Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 39

Тодор Александров, како најзвучно и најконтроверзно име во македонската

револуционерна борба, несомнено е најзначајна личност за организацијата, но дали и за


македонскиот народ во денешни времиња. Историографијата на Македонија и Бугарија е
променлива во поглед на неговото дело. Во зависност каков политички систем е присутен
во овие две земји, така и самата историографија го третирала неговиот лик, но историјата
е таа која после многу децении треба да го дефинира неговото дело и неговата личност. Во
денешно време како најбитна опшествена наука, Историјата се користи од страна на
политичарите за постигнување на свои цели преку манипулација на народните маси.

Настрана од овие опшествени збиднувања, ликот и делото на Александров само по себе


е доста контроверзно, преставувајќи предмет за расправии помеѓу два интелектуални
круга, за жал несогласувањата се присутни и во самото македонско опшество. Немајќи
единство во македонското општество за многу прашања од национален карактер, е само
предност за нашите “непријатели”, која не става во позиција на напад од самото подножје
на еден рид кон врвот на истиот.

Помнејќи ги првите предавања од моето школување, за историјата како наука која треба
да се применува без емоции и со непристрасност, токму овој дипломски труд со својата
тежина од големото име, Тодор Александров, за мене преставува еден вид тест за мојата
перцепција за непристрасност и не користење на емоции.

Преку анализирање на ликот и делото на Тодор Александров, можат да се отворат


повеќе полемики. За карактерот на народот кој живее во Македонија како етничка
географска целина, несомнено е најголем предизвик да се остане трезвен и да се земаат во
предвид историските факти, занемарувајќи ги своите чуства, скоро па невозможно.

Во овој дипломски труд, ќе се обидам да ги занемерам полемиките од таков карактер,


бидејќи самиот наслов гласи “Тодор Александров” и токму тој како најсветол карактер на
војвода и лидер во Македонија секако и пошироко, ни остава голем простор за пишување,
за неговиот карактер, неговиот живот, дела и неговата света борба за слобода на
Македонија. За неговиот карактер дознаваме преку неговите пишани зборови, дела, а
најбитно и најценети се писмата и извадоците од спомени на неговите соработници, како
и на неговите непријатели.

Опшествените збиднувања пред неговото раѓање и за време на неговиот живот, се


сосема неповолни за македонскиот народ за негово еманципирање како посебен, кој се
разликува од српскиот и бугарскиот. Тежнејќи да се дистанцираат од грчката пропаганда,
христијаните во Македонија се наклонувале кон српската и бугарската пропагандна
машинерија.

Овој период од македонската историја е доста комплициран, или можеби и не, барајќи
оправдувања за одредени постапки на видни македонски дејци, самите ние го направивме
таков. Роден во бурни времиња со бурен живот, Александров е најголемиот и најславен
војвода од периодот на македонската револуционерна борба, преку неговите постапки
како голем аксет оставил голема трага во колективната меморија на македонскиот народ.

Движејќи се низ неговиот животен век како умерена и скромна личност, не


издигнувајќи се себеси пред другите и чуството на самокритичност, го привлече моето
внимание за да се впуштам во подлабоко запознавање со неговиот живот, натопен со крв
на непријателот и пријателот.

3
1. Македонската револуционерна организација
Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и Коста
Шахов, и ги преставил начелата врз кои требало да со основа организацијата.

1.  Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи  основана во


Софија  и раководена  од  Софија, Србите и Грците ќе ја третираат  како измислица 
на бугарското правителство,  ќе основаат и тие организации и од нашата организа
ција  нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна.
2.  Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат 
во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија,  д
а 
бидат изложени и тие на истата опасност, на каква што ќе бидат иузложенени 
и 
нивните  последувачи, преку  кои полесно ќе ја спечалат довербатa на населението.
3.  Лозинката треба  да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба  да  с
е  потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех.
Да  се  постигне  Автономија на Македонија, значи да ја откинеме  не само од Турциј
а  туку  и од Србите и  Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана  Македон
ија,  Србите  и Грците веќе  не ќе можат да бараат делови од неа,  кога, ако посакам
е 
присоединување на Македонија  кон Бугарија, Србите и  Грците ќе посакаат  и тие 
делови од неа. Наша задача треба да биде  да ја споиме Македонија цела, а тоа мо
же  да биде преку  една  Автономна Македонија.
4.  Организацијата треба  да биде  самостојна и независна. Да нема никакви врски и 
ангажмани со владите  на соседните држави, за да не и влијаат и да  не ја обвинува
ат дека е орудие на  некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство  од с
трана  на другите  соседни влади.
5.  Од Македонците  во  Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална и
материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата.

4
Македонската Револуционерна Организација (МРО) била револуционерно-
национално ослободителна организација на македонскиот народ (Солун, 23. X - 4. XI 1893
- 1908). Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р
Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон
Димитров, со цел по пат на воружена борба да се извојува политичка автономија на
Македонија и Одринско.

За појавата на  Македонската  Револуционерна Организација постојат две главни


причини. По Берлинскиот конгрес, македонскиот народ останал национално, политички,
културно, просветно и духовно обесправен. Дополнително на тоа, македонскиот
национален индивидуалитет се наоѓаал во опасност од странските пропаганди, кои со
своето дејствување го засилувале антагонизмот во Македонија кој и онака постоел.

Секако една од главните причини за појава на организацијата е останувањето на


Македонија под османска власт. Турците посегале по животите, честа и имотите на сите
Македонци.

Ослободувањето се гледало во создавање на една револуционерна организација.


Националноослободителниот карактерт на организацијата се гледа во Членот 1 од
Уставот на ТМОРО во кој се истакнува:

Тајната  Македоско- Одринска Револуционерна  Организација 


има за  цел да  ги сплоти во  едно  цело  сите незадоволни  елементи во  Македонија и  Одр
инско, без разлика на народноста, за извојување преку револуција,за полна политичка  а
втономија за тие две области.

На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на


Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал Централниот комитет
(претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев). Била изградена мрежа на
Организацијата во поголемите центри во Македонија (до средината на 1894). Особено

5
силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев,
Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери.

Во летото 1894 година било одржано Ресенското советување на членовите на ЦК и на


делегатите на месните комитети посветено на организациони и на тековни прашања за
револуционерно дејствување. Биле формирани три револуционерни окрузи: Солунски,
Битолски и Скопски. Организацијата изградила (до есента 1895) разгранета мрежа во сите
делови во Македонија и прогласила сувереност на организационата територија,
спречување на дејствувањето на други организирани групи со исти цели во Македонија.
Македонските комитети формирани во странство можеле да дејствуваат исклучиво во
рамките на МРО.

По формирањето на Македонскиот комитет во Софија (подоцна преименуван во


Врховен македонски комитет, 1895), ЦК на МРО веднаш побарал тој комитет да ја
сообрази својата активност со потребите на МРО и да работи како помошен комитет.
Софискиот комитет продолжил да дејствува како паралелна организација во македонското
револуционерно движење. Во почетокот на 1896 година Делчев пристигнал во Софија во
својство на официјален претставник на МРО да работи за спречување на мешањето на
бугарските државни фактори во македонското ослободително дело. Претседателот на
Софискиот комитет генералот Данаил Николаев бил предупреден дека МРО нема да ги
толерира активностите и акциите преземени во Македонија. Грција и Србија го засилиле
пропагандното дејствување и се експонирале како непријателски сили кон македонското
ослободително дело. Во така неповолно опкружување за поефикасно водење на
ослободителната борба, а со оглед на тоа дека и бугарското население во Одринско се
наоѓало во иста положба и влегувало во границите на Егзархијата, МРО се определила да
го организира и тоа население за извојување автономија на Македонија и на таа област.

