Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Ликовно образование – ГРАФИКА ЗА IX одделение

Графика
Графика (γραφω; пишувам, гребам) е една од ликовните дисциплини. Нејзините
основни изразни сретства се : линијата, површина, густината на бојата. Главниот и
основен принцип во графиката е балансот помеѓу црното и белото. Графиката
може да биде и во боја, но сепак, акцентот не е во колоритот како во
сликарството. Изразните мотиви и претстави во графиката се со истиот опсег и
содржина како и во останатите ликовни техники.

Историја
Почетоците на графиката датираат уште од Палеолит збележани во првобитните
живеалишта - пештерите.
Вистински процут на графиката во Европа доживува во средниот век.
Најзначајните графички уметнички дела сe откриваат во творештвото на: Албрехт
Дирер, Питер Паул Рубенс, Рембрант Херменсон ван Рејн, а подоцна
кај Франциско Хосе де Гоја, Оноре Домије, Анри де Тулуза - Лотрек, Винсент ван
Гог, Пабло Пикасо. Денес, графиката е меѓу позначајните ликовни медиуми, која
по постапката и начинот на реализацијата се развива во најразлични изразни и
технолошки форми.
На Исток, особено во Кина и Јапонија графиката има многу подолга традиција.
Првите печатени дела во Кина датираат од крајот на 2 век. Изработката на
графиката во овие две земји е донесена до перфекција, особено со педантноста,
студиозноста, прецизноста и сложената занаетчиска постапка која обединува и
печатење на графики во боја.

Видови на графики
Поделбата на графиките, зависи од начинот на нивното печатење како и
техниката и технологијата за нејзиното реализирање. Во суштина постојат три
методи за реализација на графичкото дело:

Техника на висок печат


Оваа техника на висок печат е обработка на плочата - матрицата на која што
линиите и формите што сакаме да ги втиснеме на хартијата се на површината од
матрицата а оние што не треба да бидат отпечатени, втиснати се под површината
на матрицата.

 Дрвопис[1].
 Линорез[2].

Ликовно образование – ГРАФИКА ЗА IX одделение

Техника на длабок печат


Оваа техника подразбира - цртежот што сакаме да го втиснеме на хартијата од
матрицата да се врежува во плочата. При печатењето, површината на плочата
останува чиста и без боја а врежаните линии и форми се исполнети со боја која
потоа се втиснува на хартијата. За графички подлоги, матрици, вообичаено се
користат плочи од бакар, цинк, алуминиум, плексиглас. Цртежите се внесуваат на
два начина: механички или хемиски.

 Бакрорез[3]
 Мецотинта[4]
 Сува игла[5]
 Бакропис[6]
 Акватинта[7]
 Мека превлака[8]
 Резерваж[9]
 Колаграфија[10]

Техника на рамен печат


Техниката на рамен печат подразбира печатење на цртежот и формите преку
рамна плоча.

 Литографија[11]
 Хектографија[12]
 Ситопечат[13]
 Фотолитографија[14]

You might also like