семинарскa

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 16

МИТ ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА

Семинарски труд по предмет


Јавни објекти 4

Тема:

Спортски објекти - базен

Наставник: Студент:
Проф. др. Ванѓел Дуновски Мартина Николовска 033/18
Асс. м-р Дамјан Балкоски

Скопје, 2021
СОДРЖИНА

1. Вовед…………....................………………………….…………...…………....….…......3
2. Спортски објекти………………………………................................…...…....................4
3. Базени …............................................................................................................................5
3.1 Затворени базени.........................................................................................................6
3.2 Отворени базени..........................................................................................................9
3.3 Комбинирани базени.................................................................................................10
4. Примери............................................................................................................................12
5. Заклучни согледувања ...............................................................................…...……......15
6. Користена литература......................................................................................................16

2
1.Вовед

Примарната цел на спортот е, се разбира, вежбањето, но спортот има многу


поголемо влијание врз благосостојбата на многумина, покрај физичкото здравје.
Воведување нови можности за млади, спортот создава нераскинливи врски, гради ликови
на спортисти, ги обединува заедниците и ја промовира тимската работа. Несомнено,
спортот може позитивно да влијае на многу деца од сите возрасти. Како поминуваат
годнините се повеќе се градат спортси објекти.

Во спортски објекти спаѓаат:

o Специјални терени
o Згради и објекти наменети за одржување на разни фискултурни и спортски
натпревари во пливање
o Фудбал
o Тенис
o Ракомет
o Одбојка
o Базен и други.

Предмет на овој труд е анализа на спортските објекти - базени.

3
2. Спортски објекти

Дефинизија за спорт - нормална физичка активност или вештина изведена под


јавно прифатени правила и со цел да се рекреира: за натпреварување, за сопствено
уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените.
Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел,
комбинирана со впечатокот за поединечна (или
тимска) вештина или способност. Првите спортови
како на пример лов и трчање настанале бидејќи биле
потребни за да се преживее. За разлика од тогаш,
денеска луѓето се занимаваат со спорт за здравје и
релаксација. При ситуирањето на спортските објекти
потребно е да се внимава на неколу работи: да бидат
предвидени во помирните делови на градот,
опкружени со високо зеленило и водени површини,
пристапот до нив треба да овозможува брзо и лесно
транспортирање на голем број луѓе, па затоа до нив
треба да се предвидат доволен број улици за пешаци
и возила, околу објектите, исто така, треба да се
предвиди простор за паркирање за возила и
Сл 1. Шема на базен
велосипеди, да се избегнува тие да бидат
поставени до некои индустриски згради, кои
создаваат голем чад, прашина, а предизвикуваат и непријатни шумови, што се однесува до
самата почва, таа треба да биде сува, мека, еластична и да не создава прав.

Спортските објекти се делат на неколку начини:

1. Според видот на:

o Предшколски фискултурни објекти што се состојат од специјални терени и плитки


водени површини (базени), наменети за деца од предшколска возраст,

4
o Училишни спортски и фискултурни згради што се состојат од фискултурни сали и
отворени терени за разни спортски игри и куси патеки за трчање,
o Градски спортски објекти на разни спортски друштва и доброволни организации, а
се состојат од фудбалски игралишта, атлетски патеки, терени за кошарка, одбојка,
ракомет,
o Специјални спортски објекти наменети за одржување на разни натпревари од
државен или меѓународен карактер.

2. Според начинот на користењето на:

o Специјални објекти
o Комплексни или универзални објекти кои на едно место содржат терени и
игралишта за сите видови спортски и фискултурни натпревари,
o Основни објекти што им служат на спортистите за одржување тренинзи и
натпревари, водени површини, атлетски терени итн;
o Помошни простории-гардероби, тоалети, соби за прегледи, простории за одмор,
o Управни и погонски простории,
o Места за гледачи-рампи, трибини и др.