На 5/12 јануари 1896 година се одржал Солунскиот конгрес со учество на првите луѓе
на Организацијата: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, д-р Христо
Татарчев, Петар Поп Арсов и други. На конгресот, била усвоена нова политичка
стратегија и тактика во дејствувањето. Конгресот усвоил нова управна поделба и
територијална организација и промена на организациското име

6
во Тајна  Македонско - Одринска  Револуционерна Организација (ТМОРО). Месните
комитети биле ополномоштени да вршат просветување на жените и создавање масовно
народно движење. Усвоените промени биле вградени во актите и Уставот и внатрешниот
правилник.

По Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети, ударната оружена сила на


Организацијата за одбрана на територијалниот интегритет од туѓи вооружени чети и
групи во Македонија. Бил донесен и посебен Правилник (1900) за четите со кој било
регулирано формирањето, раководењето, употребата, како и борбената обука. Нивните
припадници - комитите носеле униформирана народна комитска облека и обележје за
припадност. Вооружените сили ги раководел Делчев, кој го основал и изградувал
Четничкиот институт, со надлежност на врховен инспектор. Организацијата имала тајна
пошта и тајна полиција, создала функционални месни органи и тела. На целата територија
на Македонија (до почетокот на 1903), Организацијата имала воспоставено ефективна
власт на тајна држава во државата или подземна република.

На Солунскиот конгрес од 1903 година било донесено решение за кревање востание, во


отсуство на Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Сандански и други водечки личности на
Организацијата. Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ ја потврдил
одлуката за кревање востание. Востанието раководено од Главниот востанички штаб
почнало на Илинден 1903 и прераснало во македонска сенародна борба за ослободување и
за создавање самостојна македонска држава, највисокиот дострел во дејствувањето на
Македонската Револуционерна Организација.

По Илинденското востание силно се манифестирале внатрешните поделби. На Општиот


рилски конрес (во почетокот на 1905) само привремено било воспоставено единството на
Организацијата. На Конгресот бил отфлен квалификативот тајна од името и
Организацијата продолжила да дејствува под името: Внатрешна Македонско-
Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).

Внатрешните поделби и групирања во спротивставени струи: конзервативна и


реформската струја се заостриле до степен на меѓусебни оружени пресметки. Така дошло
до дефинитивен расцеп на Македонската Револуционерна Организација во 1908 година.

7
По Младотурската револуција и по воспоставувањето на парламентарното уредување
Организацијата престанала да постои. Двете струи формирале политички партии:
Сандански со Димитар Влахов Народна федеративна партија, а дел од дејците на
конзервативната струја формирале Бугарски конституциони клубови.

2. Раната младост и првите револуционерни искуства на Тодор


Александров

Во Штип – градот со голема образовна – културна традиција и бурна борбена историја –


во угледното семејство на Александар и Марија Поп – Орушови, на 4 март 1881 година
бил роден Тодор Александров, како второ по ред и единствено машко дете (од вкупно
седумте деца.) Таткото на Тодор, Александар Поп – Орушов, се посветил на образовната
дејност, прекинувајќи ја со тоа дотогашната семејна свештеничка традиција. Мајка му на
Тодор, Марија Хаџијанева, исто така, потекнувала од угледно штипско патриотско
семејство. Основно четиригодишно училиште и први клас Прогимназија Тодор завршил
во Радовиш, каде татко му бил назначен за учител. Во 1893 година Тодор Александров со
семејството повторно се вратил во Штип, каде што го завршил Прогимназиското штипско
училиште. И покрај желбата да го продолжи своето образование во Солунската гимназија,
заради немање доволно средства од родителите, Тодор се запишал во Педагошкото
училиште во Скопје, коешто во 1898 го завршил со голем успех. Директор на
Педагошкото училиште, и учител, му бил Христо Матов, чијашто средба ја предодредила
натамошната иднина на Тодоров. По препорака на Х. Матов, Александров на 17-годишна
возраст бил назначен за учител во Виница, потоа во Кочани и Кратово. Во меѓувреме,
умрел татко му Александар Попорушев и Александар заедно со мајка му и нејговата
најстара сестра Екатерина, ја презеле грижата за издржување и школување на помалите
сестри. Од 1901 до 1903 година Тодор Александров повторно бил учител во Кочани и
раководител на кочанската револуционерна околија. 1

,,Македонците никогаш нема да прифатат да бидат


управувани од Грци, Срби или Бугари....

1
Б. Синадиновски, Тодор Александров, Свети Николе, 1995.

8
Организацијата е народот, и народот е Организацијата’’

Сл.1.Тодор Александров

Заедно со П.Шатев, тој во Кочани учествувал во пренесувањето на дел од експлозивот


кој бил искористен во солунските атентати во 1903 година. И покрај тоа што директно не
учествувал во Илинденското востание, тој непосредно бил во тек со подготовките на
востанието во Кочани, Виница, и Кратово. На 27 март 1903 година, Александров бил
уапсен од турските власти, поради ,,вмешаност во тајната преписка на бугарските
разбојнички бунтовници и во раководењето со бунтовничките работи’’. При претресот на
неговиот дом, турската полиција нашла шифрирани писма и печатен правилник за четите.
Во Скопје бил осуден на 5 години затвор и лежел 13 месеци во скопскиот Куршумли – ан.

Во април 1904 година бил ведаш назначен за учител во Ново Село, Штипско, каде што,
како член на Околиското раководно тело, работел во обновувањето и изградбата на
Штипската револуционерна околија, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров. На 10
јануари 1905 година, поради фатено писмо, по судирот на Турците со четата на Мише
Развигоров во с.Лезово, Турците се обиделе да го уапсат Тодор, му ја опколиле куќата, но
тој успеал да им се извлече од раце и веднаш заминал од четата на Развигоров. Оттогаш
започнала професионалната револуционерна кариера на Тодор Александов, кој со својот
организаторски талент и неисцрпна енергија успеал да се издигне до врвовите на ВМОРО.
Како нелегален деец, Александров бил делегат на Првиот скопски окружен
револуционерен конгрес кој се одржал на 16 до 22 јануари 1905 година во с.Кнежево, каде
бил избран за секретар.

На Конгресот биле поставени основните начела на Организацијата, зад кои застанал


Александров, а тоа биле: принципот на автономијата, принципот на внатрешноста,
принципот на револуционерната борба, принципот на политичко- економската дејност и
самостојноста на Организацијата. И Тодор Александров, како еден од поистакнатите
членови на Штипскиот округ, бил во тек со сите револуционерни превирања во
Органзацијата, и покрај тоа што не зел директно учество. Ваквото поведение на
Александров придонело да биде избран за делегат на Штипската околија за Вториот
скопкси конгрес, одржан во јули 1906 година во Бугарија.

9
На Конгресот тој предложил неколку решенија по Правилникот за внатрешниот ред на
Конгресот, со цел тој да добие максимално конструктивен и деловен карактер, како и
создавање на печатен орган на Скопскиот револуционерен округ. На предлогот Конгресот
усвоил заклучок за формирање терористички групи на ВМОРО кои ќе ја попречуваат
дејноста на српската и грчката пропаганда во Македонија.
Во однос на Бугарија, Конгресот препорачувал политиката на ВМОРО да биде јасна
и ,,строго определена’’, односно таа да може да влегува во однос со официјалните
бугарски власти, да добива помош отсекаде, без да прифаќа обврски и да ја зачува
самостојноста. На Конгресот биле избрани делегати на ВМОРО меѓу кои бил и
Александров, а тоа претставувало и признание за Александров за неговата работа и
популарност во Организацијата. Александров, заминал во Бургас, каде бил учител во
1906/1907 година. Во пролетта кога дознал за убиството на М.Развигоров, повторно се
вратил во Македонија за да го заземе местото на својот учител.
Во ноември на Третиот редовен конгрес на Скопскиот револуционерен округ, одржан
од 8 до 14 ноември 1907 година, бил избран за окружен војвода. Во 1908 година Тодор
влегол во раководството на ВМОРО. Во март 1908 година, како делегат на Скопскиот
револуционерен округ учествувал на Ќустендилскиот конгрес во с. Жабокрт. На четвртото
заседание одржано на 8 март, во врска со прашањето за создавање ,,терористички групи во
градовите’’ Александров го изнел мислењето дека ,,треба да има терористички групи’’.
На петото заседание одржано на 9 март, на
кое се донесувало решение за признавање на
убистворо на Јане Сандански за виновен за
убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов,
Александров се изјаснил Јане Сандански и сите
виновници да се казнат и ,,да се издаде пресуда
против непосредните убијци, бидејќи
интересите на Организацијата се врховни’’.

