александар
Сергеевич Пушкин, кој го втемели рускиот литературен јазик и ја
збогати руската литература со своето обемно и разнолико
творештво. Романтизмот е означен како златен век на руската
поезија, кога се појавува плејада поети (Жуковски, Батјушков,
Бератински, Јазиков, Рилјеев, итн.) кои моќно и автентично го
разоткриле лиризмот на руската душа. Во овој период, рускиот
романтизам го достигнал врвот во творештвото на Пушкин, Фјодор4
Тјутчев и Михаил Лермонтов, кои се издвојуваат не само како
великани на руската, туку и на европската поезија од 19 век.
Романтизмот во Македонија се појавува во средината на XIX век
(1850-1860 г.)Тој се карактеризира со будење на националната
свест, воведување на македонскиот народен јазик,печатење на
учебници и собирање на народни умотворби. Во Македонија
романтизмот и националното осознавање започнува со Браќата
Миладиновци, Григор Прличев („Сердарот“), Рајко Жинзифов, Ѓорѓи
Пулески, Јордан Хаџи-Константинов –Џинот и други.

You might also like