3. Базени

Базените служат за капење на поширока публика, но и за пливачки натпревари,


како:

пливање на извесни растојанија, скокање од определена височина и играње ватерполо.

Тие можат да бидат:

o Отворени, изградени во природа


o Затворени, во склоп на некој објект.

5
3.1 Затворени базени

Локацијата на покриениот базен во однос


на населбата, на сообраќајниците, на можноста за
безбеден пристап на моторно возило, велосипеди и
пешаци, има големо влијание во користењето на
објектот. За раслика од отворените базени кај кои
можноста на користење зависи од бројот на сончеви
и топли денови, покриените базени се користат
многу подолго во текот на годината.

Сл2. Шема на затворен базен


Постои можност за успешно
користење на зимски базен во текот на летото,
доколку се предвиди отварање на ѕидното платно спрема надворешните рекреативно
забавните површини или доколку се овозможи отворање на кровот на базентската хала.

Пратечки прстории: од функционални


и хигиенски причини, економското користење и
одржувањето на одбјектот, покриените базени треба
да содржат одредени пратечки простории: влезен хол
и благајни, градероби, санитарни простории,
простории за наставници, санитарни простории,
простории за наставници, топли простории, остави за
справи, технички простории, простории за
вработени, канцеларии за управители.
Сл 3. Шема на затворен базен

Големината на базенот зависи од големината на водната површин, околните


површини, евентуално дополнителни простории и обврзните простории. Површина на

6
базенот-За секој м2 водна површина се 6-8м2 простор за затворен базен, додека кај
поголеми водни површини доволна е помала вредност. За дополнителни отворени
површини се додаваат 10-20% од основната површина. Вкупната водна површина служи
како основна вредност за пресметување на програмата за дополнителни простории. Кај
рекреативните базени, водната површина и дополнителните функции соодветно се
надополнуваат.

Влез- Простор на влезот : основна површина 0,15-0,25 м2 водна површина,


во зависност од големината на базенот и рекреативната ориентација. Се додаваат 5 м 2
воздушна завеса, 5 м2 простор за каси и шалтер или автомат за билети, 1-2 м остава и
тоалети.

Соблекувална - Големината на
соблекувалната се пресметува според м2 водена
површина. Како ориентација се зема времетраењето
на капење. Бројор на соблекувални 0,08-0,1 м2
водена површина, оттука 40-50% како кабини за
преслекување во групните соблекувални. Семејни
кабини или кабини за лица со хендикеп:10% од Сл 4. Шема на соблекувална
кабините за преслекување. Број на групни
соблекувални најмалку 2 во групна соблекувална
треба да има најмалку 30 гардеробни ормани.

Единици за индивидуално користење се: кабините за пресоблекување со


една врата, во кои не останува облека и обувки, кабини за пресоблекување со две врати во
кои останува облека и обувки, кабини за пресоблекување- семејни кабини во кои останува
облеката и обувките. Едниниците за групно корситење се: заеднички соблекувални за 25-
30 луѓе во кои не останува облеката и обивките, заеднички соблекувални за 25-30 луѓе во
кои останува облеката и обувките, без разлика дали се сместува на куќи или во ормани.

Санитерен простор - опфаќа машки и женски тушеви и тоалети.


Местоположба помеѓу соблекувалните и влезот. Тоалетите се поставуваат така што
капачите и по нивната употреба и пред влегување во базенот мораат да поминат низ

7
просторијата со тушеви. Задолжително се препорачува директен пристап од базенот до
соблекувалните. Основната опрема подразбира најмалку една просторија со тушеви за
мажи и жени, со по 10 тушеви. За секои наредни 25-50м 2 водни површини треба да се
планира уште по еден туш. За училишни базени до 150м2 водна површина дополна е по
една просторија со тишеви со по 5 пиша за мажи и жени. Во просторот за тушеви
предвидени се 2 тоалетни школки за жени, 1 тоалетна школка за мажи и 2 писоари.

