Professional Documents
Culture Documents
Патологија На Јазик Семинарска
Патологија На Јазик Семинарска
Кирил и Методиј”
Медицински факултет
Стекнување на јазик
Марија Тереза Густи
Издадена во 2002
Вовед
Децата го учат вокабуларот на својот јазик со извонредно темпо. Во период
помеѓу 10-12 месеци тие говорат и разбират некои зборови. Ова е резултат на
процесот кој што започнува околу 6от месец кога доенчињата покажуваат
чуствителност кон разни зборови од мајчиниот јазик со разни фонолошки својства.
Учењето на зборови вклучува изведување на две одделни задачи кај детето:
одделување на говорниот тек во единици со големина на зборот (како резултат
врз кој детето има фонолошки лексикон на формите од зборовите) и поврзување
на значењето на формите на зборовите. Ова поглавје е изградено околу овие две
задачи и вклучува четири главни теми:
-фонолошко подигнување на лексиконот
-учење на значењето на именките
-учење на значењето на глаголите
-хипотеза околку тоа како децата навлегуваат во синтаксата (креира мост помеѓу
лексиконот и синтаксата)
Првата тема се однесува на проблемот со пронаоѓањето зборови во говорниот тек
а потоа презентира модел за градење на фонолошкии лексикон. Се дискутира за
темата наречена започнување на фонолошкиот лексикон според кој доенчињата
можат да почнат да ја стекнуваат лексиката преку фонолошката анализа на
говорниот влез. Терминот “започнување” се однесувa на идејата за укажување на
некои апстрактни симболи или објекти од областа на лингвистиката (зборови,
категории, синтаксички структури) кои доаѓаат од својства поврзани со тој симбол
или објект кои што се лесно достапни во влезот. На пример, да ги најде зборовите
на кандидатите во влезот, разни извори на информации, вклучувајќи прозоди и
фонотактички ограничувања. Откако доенчињата ќе имаат фонолошки речник, тие
мораат да ги поврзуваат зборовите со нивнотот значење. Изведувањето на
мапите не е лесно, бидејќи дадената ситуација може да се опише на повеќе
начини. Како детето да го утврди значењето на дадениот збор? За именките беше
предложено дека има предрасуди кои што ги водат претпоставките од децата за
нивното значење. За глаголите беше претпоставено дека децата можат да го
извлечат значењето од структурниот контекст за нивна употреба. Оваа
претпоствка отвара ново прашање: како децата имат пристап до синтаксичките
престави?
Зошто пронаоѓањето зборови претставува проблем?
Oколу крајот на првата година од животот, доенчињата започнуваат да ги
изговараат првите зборови. Но, како успеале да откријат зборови? Ако ви бил
даден текст напишан на јазик кој што не го знаете, ќе можеш да ги идентификуваш
зборовите потпирајќи се на празните места: зборот е парче кое што има празно
места на неговата лева и десна страна. Спротивно на тоа, ако слушнеш некој како
зборува на јазик кој што не го знаеш, ќе имаш потешкотии во издвојување на
зборовите и пронаоѓање каде секој збор започнува и завршува. Говорниот јазик
содржи многу малку цврсти аналогни знаци за идентификување на границите на
зборовите во празните места на текстовите. Со други зборови, во течниот говор
зборовите обично не се разделени со паузи и имаат тенденција да се
превиткуваат еден во друг. Ова го прави тешко обновувањето на границите од
зборовите. Обично, малите деца слушаат реченици каде што зборовите се следат
еден со друг без пауза. Многу поретко се учат да изговараат изолирани зборови.
Аслин направила експеримент во кој учествувале 12 мајки на кои им било
кажанода ги учат своите деца нови зборови. Само 3 од нив им ги кажувале
зборовите посебно. Кога новите зборови на малите деца им се претставуваат како
дел од реченица, може да настанат проблеми бидејќи детето нема да може да ги
одреди границите на зборот. Дури и ако возрасните произведуваат изолирани
зборови и децата можат да ги повторат и да изградат мал речник од фрекфентни
зборови, проблемот во врска со наоѓање на збор може да се јави во флуентниот
говор, бидејќи зборовите може да бидат навлезени еден во друг и така да не може
да се издвои соодветниот збор. На пример, доколку детето го знае зборот ,,can’’.
Кога ќе слушне ,,cancer’’ можеби ќе проба да го сврзе за овој збор и најчесто
завршува со погрешна целина. И така во зборот,,cancer’’ќе го препознае само
,,can’’, а преостанатиот дел ќе го гледа како некој друг збор. Многу често одредени
зборови можат да се звучно слични и да бидат сфатени на различен начин.
Пример ice cream кореспондира со два различни зборови: I scream и ice cream.
