Kineziologija

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Кинезиологијата е наука за движењата на локомоторниот апарат.

Предмет на
кинезиологијата е лекување, профилакса, рековалесценција, корекција, одржување и превенција на
лицата со здравствени отстапувања кои ја применуваат кинезитерапијата.

Положби при корективни вежби се:

1. Почетна- од која се започнува со одредено движење


2. Тилно- на грб, кај потешко болни и бараат ограничено оптоварување
3. Лежење- абдоминално- колена , лактови рбетен столб и грбна мускулатура
4. Странично лежење- за екстремитетите и делумно за рбетен столб
5. Коленска потпора- за деца со рбетни деформитети
6. Седење- за сите мускулни групи
7. Стоење- за вежби за сите делови и поспецијални- рамнотежа, координација

Системот за движење, познат како локомоторен, овозможува движење на одделни делови на


телото, и целиот организам во просторот.

Функциите на коските се цврста основа на целиот организам, заштита на нежните делови,


лостови. Складишта на на калциумови соли, создавање на крвни клетки.

Лигаментите ги поврзуваат мускулите со коските.

Мускули :напречно пругасти, мазни и срцев мускул.

Скелетни мускули- поврзани за коските, издолжњни, цилиндрични со тапи завршетоци.


Основната функција е создавање на сила или движење како одговор на физиолошки
стимул.Имаат единствеа физиолошка улога која диктира траење на контракцијата, замор и
регулација на силата на контракцијата. Принципот на контракција е со зголемување на
калциумовите јони во цитоплазмата на миоцитот се зголемува мускулната контракција.

Основна анатомска и функционална единица на мускулот е миоцитот ( мембрана цитоплазма и


неколку јадра). Мускулните флакна се групираат во фасцикли, а повеќе фаскукли формираат
мускул обвиткан со епимизиум. Миофибрилите во составот содржат протеински молекули,
миофиламенти, АКТИН И МИОЗИН кои се одговорни за мускулната контракција. Актинот и
миозинот ја градат Саркомерата која со следната саркомера е поврзана со З линија. КАко
директен извор на енергија мускулните клетки го користат АТП. АТП се разложува на АДП и
фосфорна киселина и се овозможуваат биофизички процеси во миофиламентите. Мускулната
контракција настанува по следниот редослед:

1. Нервниот импулс патува долж мотоневронот до нервните завршетоци. НА нервниот


завршеток се ослободува трансмитер ацетилхолин кој делува на мембраната на
мускулот и отвара канали за натриум. Натрумот навлегува во внатрешноста на
мускулното влакно и тука се случуваат промени кои иницираат создавање на акциски
потенцијал на мембраната на мускулната клетка. АП патува по мембраната и
навлегува во Т-тубулите и активира ДХР рецептори кои механички ги отвараат
каналите за калциум во саркоплазматскиот ретикулум. Калциумовите соли се врзуваат
за тропонинот и иницираат привлечна сила меѓу актинот и миозинот предизвикувајќи
нивно лизгање . Кога ке заврши контракцијата калциумот се враќа во
саркоплазматскиот ретикулум со т.н калциумови пумпи и се складираат додека не
стигне нов АП.
Зглобови- поврзуваат две коски меѓусебно. Постојат подвижни (дијартрози)
неподвижни(синартрози) и полуподвижни(амфимартрози) зглобови. Зглот е изграден од
зглобна површина, зглобна рскавица, зглобна празнина, зглобна капсла и зглобни врски.
Според формата можат да бидат: топчест, рамни, елипсовидни, седлест и цилиндрични
зглобови. Движења на зглобовите: флексија- свиткување, екстензија-исправање,
абдукција- оддалечување, адукција- приближување, елевација- кревање, депресија-
спуштање, пронација- превртување, супинација- одвртување, ротација-
вретење,циркумдукција- кружно движење во форма на конус, дидукција- наизменично
ротирање-мелење и торзија- сукање по надолжна оска.
Улога на синовијалната течност: исхрана на зглобот, подмачкување на зглобот, не
дозволува загревање во зглобот, има антибактерицидно дејство.Зглобовите на човековото
тело се делат на: зглобови на главата;трупот;на екстремитетите.

Видови рамнини- • Сагитална рамнина – го дели телото на две еднаки половини,


средишна или медијална. Во однос на оваа рамнина се употребуваат термините medialis
делови од тело поблиску до рамнината (внатрешни – internus) и lateralis за делови од
телото подалеку од рамнината (externus).

