Прераскажување на лектирата Девојките на Марко

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Прераскажување на лектирата:

„Девојките на Марко“

Понеделник:
Лектирата започнува со враќањето на најстариот син Марко од војска. Него со нетрпение гочекаат
сите, но најсреќен е најмалиот во семејството, Славе. Марко е негов идол, а тоа што е во војска го
прави неверојатно горд. На почетокот Славе не разбира точно што значи одсуство од војска, но
брат му, Диме, му објаснува. Славе е многу збунет и воопшто не знае што да направи, но сепак
смислува еднонеделен план. Планот се однесува само на него и Марко, па така според тој план
Марко секој ден треба да го учи Славе војнички вештини: пукање, лазење, криење со гранки и
поздравување старешини. Утрото на перонот на кој треба да пристигне возот со Марко имало
многу гужва, па и Славе и мајка му возбудени викале по него. Дома подоцна, по ручекот, Марко
му кажал на Диме дека се скарал со неговата девојка Роска и го замолил да ја најде за да се
смират. Но за среќа Роска дознала дека Марко е на отсуство па таа му се јавува и договараат
средба. Но Марко не знае како да му каже на Славе дека нема да може да го помине целото
време со него и не сака да го разочара па незнае што да прави. Но на Диме му текнала една идеа.
Кога Славе се враќа од надвор, Марко му дал едно писменце адресирано до Билјана, касиерката
во самопослугата. Го замолил Славе да и го однесе писмото, во кое тој и закажува средба. Славе
бил горд што му помага на Марко, но и тажен што нема да го помине денот со него. Во меѓувреме
Марко и се јавил на Билјана и ја објаснил целата ситуација со Славе. Таа го прифатила писмото и
се однесувала како Славе да е тој кој што и закажува средба. Таа му вели наместо да одат во
Ванила, ќе го чека пред киното во 10:00 часот. Славе незнаел што да прави, го чекал вечерта
Марко да му каже дека Билјана го сменила состанокот, па Марко се налутил на ова и рекол дека
нема да оди пред киното, но му дава нова задача на Славе- ново писменце за нова девојка по име
Верче. На Славе му дошло жал да ја остави Билјана, така пред киното сама, па решава тој да го
замени Марко, бидејки и онака Билјана мислела дека тој и го напишал писмото.

Вторник:
Во Вторник сабајле телефонот зазвонил, и се јавила Верче барајки го Марко. Славе, се договара
со неа да и го однесе писменцето на базен, бидејќи Верче е инструкторка по пливање. Кога Верче
го чита писмото, не и се верува и почнува да плаче, да вика дека она е пријателка на Роска, како
може Марко ова да го направи. Славе ништо не рабира од сето ова, но не е свесен дека токму
тогаш му започнуваат вистинските невољи со девојките на Марко. Оставајќи ја Верче така
расплакана, тој брза накај киното на состанокот со Билјана која веќе го чека. Бидејќи тој доцни и
филмот е почнат сака да и надополни на Билјана, па ја носи во парфимеријата кај мајка му, каде
мајка му на Билјана и прснала од парфемот на Диор. Од таму ја носи во туристичката агенција кај
татко му, каде ја наговара да го праша што се изедува еден човек во текот на 70 год. живот. Брзо
потоа, Билјана си заминува, но му закажува повторна средба пред киното во 10 часот утредента.
Славе трча на базен затоа што му е жал за Верче и сака да и објасни. Но во меѓувреме Марко и
Верче се ќе се слушанат и сега на Верче се и е појасно. Па таа спремна го пречекува Славе, и
веднаш го ангажира да плива. Иако Славе се противи бидејќи незнае да плива, таа не попушта, па
Славе мора да плива иако многу се плаши од водата. Но дома Марко се грижел за Славе, дали ќе
се снајде, како поминува, да не му е тешко, да не му се лути. Диме го охрабрува и му вели дека
Славе ќе се снајде, а тој пак ќе мора да напише уште едно писменце овој пат за Јагода. Вечерта
изморен од напорниот ден, Славе доаѓа дома, бргу се подготвува и легнува, со планови за
утрешниот ден.
Среда:
Денот го започнува рано, сите се веќе станати, Славе се тушира и потоа сериозно разговара со
Марко. Сака да му објасни за Верче, но Марко го пречекува со ново писменце, сега за Јагода.
Славе не сака да го разочара својот брат, и му вели дека тој е бистар, дека во еден ден ќе го научи
се, само да завршат со девојките. Славе неколку пати го слушна името Роска, па збунет го прашува
Марко да не ја познава случајно, но Марко ништо не му одговара.Така Славе, со полни раце
работа, трча накај слаткарницата Ванила, да ја најде Јагода, која постојно е таму. Веднаш ја чести
тулумба и и го дава ливчето за средба со брат му Марко. Потоа истрчал на базен за средба со
Верче. За малку ке се удавел во водата, но Верче го спасува и се договараат за кино во 4 часот. Од
базенот тој трчал до киното, каде го чека Билјана. Па потоа право дома на ручек, и од таму со трк
пред киното за средба со Верче. Бидејќи Верче доцни, пропаѓаат картите за филмот, па Славе ја
носи Верче кај мајка му во парфимерија, пак да прсне Диор, а потоа кај татко му во агенција, да го
праша дали некаде на светот има луле со 7 дупки за секој ден. Овиеинформации Славе му ги дава
на татко му, па на некој начин се мајтапи со него. Татко му Живко, постојано пуши луле и му вика
на Славе-“ќе ти најдам јас работа зрно едно” . По посетата на туристичката агенција, тој мора да
трча на состанок со Јагода, која веќе го чека пред домот на младите. Од тука со Јагода во Ванила
на тулумби. Вака растрчан, Славе си направил распоред во тефтерче, кога со која девојка каде
треба да биде, само да не го разочара брат му Марко ниту пак некоја од девојките.

