Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Структура за избор од две можности

При креирањето програми со споредбени изрази, најчесто употребувана е структурата за


избор од две можности. Во зависност од вредноста на изразот, во оваа структура се врши
избор помеѓу две можности. Изразот може да има вредност или точно или неточно, тоа значи,
ако условот на изразот е точен, тогаш ќе се изврши една наредба, а ако не е точен, тогаш ќе се
изврши друга наредба или тука програмата ќе заврши.

Според горенаведеното, можеме да утврдиме дека постојат два вида разгранување на


изразите, зависно дали условот е задоволен или не: еднократно и двократно.

a)Еднократно разгранување

if (logicki_izraz)
{
blok_od_iskazi;
}
iskaz_po_razgranuvanjeto
б)Двократно разгранување
if (logicki_izraz)
{
blok_od_iskazi;
}
else
{
blok_od_iskazi;
}
iskaz_po_razgranuvanjeto
Структура за повторување во циклус до исполнување на услов
Повторување на исказите претставува циклус, а овие структури се викаат структури
за повторување. Редоследот на извршување на исказот во циклус се вика логички
редослед, бидејќи тој зависи од исполнетоста на условот.

Според тоа, циклусот извршува една или повеќе инструкции повеќепати сè додека
еден или група услови не се исполнети. Најчесто употребувани искази кои
извршуваат циклуси се: while, do – while и for циклусот.

При примената на структурите за повторување можни се две ситуации и тоа:

 однапред се знае колку пати циклусот ќе се повтори;


 бројот на повторувања зависи од некој услов и тој број не е однапред познат.
Условот може да се најде на почетокот на циклусот или, пак, на крајот на
циклусот.
А)Синтакса на while циклусот

While (услов)

наредба 1;

наредба 2;

наредба 3;

...

Б)Синтакса на for циклусот


for (pocetna_vrednost; uslov; promena)

blok_na_iskazi;

}
.Вовед во веб-дневници (блогови)
Интернет е најпознатата светска мрежа составена од милиони компјутери низ
целиот свет, кои меѓусебно се поврзани на најразлични начини, со цел
меѓусебно да комуницираат и да разменуваат информации.

Во поново време со актуализацијата на социјалните мрежи се појавува терминот


дигитален отпечаток, како резултат на објавите кои корисникот ги публикува на
интернет. При нашето секојдневно сурфање убедени сме дека сме зашитени и
анонимни, но не е така. Тоа покажува дека активностите на корисниците на
социјалните мрежи се следат од повеќе луѓе отколку што мислиме. Преку
преземените активности од страна на корисникот: допаѓање на страници и објави,
споделување линкови, статуси, слики, видеа, коментирање содржини и сл., се
формира дигиталниот отпечаток на корисникот, односно се креира база на
активности на секој корисник, преку кој се осознава за каква личност станува збор,
кои се неговите инстереси и занимливости и како да се влијае врз него.
*Дигитален отпечаток се сите интернет информации (и позитивни и негативни)
кои се случајно или намерно оставени.

Поим за блог и негова примена

Блог или веб-дневник претставува онлајн-дневник, каде што


содржината се прикажува по хронолошки редослед, односно
најновите вести или содржини се прикажуваат први, а
останатите одат подолу, т.е. сортирани се така што од најновите
се оди кон постарите објави.
Авторот на блогот се вика блогер. Тој не само што креира блог,
туку постојано ја обновува и уредува неговата содржина.
Креирањето, обновувањето и уредувањето на содржината на
блогот се вика блогирање.
Содржината на веб-дневникот може да биде различна: текстови,
белешки, дискусии, фотографии, видеоклипови, адреси кон други
локации на интернет и сл.
Најчести теми за блогирање се следните:прирачници за образование
и теми од образованието; познати личности: биографии и нивни
постигнувања; спорт;здравје и убавина;теми за родители и
деца;компјутерски игри;домашни миленичиња и нивно одгледување;
рецепти; политика;водич за различни области.
Најчесто, блогерите се одлучуваат за теми кои им се познати, за кои
имаат предзнаења и со помош на дискусиите да го прошират и
продлабочат знаењето, наменети се за јавноста, или пак, за
одредена целна група која дискутира во врска со темата или темите
што се поставени на блогот.

Изработка на блог

Креирањето на блоговите е едноставен процес. Наједноставен,


најбрз и најефтин начин за примена на неговите можности,
специјалности и функционалности е преку бесплатните блог-
сервиси.
Постојат многу блог-сервиси за изработка на блогови:
1.Blogger; 2.Drupal; 3.Ghost; 4.Joomla; 5.Magento; 6.Medium;
7.Squarespace; 8.Tumblr; 9.Typepad; 10.Weebly; 11.Wix;
12.WordPress.
Најпопуларни блог-сервиси се Blogger и WordPress.
Blogger претставува една од најстарите платформи на Google.

You might also like