• Фронтална рамнина – го дели телото две половини, на предна и задна половина. Се


употребуваат термините anterior (ventralis), кога сакаме да кажеме дека некоја структура се
наоѓа напред и posterior (dorsalis), кога некоја структура се наоѓа назад во однос на
рамнината.

• Хоризонтална рамнина – го дели телото исто така на две половини, на горна и долна
половина. Она што се наоѓа горе се означува со термините superior (proximalis) и она што
се наоѓа под рамнината во долниот дел се означува со термините inferior (distalis). Пример
главата се наоѓа супериорно, додека стапалата се инфериорно во однос на рамнината.

Регулација на локомоторен систем (биомеханика)

1. Дневна регулација

- Аферентни (од мускули до ЦНС);

- Еферентни (од ЦНС до мускулот).

2. Денервирани мускули

- До секој мускул стигнува нерв кој со помош на неговите гранки го инервира секое
мускулно влакно. Кога има оптегнување на дел од нервните гранки се намалува
функционалноста на мускулот и доаѓа до пареза (делумна одземеност), а кога доаѓа до
оштетување на сите нервни гранки доаѓа до парализа (целосна одземеност на мускулот).
Биомеханиката ги анализира статичните и системи, сврзани со различни моторни
активности.
Антропометрија претставува наука која што проучува одредени мерења на делови од
човековото тело. Како што се мерње на телесна тежина ( вага), карлични мерки
(пелвиметар). За мерење на должината на целото тело или делови од него се користат
антропометриски точки. Тие можат да бидат: фиксирани (стандардни) варијабилни според
положбата на телото. Најчесто мерењата се вршат во физиолошка положба.
Што се случува во телото во тек на физичка активност?
1. Мускули- за нивна контракција е потребна енергија. Енергијата ја добиваат од
шеќерите, т.е. од гликозата. Гликозата се внесува со храната,а исто така може да се
добие по пат на гликогенолиза, односно разложување на гликогенот складиран во
мускулите и црниот дроб до гликоза. Од гликозата во присуство на кислород по пат на
оксидативна фосфорилација се добива енергетско соединение АТП (аденозин три
фосфат). Во почетокот на физичка активност има доволно гликоза и кислород, па на
тој начин се произведува и доволно количество на енергија. Доколку вежбите
продолжат подолг временски период потребата од енергија се зголемува, на тој начин
се трошат гликозата и кислородот. Поради тоа што доаѓа до зголемена потреба на
кислород, меѓутоа е мускулите не се навикнати и немаат доволно развиена крвна
мрежа за тој да се надокнади започува анаеробниот метаболизам за производство на
енергија. При овој анаеробен метаболизам се создава многу мало количество на АТП
и млечна киселина. Млечната киселина доведува до намалува на пХ на клетките,
поради тоа се надразнуваат ноцирецепторите- рецептори за болка. Млечната
киселина почнува да се лачи после 30 до 60 минути вежбање. Доколку се чувствува
болка и напнатост при движење на мускули, значи дека везбањето имало ефект. Ова
се случива кај лица кои пто започнуваат со физичка активност и нивните мускули не се
накнати на екстремни вежби. Кај спортистите мускулите се спремни, имаат побогата
мрежа на крвни садови и ретко наидуваат на вакви проблеми.

2. Бели дробови и дијафрагма- во текот на вежбањето доаѓа до забрзување на


дишењето. Нормално има од 12-16 респирации во минута. Во текот на вежбањето
бројот на респирациите е се поголем. Дијафрагмата брзо се контрахира и релаксира,
со што во одредени моменти може да дојде до нејзина пролонгирана контракција и тоа
да доведе до чувство на стегање во градите.

3. Срце и крвни садови- нормално срцевата фреквенција изнесува од 60 до 80 во


минута. Во текот на вежбањето таа е зголемена. Исто така при вежбањето се
поттикнува создавање на нови крвни садови, што резултира со намалување на
крвниот притисок кај лицата кои што редовно вежбаат.

4. Дигестивен тракт- во текот на вежбањето циркулацијата е насочена во мускулите и


можно е да дојде до пореметена дигестија на храната. Односно после вежбање можна
е појава на течни, воденести столици, поради неправилна обработка на храната.

