Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

ТАЈГА

Бореална шума (тајга)

Бореалната шума (тајга) зафаќа околу 17% од Земјината копнена површина во поларниот појас
од далечната Северната Хемисфера. Северно од оваа граница, тајгара преминува во поларна
тундра. Бореалот од Земјината шумска покривка зафаќа 29%.

Тоа е биом на вегетација составен главно од иглолисни дрвја, а се карактеризира со долги


зими и умерени до високо застапени годишни врнежи. Почвата во тајгата има неколку
хранливи материи. Исто така, може да се замрзне, што ги спречува растенијата да пуштат
корења.

Корниферните дрва, како смрека, бор, ариш и ела се чести поради нивната добра адаптација
кон климатските услови. Нивниот тенок, конусен облик го намалува таложењето на снег на
гранките, поради што ја поминуваат зимската сезона без да се скршат. Малата површина на
игличките, а и восочната прекривка, му служат на дрвото за одбрана од ветер. Чувањето на
игличките преку зимата овозможува фотосинтеза на ретките сончеви, топли зимски денови, и
да почнат со фотосинтеза во пролет, штом тоа го дозволат температурите.

Животни кои живеат во тајгата се: лисиците, рисовите, мечките, видрите, верверичките,
додека од поголемите се среќаваат сиви волци и нивните пленови: канадскиот ирвас и лосот.

Во бореалните шуми има огромни количини на јаглерод, можеби повеќе и од умерените и


тропските шуми заедно, повеќето во тресетот

.
Бореалните шуми се крстени по Бореас, грчкиот бог на Северниот ветар.

You might also like