Сл.2.Родната куќа на Тодор Александров

10
3. Тодор Александров за време на Младотурската револуција

За време на Младотурската револуција Тодор Александров – за разлика од ,,левицата’’


на ВМОРО, се однесувал со извесна недоверба кон младотуците. Не верувајќи во
искреноста на младотурците, заедно со Ефрем Чучков, не ги разоружил и легализирал
четите на Скопскиот револуционерен округ. Младотурското движење, всушност, било
резултат на повеќегодишната внатрешна и надворешно – политичка криза на Отоманското
2
царство. Како што се одвивале настаните Тодор бил еден од ретките македонски
револуционери кои сфатиле дека младотурците нема да донесат слобода на Македонија.
По легализирањето на четите, Александров бил назначен за окружен ревизор на црквите,
манастирите и училиштата во Скопскиот округ. На 2 август 1909 година, турската власт
на Штип повторно се обидела да го уапси, но тој успеал да побегне во Бугарија. Во Софија
тој работел заедно со Христо Матов и д-р Христо Татарчев за снабдување средства и
материјали неопходни за оружената дејност на четите.

Предизвикан од турските злосторства во Македонија, Тодор Александров во ноември


1909 година испратил статија за објавување во софиските весници, во која истакнал дека
станале нелегални за да не бидат осудени за извршните дејства пред Хуриетот и биле
принудени да избегаат во планините за да не бидат убиени од Турците. Кон средината на
декември 1909 година, Тодор Александров бил ненадејно уапсен од бугарските власти. Во
улога на фактички раководител на ВМОРО, спроведувајќи ги решенијата на
раководството на ВМОРО за обновување на организацијата во Македонија, Тодор во
пролетта 1910 година заминал со четата во Скопскиот револуционерен округ. Обновувајќи
ја Организацијата во Округот, тој со успех се борел против жестоката акција на
младотурците за разоружување, успевајќи да зачува голем дел од оружјето и да прибере
парични средства за зајакнување на Организацијата. Организациската дејсност на Тодоров
во Македонија била повод турските власти да ја уценат неговата глава со четири илјади

2
З. Тодоровски, Тодор Александров, Скопје, 2014.

11
турски лири. Со ваквата организациска и теренска дејност, се издигнал со централна
фигура на македонското револуционерно движење.

Во февруари 1911 година на едно заедничко собрание била избрана комисија со


состав: Павел Христов, Христо Чернопеев, Тодор Александров и Антон Базуков, со
задача да ги усогласат принципите за заедничка дејност, којашто се однесувала:
,,обновување на револуционерната борба во името на автономија на Македонија и
Одринско, независност на револуционерната организација при строго централизирана и
конспиративна структура и создавање здрава револуционерна армија’’.

Сл.3.Младотурци во Цариград Сл.4.Младотурска револуција

Веднаш потоа на 26 февруари 1911 бил донесен Протокол за ,,обедивуање на сите групи
во една организација’’ и било избрано ново раководство на Централниот комитет. Така
Тодор бил избран за член на ЦК ВМОРО, како најистакнат претставник на Скопскиот
револуционерен округ. Во октомври 1911 година, ЦК ВМОРО, испратил Мемоар до
генералните конзули на големите сили во Солун, Скопје, Битола и Одрин во кој се
укажувало на неподносливата положба во Македонија, во кој пишувало за целта на
постигнување на автономија на Македонија. За остварување на ваквата цел, се барало
,,воведување автономна управа под покровителство и гаранција на големите сили’’.

Во летото 1912 година, под раководство на Александров, војводите и атентаторските


месни групи на Организацијата извршиле повеќе систематски бомбашки атентати врз
возови, железнички мостови и станици и други места во Македонија.

12
4. Тодор Александров во Првата Балканска војна

Во 1911 година, со обновата на ВМОРО, новото раководство на Организацијата со


состав: Стефан Николов претседател и членови: Александар Протогеров, Тодор Лазаров,
Тодор Александров, и Павел Христов, на 15 март излегло со Протокол во кој била
објавена политичката цел на Организацијата и тоа придобивање автономија на
Македонија и Одринско во целост, како и воената цел на Организацијата, односно да се
создаде една тајна, немногубројна но здрава револуционерна армија. Во овој период
Тодор Александров издавањето на весникот го финансирал од касата на ВМОРО, со
задача да ја разобличува политиката на младотурците и да ги заштитува позициите на
,,централизмот’’ во Организацијата. Во 1912 година, ВМОРО се нашла пред нови
предизвици, така што Тодор Александров во април 1912 година навлегол со чета во
Македонија, во повеќе региони со цел да ги сондира мислењето на организираните
членови на Организацијата и да изгради стратегија за следно дејствување.

Сл.5.Четата на Тодор Александров Сл.6.Прва балканска војна

Во текот на истата година започнале и преговори за обединување на силите во


македонското револуционерно движење пред почетокот на Првата балканска војна.

13
Притоа раководството на ВМОРО со сите свои документи, писма, декларации си стоело
на ставот дека основната цел на нејзината борба е да се издвои автономна македонска
држава во нејзините етнички, географски и економски граници, и декларирала дека ќе се
бори против сите оние кои сакаат да ја оттргнат Организацијата од основната цел или –
автономија на Македонија и Одринско. Летото 1912 година Тодор Александров со својата
чета бил присутен во регионот на Солун и Кукуш каде раководел со извршување на
атентати во овој дел, додека во септември истата година од името на ЦК ВМОРО, издал
наредба нелегалните чети на Организацијата да извршат диверзиски акции кон турската
војска како помош на балканските сојузнички војски. Пред почетокот на Првата балканска
војна Тодор Александров заедно со Петар Чаулев, застанал на чело на вооружените чети
на Организацијата. На 26 септември 1912 година било формирано Македонско-одринско
доброволство, кое се борело против бугарската војска, броело 14000 борци.
3
Организацијата за време на Првата балканска војна на територијата на Македонија
успеала да мобилизира вооружени чети и селска и градска милиција, а четите на ВМОРО,
предводени од Тодор Александров, го ослободиле градот Кукуш и Солунско. Во октомври
1912 година во Солун било одржано советување на ЦК на ВМОРО, на кое биле разгледани
дејствата на сојузничките армии и нивната окупаторска поведенија во Македонија, а
воедно било решено и Тодор Александров да замине во Софија и да се запознае со
претседателот на бугарската влада Иван Гешов. Одвивањето на воените дејства и
опасноста од распарчување на Македонија меѓу двете балкански војни, било повод за
Тодор Александров на 6 декември 1912 година, да испрати Меморандум до бугарскиот
цар Фердинанд каде му дал до знаење на царот дека поради опасноста од страна на Србија
и Грција према Македонија, Организацијата најпрво ќе дејствувала само за автономија на
Македонија. При тоа Тодор Александров од царот побарал да се застапи со сите средства
за да се избегне каква и да е поделба на Македонија. Во почетокот на 1913 година Тодор
Александров бил назначен за началник на разузнавачкиот пункт на III македонска бригада
во Штип, каде го раководел дејствувањето на четите на ВМОРО и праќал разни извештаи
за српските воени единици. Исто така под негово водство биле извршени во меѓувреме
многу саботажи против српските војски. Со тоа зазел став дека борбата против Србија
треба да се изведе со сите средства и дека македонското население треба да се подготви за

3
Б. Синадиновски, Тодор Александров, Скопје, 2011.