5. Мозок- во текот на вежбањето се зголемува циркулацијата во мозокот, тој добива


повеќе храна отколку кај лицата кои што не се физички активни. Ова допринесува
луѓето кои се физички активни да се и психички поактивни,

6. побрзо и подобро да размислуваат, да се емотивно стабилни, нивната меморија е


подобрена, тие се пофункционални. Се ослободуваат повеќе невротрансмитери и
хормони, кои му овозможуваат на човекот подобро и посреќно да се чувствува.

7. Бубрези- после вежбањето бубрезите ја зголемуваат реапсорпцијата на вода, затоа


што таа му е потребна на организмот.
8. Надбубрежни жлезди- нивните хормони се многу важни при вежбањето. Кортизолот
доведува до создавање на поголемо количество на енергија, додека адреналинот ја
зголемува срцевата фреквенција со што овозможува повеќе крв да се испумпува и
оренесува до целото тело.

9. Кожа- доаѓа до вазодилатација со што се губи топлина. Исто така е зголемена


работата на потните
10. Зглобови- стануваат постабилни и поотпорни на воспаленија.

РАМНОТЕЖАТА НА ТЕЛАТА Кога едно тело е во рамнотежа сите сили кои влијаат врз него
заеднички се неутрализираат и тоа останува во мирување. Колку стабилна и издржлива е
рамнотежата на едно тело зависи од меѓусебната распределба на општиот центар на тежината и
потпорната површина.За правилно да се разбере принципот на зачувување на рамнотежата,
потребно е да се земат предвид некои основни биомеханички поими, како што се: гравитација,
центар на гравитација, линија на гравитација и потпорна површина.

Одење

Можноста за одење во исправена положба е универзална способност на човекот. Одот е


индивидуален и неговата карактеристика варира во широк дијапазон.Одењето претставува
најосновна форма на движење. Негова основна единица е циклусот на одење. Циклусот на
одење започнува од моментот кога стапалото ќе стапне на земја се до правецот на следниот
чекор.Двочекор е сегмент на растојание кој се состои од по еден чекор од секоја нога.

Фаза на потпора

 Иницијална фаза;Реакција на оптоварување;Фаза на рамно стапало;Крајна фаза на


потпирање.
 Фаза на нишање Фаза на одржување;Иницијално нишање;Крајна фаза свиткување;Крај на
нишање.

Заболувањата, траумите и промените при стареење зависат од мускулноскелетниот и нервно-


мускулниот систем, вклучувајќи го и аксијалниот скелет. Патологиите во сите делови на
мускулно-скелетниот апарат се сврзани со болки и дисфункции.

Типични функционални патологии на ‘рбетниот столб-

Фасетни синдроми-по правило се должи на повреда на силно инервираните зглобни структури.


Лицата се жалат на болки после мирување, кои се зголемуваат при раздвижување.

Спондилоартроза- Понекогаш се чувствуваат остри болки при нагли движења. е типична за


лица над 50 годишна возраст и најчесто се појавува во лумбалниот дел. Заболувањето се
карактеризира со разрушување и истенчување на хијалината зглобна ‘рскавица.Лицата се жалат
од болки и вкочанетост наутро после станување или при продолжително заземање на дадена
поза, особено при седење. Обично симптомите се намалуваат при раздвижување, но премногу
интензивната моторна активност може да ги интензивира.
Спинална стеноза;- Спинална стеноза претставува стеснување на спиналниот канал што
предизвикува болки во грбот, болки, слабост, трнење на и нозете, како и нарушување на
контролата на мокрење и дефекација.

Спондилолистеза;- Спондилолистезата може да биде резултат на дегенеративен процес,


траума или вроден дефект и најчесто се формира во најдолниот дел на ’рбетот, поточно во
коската во вид на прстен која ги заштитува ’рбетниот мозок и нервите во ’рбетот.
Спондилолистезата се случува кога прешленот се помрднува како резултат на проширување на
скршеницата, односно кога мускулите и лигаментите не се во состојба да го издржат товарот на
прешлените. Во тој случај доаѓа до слизнување на еден од прешлените кон напред, во однос на
соседните прешлени. Ова „слизнување“ на прешленот може да го намали спиналниот канал
оставајќи мал простор за нервните корени со што може да дојде до притиснување на некој од
нервите

Спинална нестабилност;- Рбетната нестабилност е израз што го опишува несоодветното


движење на пршлените во однос на едни со други. Кога интервертебралниот диск се дегенерира,
тој ги губи своите еластични и стабилизирачки својства, што овозможува поголемо поместување
на пршлените во однос на едни со други. Несоодветно лизгање на 'рбетниот мозок може да се
појави за време на флексија, кревање или продолжување и да предизвика болка.