Четврток:
Иако Марко се грижел за Славе, повторно му дал ново писменце, овој пат за убавата фризерка
Лиле. Но кај Диме,почнала да се јавува љубомора. Како тоа тој мал Славе се забавува со 4 девојки,
и за сите е интересен, па го следел до фризерскиот дуќан. Славе онака природен непосреден ја
воодушевил фризерката, па таа веднаш му закажала состанок. По него вофризерницата влегол и
Диме. И тој пробал да и закаже состанок на Лиле, но добил врелшамар по образот. Така Диме лут
и нервозен, заминал во слаткарницата Ванила, каде била веќе Јагода. Таа толку многу го исфалила
Славе, што љубомората кај Диме уште повеќе нараснала, па од Ванила, Диме се упатил кај мајка
му во парфимеријата да го накодоши Славе. А Славе во меѓувреме, зафатен де со Верче на базен,
де ја теши Билјана поради проблемитее со шефот, де се грижи како во 4 часот ќе стаса и на
состанок со Јагода и со фризерката Лиле. Уште има и проблем со пари, па решава да појде кај
татко му и да зарботи некој денар. Така на татко му, му дава информација за 100 ден, дека
Ајфеловата кула на лето пораснува. Така изморен доаѓа дома и ручаат заедно со Марко. Одмара
малку, па заминува на двоен состанок и решава да ги запознаеЈагода и Лиле во Ванила на
тулумби од кои му се превртува во стомакот. Но во Ванила влегува Диме, а Славе онака весело го
запознава со Лиле. Диме и Јагода заминуваат од Ванила, а Лиле и Славе остануваат да ги дојадат
тулумбите. Во меѓувреме загрижена мајка му на Славе, заминала кај татко му, со мисла дека
нешто се случува со синовите, патато Живко се нафатил да ја испита целата таа работа. Вечерта
Славе бил малку разочаран што не успеал да му закаже на Марко ниту еден состанок, па напишал
писменце до Дивна која продавала сладолед, како последна шанса за Марко, пред тој дасе врати
во војска.

Петок:
Утрото заминал да се шиша кај Лиле, но татко му го следел, па ја дознал целата вистина од Лиле.
Славе од кај Лиле веднаш заминал кај Дивна, каде ја сретнал својата другарка од оделението -
Јана, па така Дивна му закажала состанок на Марко во 10 часот вечерта и тоа му рекла на Славе
дека и Јана ќе дојде со неа. Повторно во трка со времето, Славе трча на базен, каде го чекаат и
Билјана и Верче. Но тато Живко, го следи Славе до базенот и ѕирка што се случува. По
заминувањето на Славе од базен, тато Живко разговара со Билјана и Верче кои се му раскажуваат.
Од базен со Јагода на тулумби. И така организиран кутриот Славе, доаѓа дома на ручек, каде пред
врата го пречекува Роска и се запознава со неа. Дома Марко му ја кажува целата вистина, и тој
иако во прво време е навреден и лут, одговорно си извршува своите обврски докрај, па ги носи
Билјана и Верче на тулумби, и се среќава со Јана и Дивна пред домот на армијата. Целата недела
додека е зафатен со девојките, два пати се слуша со неговиот најдобар другар Јовче, кој е на
одмор во Охрид.

Сабота:
Доаѓа и последниот ден од одсуството на војникот Марко, па на Славе некако му е собрана
душата, но тој не би бил Славе ако не организирал заедничко дружење на базенот. Па така сите и
Билјана и Верче и Дивна и Јагода и Лиле и се разбира Јана, доаѓаат на базен во чест на војникот
Марко. Најпосле пристигнуваат и Роска и Марко и на радоста и нема крај. Попладнето Марко
заминува, го испраќаат сите,и Славе кој го пречека својот брат како детенце, а го испраќа како
момченце. Ете што се може да направи една недела во животот на човекот. Авторот на романот,
низ згодите и незгодите на главниотлик на еден лесен хумористичен начин ни го прикажува
неговото созревањето.

You might also like