Базени за дезинфекција на нозе - се поставуваат пред влез во базенската


хала бидејќи од медицински причини сите капачи се обврзани да ги дезинфицираат
нозете. Дезинфекцијата на нозе може да биде во плитки базени со длабочина на водата до
30 см, кои се поставуваат на патот помеѓу гардеробата и базентската хала, така да секој
капач може со двете нозе да помине низ базенот со дезинфекциско средство.

Просторија за наставници – служи како работна просторија и како


одделение за укажување на прва помош поради што е потрено да има и кревет.
Просторијата треба да е непосредно поврзана со базентската хала, ама и да е одвоена со
стаклена површина така шро наставникот – тренер да може да има добар преглед на
халата од својата просторија.

Топла просторија- се предвидува најчесто во склоп на базенот за обука на


непливачи, особено ако базенот е во склоп на школски објект, што значи дека е наменет
претежно за деца кои оваа просторија би ја користеле за загревање после обуката за
пливање. Топлата просотирја треба да има 10-12 м2 и да е загреана од 35 степени. Топлата
просторија можат да ја замнета топли клипи кои се наоѓаат во самата базенска хала.

Остава за справи - се врзува непосредно со базентската хала. Големината на


оставата засиси од величината на школката и нејзината намена. Во оставата се ставаат
голови за ватерполо, топло, траки за обележување на патеките, даски за обука за пливање
и друго.

Канцеларија за управата – од рационални причини не се препорачива да


бидат до базените кај кои површината на водата е до 350м 2, доколки се решаваат како
самостојни објекти. Од истите причини во овој случај се предвидуваат и просотрии за
лица вработени на објектот.

8
Технички простории – греење, проветрување, осветлување и останатите
електотехнички инсталации. Можноста за прикачивање на базенската инсталација кон
постоечката инсталација за водовод, канализација и електрика значајно ќе влијае на
изборот на локацијата, однсно на економичноста на градење на објектот.

Скопкалници - тие се користат во училишен и во професионален спорт.


Платформата претставува фиксно место за отскок, со висина од 1, 3, 5 и 10м. Висината на
местото со отскок се мери од нивото на водната површина. Отскочните штици се од
алуминиум, дрво и платиска. Искачувањето до орскочната штица или до платформата
води преку стрмни скали.

3.2 Отворен базен

Локацијата на орворените базени, како


што е кажано и за покриените базени, има влијание
врз користење на базенот. При избор на локацијата
битно е теренот да е сончев, заштитен од ветер, дим,
бука, непријатни мириси и да е во центарот на
гравитационата зона во подрачјето за кое е
предвиден.
Сл 5. Шема на орворен базен

Вкупната површина на комплексот


покрај школката, односно покрај водената површина,
ја сочинуваат и низа функции кои треба да бидат
застапени во следните проценти: 10% водена
површина, 40% ливада за одмор, 20% површини за

9 Сл 6. Шема на орворен базен


игралишта, 10% за комуникации, 11% засадени површини, 3% за најмали деца, 6% за
објект. Во случај вкупниот простор да не е доволен за да може да се подели според
дадените проценти, се намалува процентот на тревните површини наменети за сончање.

Од вкупниот број посетители во водата се обично една третина, додека две


третини се надвор од вода. Поради тоа, потребно е површината наменета за сончање да е
поголема од водената површина. Содржината на споредните функции зависи од
карактеристиката на школката како и бројор на школките во склоп на базенот.

Кај отворените базени покрај паркингот треба да се обезбедат и следните


површини и пратечки простории: простор пред благајна, благајна, соблекувална,
гардероба, санитарни простории, амбуланта, просторија за тренер, магацин, стан за домар,
ресторан, котларница.

Простор пред благајна – треба да биде 0,2 м2 на секој 1м2 површина на вода.