Дегенеративна дискова болест; Секој меѓупршленски диск е составен од цврсто ткиво (прстен)
исполнет со мек гел (јадро). Прстенот е составен од лигаменти со кои се поврзани пршлените.
Јадрото во најголем дел е составено од вода и има улога на амортизер – го ублажува триењето
на пршлените.Кај помалите повреди, кои најчесто се резултат на секојдневното напрегање и
„истрошување“ на дисковите, прстенот на дискот е оној кој прв се оштетува.

Дискус хернија- Дискус хернијата е карактеристична за лумбалниот дел. Најчесто се развива


како резултат на чести наклонувања напред со ротација или продолжено заземање на поза
поврзана со наклон напред и ротирање на ‘рбетниот столб. Најлесен вид е дисковата протрузија.

ПАТОКИНЕЗИОЛОГИЈА НА ГРАДЕН КОШ

Основна функција на респираторниот систем е да внесува кислород и да исфрла јаглерод


диоксид од белите дробови. Механичкиот процес на полнење и празнење на белите дробови и
воздушните патишта со воздух се нарекува вентилација. Ритмичниот процес на вдишување и
издишување се остварува 12 – 20 пати во минута при мирување.

Градниот кош се состои од: стернум, ребра, ‘рскавици и торакални прешлени. Од долу е затворен
од дијафрагмата. Ребрата се основните ограничувања на подвижноста на торакалниот дел на
‘рбетниот столб.

Од секоја страна симетрично се расположени 12 пара на ребра (24). Првите 10 пара ребра
артикулираат вентрално со стернумот во стернокосталните зглобови. Кранијалните 7 пара се
нарекуваат вистински ребра и се поврзуваат директно за стернумот. Во актот на дишење
учествуваат 88 зглобови и над 46 мускули. При вдишување градниот кош се полни и проширува,
предизвикувајќи намалување на притисокот во белите дробови и воздухот од атмосферата
навлегува во нив. При издишување механизмот е обратен. Познати се два основни типа на
дишење – градно и дијафрагмално. Патокинезиолошки промени во респираторната функција -
Фактори што го ограничуваат ширењето на градниот кош: Стареењето , Заболувања и
постурални деформации, ХоББ- хроничен бронхит, енфизем и астма.
Структура и кинезиолошко значење на дланката - За остварување на фините и анатилички
движења на раката се одговорни 19 коски, 19 зглобови и 29 мускули.Овие структури се
синхронизирани. Поради оваа причина, остварувањето на моторната функција на дланката е
регулирана од страна на кората на големиот мозок. Повредите на дланката предизвикуваат
ограничување на функционалните можности на целиот горен екстремитет.Дланката е изградена
од 5 метакарпални коски и 14 фаланги. Патокинезиолошки промени при синдром на
карпалниот канал. Синдромот на карпалниот канал се должи на компресија на n.medianus во
таа област и не се карактеризира со невролошка симпатоматологија по целиот нерв. Преку
карпалниот канал заедно со n.medianus поминуваат деветте тетиви на долгите флексори на
прстите.

Карлицата има неколку кинезиолошки функции. Основна функција е да го пренесува


оптоварувањето и движењата помеѓу ‘рбетниот столб и долните екстремитети. Затоа, има клучна
улога за положбата и движечката функција во локомоторниот апарат при стоење, седење, одење
и други локомоторни активности.. Карлицата е изградена од 4 коски – сакрална, крсна и две
поврзани карлични коски. Коксартрозата е најчесто заболување на колкот. Други патолошки
појави кои се јавуваат во колкот се: ревматоиден артрит (РА), асептична некроза, дисплазија,
луксација, вродени деформации кои постепено предизвикуваат дегенеративни промени во
зглобните структури. Етиологијата на дегенеративните промени се поврзува со процесот на
стареење, траума во зглобот, репетиторно оптоварување. Типичните аномалии во структурата на
колкот се поврзани со промените во взаемната положбата помеѓу вратот и дијафизата. Во
фронталната рамнина може да биде променет вратно-дијафизарниот агол – coxa vara и coxa
valga.

