Muskulen Sistem

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ-ШТИП

ПРЕДУЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

Проектна задача по предметот:

Наука за живиот свет

Наслов на проектна задача

МУСКУЛЕН СИСТЕМ

Ментор: Изработил:

Проф. Лилјана Гудева Македонка Бојчовска

бр. индекс 141628


Вовед

Мускулите се наоѓаат под нашата кожа и се прицврстени за коските, при што помагаат
коските да се движат. Секој мускул е изграден од мускулни влакна. Повеќе мускулни
влакна прават сноп (прамен). Повеќе снопови го сочинуваат мускулот.

Човечкото тело има повеќе од 600 мускули. Тие прават сè, од пумпање крв низ целото
тело, ни помагаат да се движиме, ни помагаат да кренеме нешто тешко.

Мозокот е тој кој ги кооргинира повеќето движења на мускулите. Скелетните мускули се


менуваат во текот на животот на еден човек.

Мускулниот систем заедно со скелетниот систем учествува во движење на организмот.


Освен тоа овој систем учествува во 

 исхрана

 дишење

 циркулација

Мускулите за коските се сврзуваат со сврзно ткиво кое е наречено тетиви, врската со


нервниот систем е остварена со тоа што секој мускул е инервиран со посебни нервни
влакна, еден мускул може да врши еден тип на движење, па затоа мускулите се здружени
во функционални групи кои дејствуваат антагонистички или еден мускул спротивно на
друг, пример ако еден мускул ја испружа раката друг соседен мускул ќе ја свиткува
раката.
Мускулното ткиво е изградено од мускулни клетки со чија сообразена работа се
овозможува движењето на одделни делови или на целото тело на човекот. 
Мускулните клетки што ги градат мускулните ткива, кои според своите особини, може да
се поделат на следниот начин:

1. Скелетна мускулатура или напречно-пругасто мускулно ткиво кој заедно со делови


на сврзното ткиво, како што се тетивите го овозможуваат движењето на организмот.Овој
вид ткиво се контрахира само под влијание на волјата, па затоа уште е познат и како
свесен (волев) мускул.
2. Срцева мускулатрура или срцево мускулно ткиво кој го сочинува најголемиот дел
од срцето и е наречен миокард.
3. Мазна мускулатура или мазно мускулно ткиво или мускули на внатрешните
органи кои влегуваат во градбата на ѕидовите на внатрешните органи (со исклучок
насрцето). Пример за мазни мускули  се мускулитe што овозможуваат движење на храната
и другите материи по должина на дигествниот тракт, потоа мускулите во крвните садови,
каналите што ја пренесуваат мочта од бубрезите и др.
МУСКУЛЕН СИСТЕМ

Мускулите се активен дел од локомоторниот апарат кои учествуваат во секое движење на


нашето тело.

Мускулите на нашето тело му овозможуваат:


-да ги движи сите делови од телото;
-дефинирање на обликот и изгледот на нашето тело;
-задржување на нормален исправен став;
-циркулација на крвта низ телото.

Човековото тело е изградено од 327 парни и 2 непарни мускули.

Мускулите можеме да ги поделиме во три главни групи и тоа:


1.Скелетни мускули-Мускулите се изградени од мускулни влакна, групирани во
мускулен сноп.Мускулните снопови кај скелетните мускули се групираат и преку
тетивите се поврзуваат со коските. Секоја тетива цврсто е поврзана со коските.
Скелетните мускули се долги и тенки, со контракцијата се прошируваат и скратуваат.

2.Срцевиот мускул е специјален тип на мазен мускул кој по функција припаѓа на мазните
мускули и работи автоматски под постојана хемиска контрола. Срцевиот мускул по градба
е пругаст мускул, односно е изграден од пруги. Се наоѓа на ѕидовите на срцето и работи
постојано без замор. Со секоја негова контракција се испумпува крв од срцето во
крвотокот.

Постојат повеќе видови на мускулни влакна, кои се групираат во две категории:

1.Брзо контрахирачки (FT влакна - fast twich, бели влакна)


2.Споро контрахирачки (ST - slow twich, црвени влакна)

Како работат мускулите?

Мускулите се групирани и секогаш работат во парови. Мускулите можат само да влечат,


но не и да туркаат. Кога еден мускул се контрахира преку зглоб за да приближи две коски,
друг мускул на спротивна страна работи за да ги држи коските раздалечени.

(Пр. додека групата на грбни мускули се стега, групата на стомачни мускули се


олабавува). Така ние можеме да се наведнуваме напред и да се исправаме.

Поделба според функцијата:

*флексори - се контрахираат за да се свиткаат зглобовите, - екстензори - се контрахираат


за да се истегнат зглобовите;

*агонисти - главни извршители на дејствието, мускули кои го вршат движењето;

*антагонисти - мускули кои по функција се спротивставуваат на агонистите;

*синергисти - помошни мускули кој ја помагаат работата на


агонистите;
*фиксатори - мускули кои фиксираат одделни делови од телото и
*неутрализатори - ги неутрализираат непотребните дополнителни
движења.
Промени во мускулниот систем во тек на развојот

Растот и развојот на коските и скелетот е тесно поврзан и условен од растот и развојот на


мускулите.

Со самото раѓање мускулите на новороденчето морфолошки се оформени,но се слаби.


Составот на мускулите во раната детска возраст постојано се менува. Содржината на
водата на мускулите кај новороденчето изнесува 80%,а останатиот дел т.е. 20% го
сочинуваат белковините.

Кај новороденчето и кај малите деца мускулните влакна се тенки и со помал број на
контрактилни миофибрили,но со поголем број на јадра.

Додека во мускулот кај возрасен човек водата е застапена од 70-75%,а белковини од 25-
30%. Додека во текот на рзвојот дебелината на мускулните влакна се зголемува така се
зголемува и бројот на миофибрили.

Карактеристики на мускулниот систем кај децата

Вкупната мускулна маса во споредба со телесната тежина се менува со растот,но кај


децата таа останува релативно мала.

Кај новороденчето тежината на мускулите изнесува 23% од вкупната телесна тежина,како


и зголемен број на флексори.

На 7год.возраст телесната тежина изнесува 33%,како и зголемување на мускулната маса


на сметка на масните клетки.

Кај возрасните телесната тежина изнесува 43%,како и зголемување на мускулната маса во


зависност од физичката активност и исхраната.
Со развојот на мускулната маса расте и мускулната снага. Снагата зависи од големината на
физичкиот пресек на мускулното влакно и од бројот на мускулните влакна. Со порастот на
дебелината и бројот на мускулните влакна се зголемува и снагата која може да ја оствари
мускулот.

Процесот на раст и развој се манифестира и кај мускулите каде промените се јавуваат


како:
*хиперплазија-зголемување на бројот на мускулни клетки и

*хипертрофија-промени во големината на мускулот.


Заклучок

Главни функции на мускулниот систем се: 

1. Движење на тело (Локомоција)


2. Одржување и држењето на телото
3. Дишењето - дијафрагма и меѓуребрените мускули
4. Комуникација (вербална и лицева)
5. Констрикција на органи и садови - перисталтика на цревниот тракт - ширење и
стеснување на крвни садови
6.  Срцева работа
7. Производство на телесна топлина 
Особини на мускулниот систем:

1. Осетливост: капацитет на мускулите да реагираат на нервен импулс.


2. Контракција: способноста на мускулот да ја скрати и да ја зголеми силата на
влечење.
3. Расширливост: мускулите можат да се протегаат назад до нејзината вистинска
должина.
4. Еластичност: способноста на мускулите да се вратат на оригиналната должина на
мирување по истегнувањето.

You might also like