Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Универзитет Св.

„Кирил и Методиј“ Скопје


Филозофски Факултет Скопје

Семинарска работа по предметот:

На тема:
Животот на Микенците во нивните писмени сведоштва

Ментор: Изработил:
Проф. Др.

Скопје, 2005 година


Откривањето на плочките пишувани со линеарно писмо,
започнало со археолошките раскопки на Еванс во квонскиот дворец
„На минас“ и на Блеген во пилскиот дворец на „Нестор“ продолжува
до денес и во други микенски центри од сувоземна Грција, во
Микена, Теба, Тиренс и други. Предметите за кои станува збор во
натписите како што истакнуваме погоре, обично се одбележани со
стилизирани пектогравски знаци-идеограми, или со слогови знаци и
лигатури. Зборовите покрај идеограмите, напишани со слободни
знаци означуваат имиња на места, лица и крајно лаконично
регистрирани на разни и економски трансакции:
Идентификацијата на силобограмите и идеограмите објавена во
(evidence) 1953 до денес претрпе минимални корекции. Видовме
дека се дешифрирани уште неколку од поретките слоговни
идеогравски знаци. Но во основата дешифрирањето што го изврши
Вентрис останува неизменето. Меѓутоа за да се открие заемната
врска меѓу плочките, потребни се многу пошироки познанија во
врска со прашањата:
Кои и каде ги напишал одделните серии на плочки, какви
информации сакал писарот да пренесе преку нив и со каква цел: каде
и како биле складирани и подредени тие документи. Глинени плочки
со линеарно Be писмо се откриени на повеке места во разурнатите
микенски дворци.
Бидејки во пилскиот архив не се споменува жетва, се
претполага дека плочките биле пишувани во почетокот на годината
која почнува во зикмсиот сталстици, кога почнува и зголемувањето
на денот како и современата. Спомнат е и пролетниот месец, кога
почнувала пловидбата или месец на цвекето, а не се спомнува
стрижење на овци, се претполага дека дворецот пропаднал рано на
пролет, во крајот на март или во почетокот на април. Микенолозите
(Филолози и археолози) денес речиси еднодушно се согласуваат дека
овој дворец од микенскиот период бил разурнат околу 1375 г.п.н.е.
точниот број на точките тешко може да се установи, зашто како што
веке спомнавме, повекето од нив се најдени во фрагментарна
состојба. Според описот на археолозите вака изгледа една архивска
просторија. Од трите страни покрај зидот во собата имало изградени
клупи и полици на кои биле сместувани плочките класирани по
предмет.
Ретко дека една плочка преставува цел документ. Биле
пакувани во дрвени сандачиња со поклопки од кои се останати само
бронзените ментеши во кутии од гипс или пак во плетени кошници.
Судејки по поглинестите етикети кои на обратната, (долната) страна
имаат отисоци од плетена работа, а лицевата (горната) им е мазна и
на неа одбележана со идеограма или со слоговни знаци кратко
зодржани на плочките, како на етикетите од современите архивски
фисцикли. Повекето плочки се најдени во страшни пештери. При
раскопувањето на кновскиот Дворец Еванс не сметал за потребно
секогаш да го бележи местото и положбата каде биле наоѓани
плочките. Особено тој не водел многу сметка за ситните фрегменти.
Поради тоа, главно, се забавило и издавањето на кноските плочки.
Археолошките работи во Пил од Блеген се вршени многу
попрецизни: се водела педантна евиденција за секој, дури и најмал
фрагмент од плочките. Второто издание на папските плочки од Бенет
беше уште повеке подобрено и збогатено со нови плочки.
Плочките од Микена, по спојувањето на фрагментите, исто така
пеа брзо и перфектно издадени прво од Бенет и Џ. Чадвик а потоа и
од други автори. И плочките од Теба прв ги објавил Џ. Чадвик од
манлиот број фрагменти од Тиринт ги објавија Л. Пода, Ј.Т. Килен и
Ж.П. Оливие.
Од 1960 до 1967 биле извршени 765 спојувања на фрагменти од
кноските плочки. Од нив 594 извршил сам Оливие. 151 сите други
членови од тимот ангажиран за работа. За издавањето на ваков голем
број (околу 5000) ситни документи е неопходно тие да бидат
класирани. Класирањето е и прв чекор за нивното правилно
разбирање. Пионерската класификација на овие документи, што ја
изврши Емет Бенет во 1950 година според идеограмите, и ја приложи
во своето прво издание на пилските плочки, се покажа многу добра,
доо денес, и по близу 50 годишни многубројни и интензивнии
студии на плочките од разни аспекти, неговата класификација во
основата не претрпе речиси, никакви промени. Како што истакнавме
идејалните плочки не секогаш се завршени документи како пилската
плоча т.н. 316 напишана набрзина за жртвите што треба да бидат
пренесени на боговите и божиците пред некоја престојна и голема