Гардероби – на секој 1м2 вода потребно е да се обезбеди 0,6-0,8 м2


гардеробни места, пресметувајќи дека бањањето трае до 1,5 часа. Од вкупно добиениот
број на гардерони места, 25% треба да се обезбедат во гардеробните ормари.
Преостанатиот број на места се обезбедува во заедничката гардероба.

3.3 Комбинирани базени

Локацијата на комбинираниот базен


исто така е од особено значење за економското
користење. При изборор на локацијата, покрај се
што е речено во поглед на лесното приклучување
на инсталациите на објектот на постоечката мрежа
на водовод во населбата, инсталацијата на

Сл 7. Комбинирани базени

10
канализацијата и електричната мрежа, важно е местото да е сончево, заштитено од ветер,
дим бука.

Комбинацијата од затворени и отворени базени, во согласност со начинот на


стопанисување, овозможува широко просторно, функционално и техничко обединување
на сите поединечни објекти. Истовремено нуди различни можности за користење, со што
се постигнува поголема употребна вредност, отколку кај поединечните објекти.
Годишните времиња на различни начинии го условуваат користењето на објектите и
бараат затворени и отворени водни површини со различна големина. За подобро
стопанисување, потребно е да се разграничи работењето за време на летната, зимската и
на преодната сезона.

Комбинацијата од отворени и затворени базени може да се постигне со


додавање делови, отворени или затворени на веќе постоечките објекти. Доколку при
проектирањето на затворени и отворени делови на базени не може да се предвиди
изградба на целиот комплекс, дури и само при изградба на еден сегмент, треба да се
изврши проектирање на целиот комплекс, вклучувајќи го и стручно техничкото
планирање. Со тоа се избегнува двојна инвестција. Како прв дел при изградба треба да се
предвиди затврениот базен.

Базенот за натпревари има нормална ширина од 20-25м и должина од 50м.


Но, може да има и помали димензии, и тоа 12,5-16/25м, додека длабочината изнесува 1,8м.
Ако базенот служи и за скокање, на делот каде што се изведуваат скоковите треба да има
длабочина најмалку од 4м. Тие се изведуваат од ѕидови и под. Ако носивоста на
земјиштето е мала, најнапред се изведуваат армиранобетонски ѕидови и плочи, а потоа од
внатрешната страна се изведуваат ѕидови и под од обичен бетон.

Базени за скокање – тие се широки 20м, долги 25м а длабоки 4,5 м. На


едниот крај се поставуваат скокалници со транбулини, и тоа на висина од 1, 3, 5, 7, 10м. За
да не им пречат на скокачите сончевите зраци при скокањето скокалниците се
ориентираат на северната страна. Скокалниците претставуваат најважен елемент при
архитектонското оформување на базенот и на нив треба да се обрне најголемо влијание.

11
Плажи – служат за освежување во време на големи летни горештини. Можат
да бидат на реки, езера и мориња. Има плажи на река Вардар во Скопје. Многу се
посетени плажите во Охрид, Преспа и Дојран. Плажите претставуваат претежно
дистракцион центар, каде посетителите покрај освежувањето и забавата во вода има и
други задоловства на суво. Вообичаени реквисити се гумени душеци, лежалки, топки.

4. Пример

Спортски центар Борис Трајковски

Во склоп на Спортскиот центар Борис


Трајковски се наоѓа затворен објект во кој има три
базени наменети за пливање од најмала возраст до
највозрасните, за сите оние кои инвестираат во
своето здравје и здравјето на своите деца. Објектот
располага со индивидуални и групни гардероби,
опремени со ормарчиња, туш кабини, сауна . Во Сл 8. Базен Борис Трајковски

базенот се наоѓа и трибина која е наменета за


натпревари, гледалиште со капацитет од 450 гледачи.