ПАТОКИНЕЗИОЛОГИЈА НА КОЛЕНО-Подвижноста на коленото овозможува оптимално


скратување и издолжување на долниот екстремитет. Преку динамичната стабилизација, коленото
придонесува за амортизација на силовите оптоварувања од реакцијата на отпорот во долните
екстремитети. Од кинезиолошка гледна точка, коленото претставува комплекс од две зглобни
површини, обвиткани со зглобна капсула - тибиофеморална и пателофеморална. Genu Varum

При нормално алинирано колено, оптоварувањето од реакцијата на потпората при стоење е


рамномерно распределено помеѓу медијалниот и латералниот дел на тибиофеморалниот зглоб.
Постепениот товар на зглобната ’рскавица предизвикува аддуцирање на потколеницата и
деформација тип genu varum. Genu valgum-Зголемувањето на валгусниот агол во коленото може
да се должи на неколку фактори: деформации во соседните зглобови, намален
цервикодијафизарен агол на фемурот, рамно стапало и др

Стапало

Рамно стапало (Pes planus)

Терминот рамно стапало означува пад на некои од сводовите на стапалото. Најчесто се јавува на
медијалниот надолжен и/или напречниот свод. Овој деформитет може да биде вроден или
стекнат. Вроденото рамно стапало ретко се среќава (околу 5% од случаите). Според
етиологијата, стекнатото рамно стапало може да биде: статично, трауматично, рахитично и
паралитично.

Зголемен свод на стапалото (pes cavus, pes excavatus)

Се карактеризира со зголемување на медијалниот надолжен свод на стапалото. Оваа


деформација се среќава поретко за разлика од рамното стапало. Се нарушува повеќе функцијата
на стапалото додека стабилноста е помалку засегната.
.

КИНЕЗИТЕРАПИЈА Кинезитерапијата како поимот потекнува од грчкиот збор „kinesis” што


значи движење и терапија што значи лечење.

Кинезитерапевтскиот третман треба да се прилагоди на индивидуата или групата со исти


проблеми.

Треба да се организира едукација и за родителите.

Средства на кинезитерапијата- телесната вежба и активност.

Вежбите кои се применуваат во кинезитерапијата може да се поделат на:

1. •пасивни вежби, кога третираната личност не е во состојба да ги применува самостојно,


туку со помош на друго лице или со здравиот сегмент од своето тело;
2. •потпомогнати вежби,кога и ако силата на мускулите е сочувана, има потреба од некаква
помош или самопомош;
3. •активни вежби, кога единката ги изведува самостојно, со поголеми амплитуди, поголем
број повторувања и ја совладува силата на гравитацијата;
4. •активни вежби со против отпор,кога единката со оштетениот сегмент може да изведува
движења, покрај другото, и со дополнителен надворешен отпор(совежбач, тежини и др.)
5. •активности во кои постепено треба д асе вклучат сите неопходни мускулни групи и
зглобови кои се неопходни за фунционирање.

Ако се работи за рехабилитација на повреди кај активни спортисти, сите активности треба да се
приспособат на спортската дисциплина и да имаат ситуационен карактер.

За да се постигне саканата цел со примената на кинезитерапевтските вежби и активностите,


потребно е соодветно планирање и програмирање

Етапите на планирањето и програмирањето зависат од кинезитерапевтските постапки,


подрачјето каде ќе се применува, типот на кинезитерапијата, дали тоа ќе биде со превентивни
цели, со цел подобрување на функцијата на мускулите или со цел корекција на различни
состојби на третираните лица. Треба да се започне со проверување на почетната состојба
(дијагноза) за да се направи увид во актуелниот антрополошки статус во соработка со лекар.
Проверувањето се реализира со проценка на: -морфолошките карактеристики;-функционалните
карактеристики; -проценка на неправилното држење. Постојат Превентивна, функционална и
клиничка кинезитерапија.

Дозирање на телесните вежби и активности


- За адекватно и успешно да се изврши дозирањето, потребно е да се води сметка на следните
моменти: Почетната положба, Амплитудата на движење, Должината на лостовите, амлитудата и
темпото на движењата, бројот на повтрување, времетраење, број на вежби, одмор меѓу серии,
дополнителни надворешни оптоварувања. За правилна положба на човечкото тело
(антрополошки став) се смета исправен став со опуштени раце низ телото и дланки насочени
нанапред. Точките низ кои проаѓа гравитациската линија се: средиштето на черепот, средината
на рамењата, колковите, колената и паѓа нешто понапред од скокалниот зглоб- malleolus lateralis.

