Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) — познат

македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена,


каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја
започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и
победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го
отвораат песните ПУШТИ МЕ(1997) и ОСТАНИ ДО КРАЈ(1998). Имал блиска
соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина
Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола,
Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни
балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во
неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на
моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме
Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до
истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил
прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е
познатиот израз Ве сакам сите.

You might also like