Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Граѓанското учество во најшироката смисла е склоп на ставови, знаења и вештини, но пред се

активности кои се од корист на општеството, oдносно го подобруваат општото добро и


благосостојбата на заедницата. Овие активности, кои најчесто се базираат на волонтерска работа,
се наоѓаат под разни термини кои често се употребуваат синонимно. Најчесто употребувани се
граѓанска партиципација, граѓанско учество, граѓански активизам, граѓанска вклученост,
ангажирано граѓанство, и граѓански ангажман. 1

Покрај граѓанското учество како начин за вклучување во најразлични социјални активности кои
имаат за цел општествени промени и подобрување во однос на реални проблеми го имаме и
волонтерството.

Волонтерството исто така е составен дел од граѓанското учество и со тоа уште повеќе се акцентира
придобивката на општеството од граѓанското учество. Така Меѓународната организација на труд
цени дека волонтерството придонесува најмалку 400 милијарди (американски) долари во
глобалната економија и освен тоа придонесува за обучување на работната сила . 2

Важна терминолошка, но и концептуална разлика воведуваат Dejaeghere & Hooghe (2009) кои
прават разлика меѓу конвенционална партиципација и граѓанска ангажираност, каде
конвенционалната партиципација е поврзана со употреба на постојните државни механизми за
влијание и всушност претставува политичка активност како на пр. гласање односно излезност на
избори, додека концептот „ангажираност“ е асоциран со волонтирање, помагање и активности во
заедницата. Волонтерството понатаму се дели на формално и неформално, каде формалното
волонтерство е волонтерство преку невладини, непрофитни и други видови на организации (ние
го нарекуваме и традиционално волонтерство), додека неформалното или нетрадиционалното
волонтерство е директно помагање на индивидуи вон рамките на одредена организација или
група.3

Младите во однос на граѓанското учество се истакнуваат од сите други категории од населението.


Вклученоста на младите во активностите на заедницата од најрана возраст, како на пример преку
волонтирање, спортски активности итн., им овозможува да се стекнат со искуства што понатаму би
им користеле при активно учество во решавање на проблеми и предизвици со коишто се
соочуваат и младите и заедницата во целост, како на пример младинска невработеност, социјална
исклученост, политички немири, сиромаштија и нееднаквост.

За тоа во последниве декади се става акцент на промовирање на граѓанското учество помеѓу


младите и нивно вклучување во активностите на заедницата во секое поле. Најчесто младите се
мотивирани да се вклучат во решавање на прашања што директно нив ги засегаат, а со тоа и
заедницата во којашто живеат. Исто така во последните декади помеѓу младите се забележува
тренд на оддалечување од институционализираните структури во општеството (како на пример

1
Lenzi, M., Vieno, A., Perkins, D. D., Santinello, M., Elgar, F. J., Morgan, A., & Mazzardis, S. (2012). Family
Affluence, School and Neighborhood Contexts and Adolescents' Civic Engagement: A Cross-National Study.
American Journal of Community Psychology, 50(1-2), 197- 210.
2
ILO. (2008). Manual of the Measurement of Volunteer Work Chapter 5 of Report I, General Report to the ICLS
Geneva: International Labour Organization.
3
политичките партии и гласачките активности), а приближување кон политичкиот активизам којшто
се заснова на одредена кауза.4

Младинското учество подразбира различни форми на активности кои младите ги преземаат како:
волонтерска работа, учество во форми на неформално образование, врсничка едукација,
учествување во работилници за донесување на одлуки и слично. Речиси сите општини во
државата развиваат програми за вклучување на младите во активностите на општината. Во врска
со зголемување на инклузијата на младите во 2018 година Владата се залага за воспоставување
систем за младинска работа, односно можност младите во текот на студирањето и да работат со
што би се подобрил нивниот животен стандард и би ја подобриле професионалната перспектива.
Но, за жал ваквата можност се уште е само идеја која се сретнува во дебатите -од време на време.

4
Цеков, А. (2018). Извештај за Индексот за младински развој во Македонија за 2018 година Прилеп:
Коалиција на младински организации СЕГА.

You might also like