14
слободна Македонија. На 16 мај 1913 година ЦК ВМОРО објавил Декларација каде
изјавил дека доколку македонското прашање не биде решено како што тој сака, нема да ја
прекине револуционерната дејност и дека за време на борбата ќе ги искористи сите
расположливи средства не војдејќи сметка за Женевските и другите меѓународни
конвенции. Откако завршила Првата балканска војна во Лондон , на 30 мај 1913 година
бил склучен мировниот договор помеѓу Балксанскиот сојуз и Турција. Во меѓувреме се
правело подготовка за нов воен судир, помеѓу Бугарија и членките на Сојузот: Србија и
Грција, кои првенствено се покажале со победа над Турција со нејзино повлекување пред
Истанбул.

Според Лондонскиот мировен договор, територијата на Македонија била поделена меѓу


сојузничите балкански војски. Србија и Грција веднаш зазеле замав, со тоа што во
окупираните делови на Македонија поставиле свои воено-окупаторски сили, кои вршеле
пресилени мерки врз македонското население, а со тоа и прогонување на четите на
Македонската револуционерна организација, од кои голем дел од нив биле уапсени и
затворени. Додека пак Бугарија, која дала најголеми напори и жртви во борбата против
Турција, добила најмала територија и незадоволна се спремала за почеток на нова војна и
ослободување на “бугарските градови: Скопје, Битола, Солун. Во периодот од крајот на
1912 и почетокот на 1913 година, српската власт во Македонија извршила ликвидација на
истакнати дејци и војводи на ВМОРО, што предизвикале реорганизација на четите и
милцијата на ВМОРО и чекале момент за нови вооружени акции.4

4
З.Тодоровски, Тодор Александров, Скопје, 2014.

15
Сл.7.Македонски сведоштв за независна Македонија: Тодор Александров

5. Тодор Александров во Втората Балканска војна

По еден месец од потпишувањето на мировниот договор во Лондон, подготовките за војна


меѓу спротиставените страни во Сојузот биле завршени. Во секој момент се очекувало
која од страните ќе го започне нападот.

На 30 мај 1913 година Тодор Александров од Штип упатил писмо до дејците на ВМОРО,
во кое навестувајќи го отпочнувањето на втората блаканска војна, ги потсетил на “долгот
на секој македонски деец и член на организацијата” да ги употреби сите сили за
“слободата на Македонија” во престојната борба со Србите и Грците.

Кон крајот на јуни 1913 година започнала Втората балканска војна за прераспределба на
етнографската територија на Македонија. Раководството на ВМОРО и самиот Тодор
Александров целосно се посветиле на подготовките за учеството на борбените сили на
Организацијата под команда на Главниот штаб на бугарската армија и на Штабот на
Македонско-одринското ополчение.

По поразот на Бугарија, од 28 јули до 10 август 1913 година се одржала нова мировна


конференција во Букурешт. ЦК на ВМОРО издал полномоштва на интелектуалци членови
на Организацијата, со кој им се овозможило да преговараат со странските преставници во

16
име на Организацијата. Пред започнување на мировната конференција се барало од овие
интелектуалци да се залагаат за принципот на Организацијата- гарантирање автономија на
Македонија од страна на големите сили, “во полза на сите народности што ја населуваат”.

Со Букурешкиот мир биле разбиени гео-политичката, етничката и економската целина на


македонскиот народ.

Целокупната дејност на Тодор Александров во раководството на ВМОРО за време на


Балканските војни се одликува со извесна автократност, како и со склоност кон
индивидуализам, особено кој членовите на ЦК- Петар Чаулев и Христо Чернопеев.
Ваквите својства се препишуваат на неговиот карактер, кои во такви воени и судбоносни
моменти за Организацијата биле и неопходни.5

6. Тодор Александров во ослободителните војни

Решенијата на Букурешкиот мировен договор, со кои не се согласиле во целост


министрите за надворешни работи на Русија и Австро-Унгарија (Русија го задржала
правото да одлучува на кого да му припадне Кавала со задгрбнината, а Австро-Унгарија го
зачувала правото за ревизија на целиот текст на Букурешкиот договор. Русија и Австро-
Унгарија, како Англија, Франција, Германија, и Италија, границата кај Енос-Мидија меѓу
Бугарија и Турција ја сметале за дефинитивна), предизвикале огорченост и разногласија
во редовите на ВМОРО во Македонија. Од букурешките решенија длабоко бил погоден и
Тодор Александров, но за разлика од могу други членови на ВМОРО тој не губел надеж за
иднината на Македонија, постојано ги убедувал своите соборци дека распарчувањето на
Македонија е само привремено. Во Меморандумот што го упатила Организацијата по
завршувањето на Втората балканска војна до разни страни и држави на Европа, јасно било
застапено гледиштето на Александров, кое инсистирало исклучиво за продолжување на
борбата за автономна, целокупна и независна Македонска држава.

Во тој однос, пред крајот на август 1913 година, по одобрение на ЦК на ВМОРО, а


имајќи ги за база ставовите на Русија и Австро-Унгарската влада за Букурешкиот мировен
договор, Александров и Григор Василев правеле дипломатска обиколка на европската

5
З.Тодоровски, Тодор Александров, Скопје, 2014.

17
дипломатија кон потребата за ревизија на Букурешкиот мировен договор. Александров
пред европските диплопати настапувал интро, прифаќан бил за рамноправен соговорник
од страна на разни европски субјекти како реалист, тврдејќи дека распарчувањето на
Македонија на зелена маса во Букурешт води кон нови балкански и европски судири.

Од тие причини, Александров и Григор Василев за разрешување на македонското


прашање пред европските дипломати изложиле нови поприфатливи предлози и тоа:
Создавање на независна и самостојна македонска држава под покровителство на Големите
сили, како прва варијанта, советување на Македонија со Албанија, како втора варијанта и
преминување на православните македонски верници под патронот на Католичката црква
како трета варијанта, и сето тоа било условено, Европа да ги потера од Македонија
српско-грчките окупатори, не сметајќи ја Бугарија како окупатор. Паралелно на
дипломатските активности, Александров ја возобновил мрежата на ВМОРО во Вардарска
и Беломорска Македонија. За да не дојде до било какви стратешкотактички организациони
и дипломатски грешки во работата на ВМОРО, распоредот и начинот на дејствата на
бојните чети, Тодор постојано се држел до советите на интелектуалците: Љубомир
Милетич, Христо Матов, Пејо Јаворов, Професор Иван Ѓорѓов, Проф.Никола Милев, и
други, кои практично го сочинувале р’бетот и крвотокот на Александровата повоена
ВМОРО.

По иницијатива на интелектуалците, Тодор со другите членови на ЦК на ВМОРО во


летото и есента 1913 година формирале Бугарско-албански, Бугарко-турски и Бугарско-
романски комитет за ослободување на Македонија и Тракија. Во септември истата година
во организацијата на Бугарско-албанкиот комитет било кренато Охридско-дебарското
востание за протерување на српските окупатори од Македонија.

Билансот на востането бил трагичен, листата на убиените, ранетите, апсените и


измачуваните македонски и албански востаници од страна на српската војска и полиција
била предолга. Меѓутоа Тодор не се разочарал од поразот, во замена за загубите на
востанието, тој во 1914 година презел нови чекори, се обратил до турската влада со
барање, ВМОРО да биде претставувана во Турција со свое дипломатско претставништво
преку кое ќе се известува Европа за се што се случувало во Македонија.