Димензиите на големиот базен се 33 м со 25 м и длабочина 2 м. Овој базен


покрај што се користи за рекреативно пливање, се користи од страна на пливачките
клубови кои вршат обуки на деца за пливање, нуди услови и за организирање на пливачки

натпревари во кратки базени како и зимски државни


првенства. Во пливачкиот базен димензиите
овозможуваат и организирање на ватерполо
натпревари.

Во склоп на објектот има уште два


базени од кои едниот е со димензии 20 м со 6 м и
длабочина од 60 см до 120 см и најмалиот со Сл 9. Базен Борис Трајковски
димензии 12 м со 8 м и длабочина 75 см. Овие

12
базени се наменети за обука на непливачи и за терапевтски вежби на оние кои им е
најпотребно користејќи го добробитот на водата .

Во склоп на објектот се наога и тераса наменета за сите оние кои сакаат


уживањето да им биде целосно во летниот период, со пријатна музика и добар коктел.

Пливачкиот базен нуди најдобри услови за секој посетител, со беспрекорно


чиста вода , која што се одржува со најсовремена технолоогија, со што допринесе за се
поголем број на посетители.

4. Спортски центар и отворен базен ( Alday Jover Arquitectura y Paisaje )

Вертикално преклопување на базени, спортски центар и теретана во мал


урбан дел за големината на потребната програма. Темен бетонски волумен: компактен и
солиден однадвор, прозрачен и мазен одвнатре, ископан и искинат за да се овозможи
светлина во големите простори што ги носи.

Базените се наоѓаат под земјата, отворени кон празниот двор на јужната


фасада и до игралиштето на соседното училиште.
Спортската патека е над нив , со поглед кон надвор
низ истиот двор. Спортските сали се вметнуваат,
наизменично, помеѓу фармите на покривот на

13 Сл 10. Рендер
патеката. Влезовите и кафетеријата и канцелариите се наоѓаат на мезанините што се
појавуваат на нивоа на базени и патеки.

Вертикалното јадро и влезовите го


окупираат врвот на локацијата, на сливот на
улиците.

Соблекувалните се наоѓаат долж западната фасада.


Еден материјал, црно обоен бетон, ги сочинува
надворешните и внатрешните sидови, како и
завршувањето на подот во областите на циркулација.
Подови, светло зелена за базените, портокалова за Сл 11 приказ на фасада
патеката и сина за спортските сали, ја обојуваат
светлината на секој простор.

Сл 12. Пресек

14
5. Заклучок

Прв спорт коj настанал e ловот, бидејќи бил потребeн за да се преживее. Со


текот на времето се осознавале повеќе спортови а меѓу нив е и пливањето. Пливањето е
вид спорт којшто вклучува натпреварување помеѓу учесници, во тркање преку дадена
далечина под самостојно придвижување нанапред. Пливањето како спорт се практикува
широко низ светот и е дел од модерните Олимписки игри со почеток во 1896 година.
Заедно со други акватички дисциплини како нуркање, синхронизирано пливање и
ватерполо, спортот е раководен од Меѓународната пливачка федерација.

Спортските објекти – базени се проектираат за да им дадат можнот на луѓето да се


рекреираат, забавуваат. Базените можат да отворени и затворен базен. Отворените базени
најчесто се изработени од материјали како што се бетон, природен камен, метал.Во
Македонија има неколку базени а меѓу нив се Борис Трајковски, Олимписки базен.

15
6. Користена литература

1. Ернест, Нојферт: Нојферт архитектура, Скопје, 2010

2. http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/bazen

3. https://www.archdaily.com/390769/sports-center-and-indoor-pool-alday-jover-
arquitectura-y-paisaje

4. http://olimpiskibazen.com.mk/

5. https://www.archdaily.com/390769/sports-center-and-indoor-pool-alday-jover-
arquitectura-y-paisaje/5128f4dbb3fc4b11a70057f1-sports-center-and-indoor-pool-alday-
jover-arquitectura-y-paisaje-photo?next_project=no

6. Sheard, Rod: Sports Architecture, 2000

16

You might also like