опасност, непосредно пред пропаста на пилскиот дворец и на плочки
поделени на параграфи меѓ кои се оставени два до три реда празни.
Меѓутоа најчесто текстот од првиот параграв е напишан на една
помала плочка. И класификацијата на плочките во вакви подгрупи
има за цел тие да се подредат така како што биле наведени во
досието од писалите, затоа само тогаш се добива комплетен
документ што дава полна информација за определен предмет. Ж.П.
Оливие открил „10-на канцеларии“ во комплексот на кновскиот
дворец. Под „канцеларија“ тој подразбира седиште на една сродна
административна активност, кој имало тесна врска со економската
функција на писарите. Палаима дава преглед за тоа колку плочки и
од кои писари биле најдени во одделните простории надвор од
главниот архив. Но централниот архив, кој што се наоѓал во
просториите бр. 7 и 8 до главниот влез, доминира со количината на
плочки што се чувале таму. Таму биле откриени 810 од сите пилски
плочки. Оливие откри во Кнос 4 канцеларии:
а) „Депо“ од нив се најдени два коктела сврзани со активноста
на работилница каде што и произведувале некои продукти: вино,
жито, масло.
б)„Специјализирани канцеларии“ таму се откриени документи
сврзани со активности само на една економска гранка на дворецот.
в) „неспециализирани канцеларии“ таму се најдени документи
со повеке економски гранки
г) „главна архивска сала“ во неа се најдени документи од сите
области на стопанскиот живот (религија, војска и др.) Архивската
сала од пилскиот дворец, кој е сочувана во подобра состојба,
покашува не само како биле чувани документите, туку и како бил
организиран системот на администрација и на стопанството.
Има сигурни дикази дека во централниот и селски архив биле
пренесувани плочки и од други места, работилници и складови каде
што биле напишани.
Местата каде што се најдени прописите надвор од централниот
архив Палаима. Во Теба до скоро беа откриени плочки од две серии
OF, во масло и уд за волна. Џон Чадвик на класичен начин
објаснува дека Уд плочките од Теба како посебна серија се
одликуваат со следниве особености: потекнуваат главно, од писарска
рака имаат заедничка формула, се забележува осуство на плочки со
секоја друга идеограма и краткост на текстовите. Слично во Микена
се накдени надвот од зидовите на дворецот неколку сродни серии
заедно со остатоци од продуктите што се произведувале во сите
работилници. Најголема широка дејност се извршувало таму каде
бил сместен централниот архив. Собите бр. 7 и бр. 8 кои биле
сврзанио со собата бр. 2 Џ. Чадвик истакна некои разлики во
системот на скрипториите ок Кнос и Пир. Има и други разлики во
организацијата на скриптоериумите и архивите меѓу кнезовскиот
дворец, условени од нивниот обем. Писарот означен со бр. 41 ги
напишал Eb и Eо плочките. Сочувани се 106 Eb и 13 Eo плочки. Eb
плочките се тесни и долгунести, во вид на „ палмов лист“ поделени
на средина само со една лирија и тоа често до крајот а само до пред
идеограмот и геометриските знаци кои се пишувани покрупно.
Писарот бр. 1 кој што имал важна улога во полскиот централен
архив, ги оформувал Eb и Eo плочките во поголеми списоци и при
тоа врши и извесни корекции. Писарот бр. 1 кој што ги составил
аредивираните списоци можел полесно да направи преглед на ki-bi-
me-na земјата што ја држеле 14 места, речиси секој од нив имал
неколку корисници o-na-te-re. Покрај слоговните знаци со фонетска
вредност позната и од томикенскиот грчки, има и такви чии цртеж
не е сочуван од грчи во класичната епоха. Овде на прво место треба
да се одбележат консонанти комбинирани со полувокалите u i w, на
пример raj. Знакот е исклучок од правописниот систем каде што
гласовните знации имаат вредност на консонанти плус вокал а овде
се зрждружени P i F. За да се знаат сите овие и други поравописни
правила, за пишување со несовршени писма, писарите морале да
учат ккао се пишува. Првите писари во микенските дворци кој што
спомнафме сигурно биле двојазични.
Уште пред дешиврирањето на ова писмо Михаил Вентрис
преку амализата на слоговните знаци со кои се пишуваат зборови
откривал и грешки на писарите и објаснувал како се настанати тие.
Кога писарот сам ќе забележе некоја своја гречка додека
глината била мека ги бришел погрешните знаци со замрзнување на
тоа место и преку него пишувал други знаци. Од горе изложеното
може да се заклучи дека инерпретацијата на милкенските плочки од
било коиј аспект пред се бара алигорозни палиогравски студии. Ако
не се води сметка за писарот што ја пишувал праксата и серијата на
која им припаѓа како и за местото на која е најдена.

You might also like