18
Александровата ВМОРО во тој период била многу активна, на српско-грчкиот терор
одговорила со терор, и не дозволувала особено на српската страна да ја обезбеди
границата кон Бугарија, АЛбанија и Грција, ниту пак да ги консолидира: судската,
финансиската, црковно-просветната, културната и полициско-воената власт и поредокот
во окупирана Македонија. Така на пример, Струмичката околија која во тоа време 1913-
1915 година се наоѓала во состав на царска Бугарија, прераснала во вистински бегалски
логор. Со прифаќањето и распоредот на бегалците од Вардарска и Беломорска Македонија
во Струмица раководела посебна Комисија чија работа ја координирал Коста Ципушев од
Радовиш, зет на Тодор Александров. Покрај воените дезертери и членовите на нивните
семејства, од Вардарска Македонија и Беломорска Македонија во Струмица, емигрирале
голем број учители, свештеници и осведочени членови и симпатизери на ВМОРО, како
учесницните-доброволци во Балканските војни кои се бореле во војната на страната на
бугарската армија. Кога бројот на бегалците се зголемил, Тодор Александров и
Александар Протогеров му заповедале на Коста Ципушев, претседателот на Комисијата за
прифаќање на емигрантите во Струмица, да започме со со воена обука на сите оние
бегалци што биле способни да носат оружје. За таа цел, во селото Свидовци, во куќата на
свештеникот Христо било изнајмен склад со оружје, а во аторот на селото Водоча
македонски војници-доброволци, кои во април 1915 година требало да се пресметат со
српската војска и полиција од просторите на Валандовска, Дојранска, Гевгелиска околија,
Демир Капија. Во близина на Струмица, Тодор Александров, Александар Протогеров,
коста Ципушев и други војводи на ВМРО организирале полуилегално воено училиште во
кое се обучувало идејно, и на оружје и за борба на нож.

Во тоа училиште биле донесени некои одлуки како: за напад на Валандово и село
Удово, за уривање на мостот на Вардар јужно од Демир Капија, за кревање војнички бунт
во Овче Поле. Не било тајна и податокот дека, Александров и Александар Протогеров за
издршка и вооружување на четничките и воени формации користеле германски и
австроунгарски пари. Во организација на Александровата ВМОРО исто така биле
подготвени познатите војнички бунтови во Крагуевац и Овче Поле во 1914-1915 година.

19
7. Активностите и тактиката на Тодор Александров во Првата светска
војна (1914-1918г)

Македонците и по Версајската мировна конференција останале поделени, непризнати,


асимилирани и одродувани. Поранешните македонски револуционери идејно поделени,
подложени на притисоци од балканските државни структури, иако без сигурни животни и
крајно неповолни услови продолжиле со борбата за конечно решавање на македонското
прашање. Тоа значело можност за повторно обединување на македонскиот народ и
формирање на македонска држава.

Во новите историски услови дејствувале повеќе македонски организации, друштва,


братства, групи и поединци во Македонија и во емиграцијата, кои имаа различни
размисли, програми, методи и начини на дејствување и борба. Дел од овие политички и
револуционерни сили ја следеле идејно – политичката подлога на првата Македонска
револуционерна организација, а дел од нив попаднале под туѓи влијанија. Од нив: ВМРО,
ВМРО (Обединета), Илинденската организација, Сојузот на македонските добротворни
братства, Македонската емигрантска федеративна организација, Македонските политички
организации во Америка, македонските друштва во Швајцарија учествувале во борбата за
решавање на македонското прашање и истото го истакнувале во меѓународни рамки. Во
целокупната дејност на овие организации посебен белег оставиле: Димо Хаџи Димов,
Ѓорче Петров, Владислав Ковачев, Арсениј Јовков, Димитар Влахов, Павел Шатев, Тодор

20
Александров и други. Во истиот период, дошле до израз претставувањето и
истакнувањето на силната македонска национална свест и признавањето на македонскиот
национален идентитет од страна на повеќе политички сили и меѓународни фактори.

Во годините по Букурешкиот мировен договор 1913-1915 година, Тодор Алексадров


непрекинато тврдел и ги убедувал своите соборци дека Македонија може повторно да
биде обединета и цела доколку дојде до војна меѓу големите европски сили. Поради
ваквите свои виденија, Александров со радост ја дочекал Првата светска војна. За
исполнување на целта, во декември 1914 година Александров и Протогеров одржувале
врски со моќниот германски трговец Розалиус и расправале на кој начин и како, со
германски пари да мобилизираат 25.000 илјадна македонска армија што би удрила во грб
на српската војска. Но сепак Александров и Протогеров не му дале конкретен одговор на
Розалиус за формирање на таква македонска армија, место одговор на трговецот, а за да
добијат во тежина пред германските воени кругови, во пролетта 1915 година двајцата
воини се зафатиле со трескавична подготовка за напад на Валандово и село Удово, како
прв чекор кој водел кон дефинитивно протерување на Србите од Македонија од една, и за
вовлекување на Бугарија во војната на страната на Германија и Австроунгарија од друга
страна. 6

Навистина четничкиот полувоен напад на Валандово и Удово на 02.04.1915 година за


српската страна бил катастрофален,, биле погубени сите војници и полицајци кои се
спротивставиле на добро увежбаната штурмова единица на Тодор Александров. Набргу по
нападот на Валандово истата година по предлог на група професори бил организиран
Првиот Македонски Парламент на кој присуствувале 67 дејци на ВМОРО, а Парламентот
расправал за и против учеството на Бугарија и ВМРО во Првата светска војна, при тоа што
Парламентот завзел став, ако веќе треба да се војува, поцелисходно за Бугарија и ВМРО
би било да учествуваат во војната на страната на Австро-Унгарија и Германија.
Меѓувремено, ЦК на ВМОРО добила парична и друга материјална помош од Германија и
Австро-Унгарија, со која во есента 1915 година била вооружена 11та македонска дивизија,
каде по заслуга на Тодор Александров и Протогеров и Петар Дарвингов, биле регрутирани
голем број македонски бегалци од Беломорска и Вардарска Македонија

6
Dimitar Bechev, "Historical Dictionary of the Republic of Macedonia", Scarecrow Press, 2009, p. 10.

21
Во борбите кај Криволак и на влезот на Брегалница во Вардар, учество во штурмот зеле
и Александров и Христо Чернопеев. По протерувањето на српските окупаторски војски
од Македонија во есента 1915 година, Тодор Александров и Александар Протогеров,
издејствувале од страна на Бугарскиот Генерал-Штаб согласнот, 11-та македонска
дивизија да настапува во идните воени акции на теренот самостојно, да биде командувана
исклучиво од воени лица-четници на ВМРО. При тоа Македонија успеала да се
организира како посебна територијална, административна и стопанска единица екипирана
исклучиво со кадри од ВМРО, кои биле поставени од страна на бугарските власти.
Александров отишол и подалеку, на 24.11.1915 година од Бугарскиот Двор и Влада
побарал создавање на посебно Воено Губернаторство за Македонија со главен град
Скопје, да има задача да ги открива и да ги прогонува од Македонија сите српски
доушници, учители и свештеници србомани и гркомани и други непријатели. На
просторите на македонското Губернаторство врз кој Александров имал увид врз се и во

кое иако имало прогони на србомани и гркомани, во просек добро се живеело. За неполни
4 години била создадена нова интелектуална генерација на Македонија, способна да се
рамни со интелектуалците на соседните земји. Уште пред да биде објавена војната на
Србија од страна на Бугарија, Александров и Протогеров, самите се понудиле нивни чети
да војуваат во првите редови при превземање на Нишката област.

8. Обновата на Македонската револуционерна организација

Анализирајќи ја новонастаната ситуација по Букурешкиот мировен договор, Тодор


Александров се обидувал да извелече поуки од минатото и да го траси патот за идното
дејствување на Организацијата. По овој договор ЦК и натаму се залагал за самостојност
на Македонија, но за разлика од порано, таа да биде под контрола на големите сили.

22
За таа цел бил изготвен и меморандум, кој бил испратен до големите сили од кој се
барало да се ревидира Букурешкиот мировен договор, со напомена дека во спротивно
ВМОРО ќе продолжи со борбата за постигнување на својата цел.7

Во идните денови на борба за ослобудување на Македонија, организацијата настапила со


ново име, ВМРО- Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска


Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици
и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле
распоредени во Македонија.