Кифозата или погрбавеноста претставува зголемување на кривината на ’рбетниот столб во


сагитална рамнина со конвекситет кон назад во градниот дел, меѓутоа може да се појави и
надругите делови од’рбетот. Нормален ’рбетен столб има физиолошка кривина 20-30 степени, со
врв на кривината во предел на Тх5

Лордотично држење на телото подразбира прекумерно закривување на’рбетот во слабинскиот


дел во сагитална рамнина со конвекситет кон напред. Овој тип на неправилно држење на телото
подразбира инсуфициенција на абдоминалните мускули: поради што како последица доаѓа до
скратување на длабоките грбни мускули во слабинскиот дел. Главна причина за ваквото држење
на телото претставува хипотоничната абдоминална мускулатура,меѓу тоа и деформитетите на
стапалата и на колената кои ги доведуваат нозете и карлицата во неправилна положба што се
компензира со нагласена кривина на ’рбетниот столб во слабинскиот дел.

Сколиозата претставува деформитет на ’рбетниот столб во фронтална рамнина. Ако се работи


за сколиотично држење искривувањата се губат во претклон или во легната положба со
испружени раце.

Сколиозите се класифицираат на:


1.Функционални или неструктурни сколиози, кои настануваат поради: постурално или лошо
држење; и негалитет надолните екстремитети (кај полиомиелитис, ампутација, контрактури во
колкисл.); хистерични идр. Кај неструктурните 48
Сколиози наставникот преку примена на соодветни превентивни вежби за времена наставата по
ФЗО може да влијае во спречување и отстранување на лошото држ ење.

2.Структурални сколиози, кои можат да бидат: идиопатски, конгенитални(хемивертебра),


невромускулни, инфекции и др.Со овие видови сколиози се бави физикалната медицина и
рехабилитација. Сколиозите се делат и според возраста на лицето:-инфантилни, ако се јаватдо
4-тата година од животот; -јувенилни, ако се јават во времето од 4-тата до 12-тата година од
животот; -адолесцентни, кои се јавуваат по 10-тата година од животот, во фазата на
дозревање на коските.

Изглед на сколиотичната кривина- Кај проста сколиоза постои кривина на ́рбетот во вид на
буквата ,,С” со конвекситет кон лево или кон десно (синистроконвексна или декстроконвексна
сколиоза). Деформацијата е често лесно вочлива. - Посложена форма со која се
занимаваатлекарите е кога има двекривини, при што едната кривина ја компензира другата. Се
разликува примарна кривина, односно онаа која прво почнала да се развива и каде што ротација
на прешлените е најголема, и секундарна кривина, која настанува како последица на првата.
Сколиотичнатакривина може да се мери со помош на: висок, сколиометар, Метода на Коб, при
што се мери кривината на радиографската снимка на р ́ бетот (панорама) во антеро-постериорна
позиција. Сколиозите се делат на:-сколиози со кривина до 20 (лесни или сколиози од прв степен);
-сколиози со кривина од 20 до 40(средни или сколиози од втор степен); -сколиози со кривина над
40(тешки или сколиози од трет степен).

Кинезитерапија се применува, пред сé, кај сколиотично држење и кај функционални


сколиози, оние со кривина до 20 степени, и оние со бавен прогредирачки тек. Во останатите
случаи се применува кинезитерапија и примена на спинална ортоза - торакален корсет за
корекција на кривината. Кинезитерапијата ги содржи следните вежби:

- вежби за зголемена подвижност на р


́ бетот, како и активно и пасивно истегање;

- вежби за активно јакнење на мускулите на екстензорите на грбот; - вежби за корекција на


сагиталната кривина на ́рбетот, на лумбалната лордоза и на кифоза та;

- вежби за истегнувањена мускулите флексори на задната ложа на натколеницата;- вежби за


истегање на мускулите аддуктори на натколеницата;- вежби рамнотежа во корекција;

- вежби за јакнење на стомачните мускули;

- респираторна гимнастика;

- постурални вежби;

- вежби за обликување.

Правилната градба и соодносот на коските, мускулите и лигаментите на стапалата резултира со


нормален облик и функцијана стапалата. Од деформитетите на стапалата како најчеста појава е
рамнотостапало (pes planus, pes planovalgus).

You might also like