Professional Documents
Culture Documents
Nasledno Pravo
Nasledno Pravo
)
Наставник: Доц.д-р Елизабета Спироска
Датум: 30.06.2020год.
3. Лицето П.В. починало. Ова лице има сопруга која е бремена и вонбрачна ќерка. Кој
ќе биде повикан на наследство? Образложете го својот одговор.
- За наследство ќе бидат повикани и сопругата и неговата вонбрачна ќерка. Иако во одредба прво
повикани се деца на наследство тие со брачниот другар се изедначени и наследуваат еднакви
делови. При определба на бројот на децата кои треба да се повикаат за наследство не се прави
разлика дали децата се родени во брак вонбрак бидејќи им се дава еднаква заштита и се
изедначени пред законот. Оттука приделба на наследството од првиот наследен ред тоа ќе се
дели на толку еднакви делови колку што изнесува бројот на децата вклучувајќи го и брачниот
другар. Кога има деца на оставителот кои не потекнуваат од бракот, со брачниот другар а имотот
на овој брачен другар изнесува повеќе од делот што би му припаднал, приделбата на оставината
на еднакви делови тогаш на секое дете на оставителот му припаѓа два пати поголем дел отколку
на брачниот другар.
4. Лицето В.В. починало.Ова лице има брачен другар С.В, син Д.В иќерка Г.В.
Починатото лице оставило тестамент согласно кој тестамент починатото лице располагало
со целиот свој имот и истиот во целост го оставило на неговиот брачен другар. Дали синот
Д.В и ќерката Г.В. имаат некакво наследно право? Образложете го својот одговор.
-Во овој случај синот и ќерката ќе имаат наследно право доколку во тестаментот не е опфатен
целиот имот на оставителот. Имотот што ќе остане нераспореден во тестаментот ќе го наследат
наследниците кои според законскиот наследен ред ќе бидат повикани на наследство.