Атентатори на автономистичката ВМРО во почетокот на дваесеттите години на минатиот век


извршиле два атентата врз министри на Бугарија. Прво бил убиен министерот за внатрешни
работи Александар Димитров, кој претходно Александров го обвинил дека ги собирал околу себе „
отпадниците “ на ВМРО кои, според него, вршеле насилства, рекетарство и убиства и од нив
формирал чети и ги испраќал во Македонија. Во предупредувачкото писмо до министерот тој
подвлекува дека главно оружје на власта бил Ѓорче Петров кого го поставила за претседател на
Комисијата за бегалци. Димитров нема сериозно да ги сфати неговите предупредувања и затоа ќе
плати со живот. Бил ликвидиран додека патувал со автомобил за селото Козница.
Атентатор на автономистичката ВМРО ќе го егзекутира и наследникот на Димитров, министерот
Рајко Даскалов. За да го спаси од македонската организација премиерот Стамболиски ќе го
испрати за амбасадор во Прага, но и таму автономист на Александров ќе го пронајде.

 „ Даскалов продолжи да живее во чехословачкиот главен град, свесен за фактот дека го


демне смртна пресуда од ВМРО. Живееше во една вила во предградието. Едно утро (27
август, 1923 година) тој и двајца негови придружници чекореа од вилата кон градот кога
дваесет и двегодишниот автономистoт од ВМРО се судрил со него, да се осигури дека
не згрешил, повлекувајќи се неколку чекори, Македонецот го извлекол својот револвер и го
убил Даскалов“...

...., пишува американскиот писател со македонско потекло Стојан Христов.

7
Б.Синадиновски, Тодор Александров, Свети Николе, 1995.

23
Атентаторот Јордан Цицонков на судскиот процес изјавил дека тој и други
членови на ВМРО во мај 1923 година биле поканети од Александров во едно село на
Скопска Црна Гора, потсетувајќи ги на нивната должност кон македонската
револуционерна борба. Потоа им кажал дека владата на Стамболиски ги прогонувала
Македонците, по што ВМРО изрекла смртни пресуди за четворица членови од неговиот
кабинет. Тогаш го информирал Цицонков дека нему му се паднала ждрепката да го убие
Рајко Даскалов. Кога тој му рекол дека не знае странски јазик и дека ќе му биде тешко да
ја пронајде жртвата во Чехословачка, Александров го извлекол од торбата Уставот на
ВМРО и од него го прочитал извадокот:

„ Секој член на организацијата кој што ќе одбие да спроведе смртна пресуда ќе


биде застрелан не подоцна од дваесет и четири часа “. Цицонков од прашкиот суд бил
ослободен со образложението дека дејствувал како агент на ВМРО и дека се наоѓал под
„ невозможна принуда “, немал друг избор освен да ја исполни задачата или да умре.
Меѓутоа, подоцна одново бил суден во едно провинциско гратче. Го осудиле на 20 години.
По две години одлежани во затворот се самоубил.

За овој период карактеристични се борбите против федералистичките чети, кои Тодор


Александров преку весникот “Илинден” ги обвинил за престапници, предавници,
шпиони, платеници и се заканил дека ќе ги употреби сите средства во борбата против нив.
Во 1922 година на 16 октомври се случила една од поголемите акции против
федералистите кои биле предводени од војводата Тодор Паница и се наоѓале во Неврокоп.
8
Откако Паница со својата чета бил приморан да го напушти Неврокоп, во мај 1923
година, со 30-40 души повторно се обидел да го поврати градот но неуспешно, со ова
автономистите на Тодор Александров успеале да се утврдат во градот, претходејќи и
големата победа во декември 1922 година во Ќустендил.

Ќустендил преставувал главен пункт по должината на границата спрема Кралството на


СХС, со овој пункт раководел началник кој располагал со 30-40 четници кои имале
широки овластувања при нивното примање и ангажирање во четите. Основна задача им

8
З. Тодоровски, Тодор Александров, Скопје, 2014.

24
било да укажат помош на четите при преминување на границата во Вардарскиот, односно
Егејскиот дел на Македонија, како и при нивно враќање во Бугарија, да се грижат нивното
оружје и опрема.

Една од најголемата акција против федералистите се одиграла токму во Ќустендил, на 4


декември 1922 година четите на автономистичката ВМРО предводени од војводите Панчо
Михајлов-Чавдар, Иван Јанев-Брло, Мите Опилски и Борис Тиков, го нападнале и
окупирале Ќустендил и без отпор станале целосни господари на градот.

Оваа окупација на градот Ќустендил не само што преставувала голем удар за


федералистите, туку и за земјоделската влада на Александар Цанков, кој бил приморан да
преговара со војводите и да ги прифати нивните барања за испорачување на секој
федералист на органите на ВМРО.9

„ Њујорк тајмс “ од 10.8.1924 година ќе забележи дека:

„ ВМРО е организирана до совршенство, со своја пошта и дистрибутивни центри,


со своја милиција и одлично вооружени сили, располага со своја сопствена културна,
економска политика и претставува една вистинска држава, мистериозна силна и која има
строго определена цел, прогласување на Македонија за слободна држава со главен град
Солун “.

Се градат сојузништва со Албанци, Турци, Романци, муслимани, дури и со комунистите


и како што Тодор знаеше да рече:

„Aко е потребно ќе се здружиме и со ѓаволот, само за доброто на Македонија“.

9
З. Тодоровски, Тодор Александров, Скопје, 2014.

25
9. Состојбите во Македонското револуционерно движење од
потпишувањето на Мајскиот манифест до убиството на Тодор
Александров

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска


револуционерна организација(Обидинета) со нова политичка програма за единство во
дејствувањето на македонското револуционерно ослободително движење. Бил составен по
долги преговори на претставниците на ВМРО, Коминтерната и Македонската федеративна
организација, потпишан во Виена на 6 мај 1924 година од членовите на Централниот
комитет на ВМРО - Александар Протогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров. Со
Манифестот кон македонскиот народ и македонската емиграција раководството го
запознавало и општественото мислење на Балканот за претстојната борба на
Организацијата за ослободување и за обединување на раскинатите делови на Македонија.
Апелирало до сите револуционерни сили да се обединат за создавање единствен
македонски револуционерен фронт што ќе работи и за единствен балкански
револуционерен фронт. Мајскиот манифест претставувал пресвртница и нова страница во
борбата на ВМРО и воопшто на македонскиот народ, за создавање на обединета и
независна македонска држава. Манифестот во својот текст внел сосема нови формулации
по однос на решавањето на македонското прашање. Во документот, македонскиот народ
се третира како самостоен народ на Балканот без секакви дилеми и теориски конфузии за
неговата самобитност и врз основа на тоа се изведени правото и целите на борбата.
Манифестот произлегол од политиката на ВМРО, односно на Тодор Александров, за
успешно завршување на револуционерната борба и остварувањето на замислени цели,
како и од заинтресираноста на Коминтерната и Советскиот Сојуз за привлекување на

26
македонското револуционерно движење кон меѓународното комунистичко движење и
нивно заедничко делување. ВМРО и Тодор Александров во периодот помеѓу 1919 - 1923
година, и покрај соработката со бугарските воени кругови, оставиле впечаток кај
Македонците во сите делови на Македонија дека тие навистина стоеле на позициите на
независност и автономност. Во овој период ВМРО, со мали исклучоци, не се мешала во
внатрешниот политички живот на Бугарија, меѓутоа Организацијата имала затегнати
односи со земјоделската влада на Стамболиски поради неговите обиди за зближување
помеѓу Бугарија и Кралството на СХС. И покрај соработката со буарските воено-
политички кругови, Александров во 1922 година објавил дека ВМРО: не е против
комунизмот бидејќи националната револуција не ја исклучува социјалната. Со оваа
политика Александров си го отворил патот кон сите делови на Македонија и оставил
простот за идни кобинаторики со комунистичкото движење.