Возрасните можат да се соочат со овој проблем, но потпирајќи се на нивниот
постоечки лексикон и на искуството можат лесно да го сфатат правилното
значење. Кај децата ова се решава потешеко заштоо тие не можат да се потпрат
на веќе постоечки лексикон, затоа што го немаат, мора да го изградат. Значи
проблемот во врска со издвојување на зборовите или наоѓање на точна форма се
должи на :
А) говорот е во континуитет ( не постојат паузи меѓу зборовите)
Б) зборовите не се научени изолирано (дури и доколку се така научени, проблемот
се` уште би постоел зашто постојат зборови кои се дел од други, подолги зборови
и постојат повеќе начини за нивно делење)
В) децата не се родени со речник.
Проблемот во учењето на зборовите е следниот: ако постои умствен лексикон
може делимно да се реши проблемот со препознавање на збор во говорниот тек,
со консултирање , со увидување дали даден дел се совпаѓа во постоечки збор.
Возрасните можат лесно да го препознаат зборот кога ќе го слушнат зашто тој
веќе од претходно им е познат, додека децата не се способни да го прават истото,
зашто имаат мал фонд на зборови. Тогаш прашањето е: како децата влегуваат во
лексичкиот систем без да се потпрат на умствениот лексикон кој го немаат?
И покрај сите потешкотии кои што се присутни во вадење зборовните форми од
континуираниот говор, децата сепак успеваат во овој процес на учењето на
зборови. Тие се способни да ги издвојат зборовите од континуираниот говор на
мали сегменти за да ги пронајдат границите на зборот ( нешто што компјутерот не
може да го направи).
Лексичка содржина
на зборовите
Фонотактички Дистрибутивни
Типична форма
регуларности
ограничувањана зборот
Јазична специфична
прелексична претстава со
прозодни граница
Екстракција на
Фонолошко кодирање прозодични
(фонеми, слогови) граници
Акустички сигнал
е....
беше...
Мебелот
во собата...
до...
Така, веројатноста дека „е“ следи после последниот слог на мебел е ниска
(1/5 во (6)), бидејќи четири други слогови се натпреваруваат со него. За разлика
од тоа, постои силно очекување дека, дадената секвенца ele, ќе биде пред
слоговите phant или vator (пример од Sa¨ran et al. 1999). Оттука, веројатноста дека
phant ќе следи по ele е 1/2 (само после еден слог). Поентата е дека звучните
секвенци кои често се користат во говорот, и се користат во даден редослед и /
или позиција, е поверојатно да се формираат побрзо од звучни секвенци што се
употребуваат поретко. Brent and Cartwright (1996) измислиле компјутерски
алгоритам кој ја поставува границата меѓу зборовите користејќи го
дистрибутивниот закон. Тие заклучиле дека таков алгоритам открива 40% од
зборовите вклучени во јадрото на исказите што ги користат возрасните во
интеракција со новороденчето. Овој резултат сугерира дека користењето на
дистрибутивни закономерности може да му помогнат на ученикот сам да го реши
проблемот.
Редовноста во ритмичките својства на зборовите доведуваат до типичните
зборовни форми. На пример, на англиски, повеќето зборови започнуваат со
силен слог (види Катлер и Картер 1987). Оттука, поставувањето на гранични
зборови пред силниот слог може да биде ефективна стратегија за сегментирање
зборови во звучниот тек.
Фонотактичките ограничувања одредуваат кои секвенци на фонеми можат да
се појавуваат во внатрешноста на зборот во даден јазик. На пример, во
англискиот, низата на фонеми /dstr/ мора да биде поделена со гранични зборови
помеѓу /d/ и /s/, како во bad string. Постојат значителни разлики меѓу јазиците во
врска со тоа кои секвенци се точни, а кои не се. Низата на фонеми /kt/ е неточна
како збор кластер на италијански јазик, но точна во англиски јазик како збор сам по
себе. Оттука, кога доенчињата слушаат низа која содржи секвенца на фонеми што
се неточни за нивниот мајчин јазик, можат да постават граничен збор во неа.
Дистрибутивни регуларности, особено формите на зборовите и фонотактичките
ограничувања се сите карактеристики на јазикот кои ги искористуваат законите на
даден јазик. Бидејќи се применуваат овие стратегии мора да се изрази во форма
на категоризирана единица, учениците не можат да ги применат директно во
акустичен сигнал; наместо тоа, за да ги искористат овие особини учениците
мораат да имаат пристап до некаков вид на предлексичко претставување.
Спротивно од тоа, прозодичните граници можат да бидат обновени директно од
акустичниот влез и затоа може да биде помалку специфично. Додека е потврдено
дека доенчињата можат да ги искористат дистрибутивните закономерности,
одредени форми на зборови и фонотаксички ограничувања во пронаоѓањето на
зборовни форми, идеата дека деончињата имаат корист од сегментираната
застапеност во пронаоѓањето на зборовите не се вообичаени за сите пристапи.