На 24 септември 1922 година во Горна Џумаја, КПБ организирала свој собир на кој
таа истапила со политика за признавање и поткрепување на стремежите на македонскиот
народ за самоопределеување, слобода и независност. По овој собир во Петрич биле водени
разговори помеѓу Димо Хаџи Димов, како преставник на КПБ и Тодор Александров, како
претставник на ВМРО. Тогаш за првпат биле воспостванеи пријателски односи за
соработка меѓу двете страни. Меѓутоа се до убиството на Александар Стамболиски,
разговорите помеѓу двете страни не забележале позначајни резултати, а Александров
водел тактичка игра. Учеството на ВМРО во државниот преврат ја разнишал положбата на
Александров и настапил процес на разочарување што водел кон ерозија на авторитетот на
Тодор Александров сред македонскиот народ и револуционерно движење. Отука
Александров сметал дека само преку разговори со комунистите, односно меѓународносто
комунистичко движење и соработката со него, ќе ја спаси Организацијата од распаѓање, а
и себеси како фактор. По јунскиот преврат ВМРО и КПБ започнале разговори за
конкретна соработка, а двете страни биле длабоко мотивирани за договор. КПБ се
подготвувала за востание против Александар Цанков, а БКП пред почетокот на
востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно,
барем да ја неутрализира. Александров во соработката со комунистите гледал шанса, за
повторно зацвртсување на своите позиции, дотолку повеќе што Коминтерната и БКП му

27
го признавале правото на легитимен претставник на мекедонското револуционерно
движење, од друга страна за притисок врз владата на Александар Цанков за добивање на
позиците во Бугарија за кои мислел дека му припаѓаат со активното учество во
соборувањето Стамболиски. Меѓутоа можно е Александров преку Коминтерната да се
обидувал да изнајде нов сојузник од кој би добил значајни финансиски средства и оружје
и на тој начин би се ослободил од зависноста на бугарските кругови.10

На 5 август ЦК на ВМРО се произнел по Манифестот со Декларација бр. 772,


објавена во весникот "Прапорец", во која било истакнато:
Во првиот број на весникот “La Fédération Balcanique”, кој излегува во Виена е
напечатен еден манифест, кој и се препишува на Централниот комитет на
Внатрешната Македонска Револуционерна Организација. Овој документ не е на
Централниот комитет. Од содржината и формата на овој манифест секој
може да види, дека тој е дело на егзалтирани комунисти. Остриот јазик против
владата на Бугарија и апелот кон сите Македонци и Бугари да поведат
најрешителна борба против неа, како да е таа главната пречка за
ослободувањето на Македонија, исто така ги издава партизанските чувства на
неговите автори. Во септември минатата година, Централниот комитет на
ВМРО во своја декларација го изложи карактерот на македонското
ослободително движење. Во неа се кажува: Револуционерната организација ги
обединува сите класи на македонскиот народ без разлика на народност, религија,
пол и политички убедувања... Внатрешната Македонска Револуционерна
Организација ќе продолжува да следи една линија на независно поведение. Таа
смета за успехот на својата кауза на слободољубивото мислење на целиот свет и
на сите организации и групи, коишто ја напишале на своите знамиња заштитата
на правото за слободното самоопределување на народите... Внатрешната
Македонска Револуционерна Организација не може да му служи на никоја држава
и на никоја партија, во која и да е држава. Таа смета на помошта и поддршката
на сите држави во нејзината борба против угнетувачите на Македонија и против
непријателите на македонската слобода. За таа цел таа влегува во врски со сите
големи и мали политички фактори во светот... Што се однесува до Бугарија,
Централниот комитет, кога изјавува дека не е работа на ВМРО да се меша во
внатрешниот и политичкиот живот, но дека ќе се бори со сите сили и средства
против непријателите и злоупотребителите со нејзиното име и престиж, кои и
да се и каде и да се наоѓаат тие, смета, дека е време, сите политички партии и
фактори да разберат дека ВМРО е единствена компетентна да ја насочува
својата дејност во преследувањето на својот идеал - слободна и независна
Македонија... Тоа било, тоа е и денес становиштето на Централниот комитет.
Сите други манифести, декларации и др., коишто се појавуваат или би се појавиле
10
Мајскиот Манифест и Декларацијата на ВМРО (Обединета), Скопје, 1948.

28
од негово име, ги ангажираат само нивните автори и никого друг 11Со своите
високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува,
Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на
планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија,
која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припаѓаат на
Југославија, Грција и Бугарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска
спогодба. Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и
Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-
четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни
од режимот установен во Македонија после мировниот договор

— Весникот Трибун де Женев, 24.09.1924 г.12

11
Декларација од Централниот комитет на ВМРО против Манифестот од 1924 година В М Р О Слобода или
смрт N 772 1 август 1924 г. Македонија
12
Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 г.

29
30
Мајски манифест

10. Убиството на Тодор Александров

На 31 август 1924 година Александров бил убиен, а челната позиција во ВМРО ја


презел самопрогласениот Ванчо Михајлов кој продолжил со терористичката активност
на целосно чистење на старата ВМРО. Убиството е извршено по потпишувањето на
Мајскиот манифест во Виена, кој имаше цел обединување на македонските

31
револуционерни сили во единствен револуционерен фронт за создавање самостојна
независна македонска држава или, пак, на автономија во рамките на балканска
федерација.

Тогаш во највисоките органи на автономистичката ВМРО биле Кирил Прличев,


синот на Григор Прличев, Георги Баждаров, Наум Томалевски, војводата Панчо Михајлов
и многу други познати револуционери. Бугарскиот двор и влада настојувале на чело на
организацијата да дојде помлад и послушен човек преку кого ќе можат да манипулираат
со ВМРО. Сите други повидни имиња на организацијата биле поискусни и попознати, па
така се определиле за Иван Михајлов. Mногу необично што во тоа време на чело на
најмасовната македонска револуционерна организација со долга традиција дошол токму
Иван Михајлов, незавршен студент и имал само 25 години, особено кога се знаело дека во
нејзините редови имало истакнати војводи и повеќемина интелектуалци.

Според верзијата на ВМРО, која најмногу се базирала на кажувањата на неколку


лица, директни учесници во тие настани, а пред се' исказот на Динчо Мицев Сугарски.
Според него Алеко Василев - Пашата, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата
Полски и Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему да отиде од селото
Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице, коешто
требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него дошле и војводите
Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со Алеко Василев.

Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и целата група заминала во


селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце Манолев пристигнал уште и Динчо
Марков Балкански. Овде Вретенаров и Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо
Балкански надвор од куќата и под заклетва им соопштиле, дека дојдените лица биле Тодор
Александров и Александар Протогеров, им објасниле кој е едниот, а кој другиот и им
кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров. Уште, според овој исказ, им било
речено дека убиството требало да се изврши по наредба на Алеко Пашата.

Околу 11 часот, претпладне групата во состав: Тодор Александров, Александар


Протоѓеров, телохранителот на Александров, Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо

32
Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово,
каде што требало да се одржи Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ на
ВМРО.

По настојување на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат


кон селото, што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била
весела и опуштена, при што Александров, не претчувствувајќи ја опасноста, разговарал со
Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била престигната од едно момче, кое
имало задача да донесе одморени коњи, но тоа незабележано од Александров било
запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш го вратил назад.

На едно планинско изворче, групата застанала да јаде. За цело време на ручекот се


воделе разговори по однос на плановите на Организацијата и по однос на борбата на
истата со претходната земјоделска влада на Бугарија, при што Александров бил љубезен
со сите и на неколкупати ја делел храната со другите негови соборци.

По јадењето групата го продолжила патувањето, при што Александров му ја дал на


носење својата пушка на Динчо Сугарски, со што останал без оружје. По извесно време,
тие пак застанале со цел да ги одморат коњите, а воедно и тие малку да отпочинат, што
било искористено од страна на заговорниците, секавично да дејствуваат. Штерју Влахов и
Динчо Вретенаров, застанале над Тодор Александров и стрелале со пушките во него, при
што разбуден од истрелите неговиот телохранител Панзо Зафиров се обидел да ја дофати
својата пушка, но и тој бил застрелан од страна на Динчо Балкански.

Александар Протогеров, изненаден од брзината на дејствијата, се онесвестил и со


таа своја постапка останала нејасна неговата улога во атентатот врз Тодор Александров. 13
По убиството телата на двајцата убиени набрзина биле закопани во блиската шума.

Покрај директните физички извршители на атентатот, кои се познати, како можни


нарачатели се посочувале повеќе страни: групата во ВМРО околу Алексо Василев -

13
Заговорътъ противъ Тодоръ, Александровъ, по данни на ВМРО, София, 1924, 28/30.

33
Пашата и Георги Атанасов, бугарските комунисти, Комунистичката Интернационала,
Иван Михајлов, Александар Протогеров и неговите приврзаници во Организацијата,
бугарската влада на Александар Цанков, но со сигурност не може да се утврди ниту еден
од горенаведените.

Постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор Александров,
кој како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја. Мотив за
неговото отстранување од високите позиции што тој ги имал во хиерархијата на
македонското националноослободително движење, имале помалку или повеќе сите
горенаведени фактори.

Освен дирекните извршители, кои се познати, кругот на заговорниците се стеснува


околу Алеко Паша и Георги Атанасов, чиешто сомнително држење во сите тие настани
укажува на најголема веројатност дека тие биле запознаени со плановите за атентат врз
Александров. Од гледна точка и на можните мотиви, сенката на сомнежот паѓа врз овие
двајца од причина што тие, без разлика на нивната идеолошка определеност, во периодот
пред атентатот се наоѓале во непријателски односи со Александров и се обидувале да
создадат силна опозиција, внатре во ВМРО, против првиот. Атанасов и Пашата, коишто за
краток временски период успеале да натрупаат милиони левови на своите конта за сметка
на угледот на Организацијата, исто така се плашеле дека на претстојниот Окружен
конгрес би можеле да ги изгубат високите позиции во водечката хиерархија во ВМРО, а со
тоа и стекнатите богатства.

Можат да се посочат два центри кои би можеле да бидат можните „интелектуални“


убијци на Тодор Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите
левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките фактори
блиски до бугарската влада на премиерот Александар Цанков.

“Последниот крал на планините,”македонскиот Робин Худ” така Александров


бил опишуван во лондонските и париските весници.Тодор Александров по неговата
смрт е едниствениот македонски револуционер кој од македонскиот народ во
Пиринско и Малешевијата е прогласен за -светец со пушка.

34
Тодор Александров е духот на македонската борба-неговиот дух крстосува низ
македонскта земја од Пирин до Шара,од Шара до Прохор Пчински,од Прохор Пчински
до Солун.Неговиот дух тлее во секое вистинско македонско срце се бунтова и
постепено ќе еволуира во револуција против сите оние кои денес газат на
македонското национално достоинство.

11. Цитати од и за македонскиот револуционер Тодор Александров

"ВМРО која ги претставува Македонците што се борат за национално


самоопределување, политичка слобода, самоуправа и најголема можна социјална правда,
има цел: ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА, распарчена меѓу Бугарија, Грција и
Србија во 1913 година со Букурешкиот договор за мир и со Нејскиот во 1919 година - ВО
ЕДИНСТВЕНА ПОЛИТИЧКА ЕДИНКА која потоа ќе биде рамноправен член на една
балканска федерација или барем во својата прва етапа од една Југословенска федерација."
- "Проект за спогодба меѓу ВМРО и Руската Советска Република" 30 декември 1923
година, потпишана од Тодор Александров.

"Ако и покрај нашите неколкукратни потсетувања за тоа, пак се насрчите да ги


испратите во Македонија под бугарска власт познатите разбојници на бугарското
општество – "федератисти" и дискредитираните пред сите бугарски граѓани и пред светот
крадци- "портокалови гардисти", ВМРО, пред да го стави во исполнување т. 2 од
решенијата во окружното под број 303/922 год. и окружното под број 416/923 год., од кој
по еден примерок Ви се приложува тука, го смета за свој заповеден долг да Ве предупреди
за последен пат, дека за сите лоши последици од ова безумие во Царството Бугарија и за
целото бугарско племе ги држи за одговорни: Вас лично, Вашите другари министри и сите
вредни учесници во ова дрско и предавничко злосторство, претседатели на друштва и др.
земјоделски големци." - ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ до г. Ал. Стамболиски, копие
– неговите другари министри и познати видни општественици, пратеници, претседатели

35
на друштва во Софија и др. од Чл. во Ц. К. на ВМРО, потпишано од Т. Александров, 10
април 1923 год - Прилог: 2 окружни, под број 303/922 и 416/923.

"Македонија во минатото даде великани, имиња кои ги изговараме со смирена


благонаклоност и со стравопочит. Македонија и сега создава големи по душа и
неповторливи маченици и херои, подготвени за самопожртвување, пред споменот или
ликот на кои им симнуваме капа. Јас лично, со своите слаби сили и способности, не сум
направил ништо повеќе од совесно исполнување на долгот кон распарчената и поробена
борбена татковина - Македонија. Функцијата, инаку, ми помогна да работам во моментот
со капитал, создаден од сите творци на македонската епопеја и да го претставувам
идеализмот, моралната сила и цврстината на борбена Македонија. Драгоцените квалитети
и дарби на Македонија се залог за сигурноста и брзо извојување на Независноста на
Македонија, а не способностите на малкумината водачи." - Тодор Александров, писмо до
неговиот пријател П.Стаматов, 20 јуни 1924 година.14

"Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе


стаса тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво
будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај
патеките изговарајки ги во шепт зборовите: Тодор ќе минува оттука." - генерал Томсон во
весник Тајмс, Лондон 1923 год.15

"Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и


секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од
целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42
годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога
беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга
моралност, народот го вика стариот и го почитува. Војводите и комитите му се предани до
крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги
откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000
динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како апостол, тој ги посетува
сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги
14
З.Тодоровски, Т.Александров, Се за Македонија- Документи 1919-1924, Скопје, 2005
15

36
советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани,
сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на
Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува
негово факање." - Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз.

"Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода.


Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за
ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните
што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се
работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата." - Коментар на публицистот Лонг во
унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1924 год.

"Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран.


Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен
профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор
Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за
најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста
предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската
револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги
восхитува оние кои го опкружуваат." - Публицист Пол Ерно, Весник Журнал, Париз, 1924
година.

"Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене
Македонија на нозе? Каде се наоѓа Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој не
може да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го
донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го
продолжува своето дело како апостол. Денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци
кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи
иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како
и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони,
бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат
истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни

37
одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу
нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат
независност во границите на Македонија пред 1912 година, тоа е нашето барање пред
Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не
уништат, или да ја признаат нашата независност." - Париски Журнал, септември 1923
година.

"Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со


сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ.
Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја
пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години
откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг
не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров." - Од Спомените на
професор Ханс Јубербергер.

"Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви


пред олтарот на ослободителното дело" - Спомени, Павел Шатев за Александров

"Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да


може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да
вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква
голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден
осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој
однос е единствениот историски пример. Дури сега ja разбираме смислата на искажаните
зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав
Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите
татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е
толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит
и благослов го шепоти името на "стариот" на верниот свој водач. А за младите ја
преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон
народот." - Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација
Скопје,1943

38
"Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не
простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на
планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која
во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија,
Грција и Бугарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.
Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и
Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-
четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од
режимот установен во Македонија после мировниот договор." - Весникот Трибун де
Женев од 24.09.1924 година.

39

You might also like