Правилник За Именување На Членови На Претставнички Орган

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Врз основа на Статутот на Здружение на Граѓани КУД„Вера Јоциќ“

Македонска Каменица, Собранието на Здружение на Граѓани КУД„Вера


Јоциќ“ Македонска Каменица на седница одржана на 18.10.2020 година го
донесе следниов:

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ИЗБОР, ИМЕНУВАЊЕ И


РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРЕТСТАВНИЧКИОТ
ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ КУД„ВЕРА ЈОЦИЌ“
МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Член 1
Со овој Правилник се пропишува, начинот на избор, именување и
разрешување на Претставничкиот одбор на Здружение на Граѓани КУД„Вера
Јоциќ“ Македонска Каменица (во понатамошниот текст: Здружението)

Член 2
Изборот на членовите на Претставничкиот орган започнува со објавување на
јавен оглас кој го објавува Собранието на ЗГ КУД „Вера Јоциќ“ Македонска
Каменица во траење од 10 дена.

Член 3
Сите членови на ЗГ КУД„Вера Јоциќ“ Македонска Каменица имаат право да се
пријават на јавниот оглас за членови на Претставничкиот орган.

Член 4

По завршување на јавниот оглас Управниот одбор формира Изборна Комисија


составена од 4 членови (2 члена од У.О и 2 члена од Н.О) кои вршат проферка на
поднесените кандидатури и изготвува листа на кандидати за членови на
Претставничкиот одбор.

Член 5
По ова се пристапува кон гласање. Гласањето се одвива на тој начин што
секој член на Собранието добива ливче на кое што се наоѓаат сите
предложени кандидати, при што секој член има право да заокружи
максимален број на кандидати кој одговара на бројот на членовите на
Претставничкиот орган.
Член 6
По завршување на гласањето Изборната комисија утврдува ранг листа на
кандидатите на Претставничкиот одбор почнувајќи од оној кандидат кој добил
најголем број на гласови до оној со најмалку гласови.

Член 7
Постапка за избор на членови на Преставничкиот одбор. може да се спроведе и
по електронски пат.

Член 8
По завршување на гласањето, Изборната комисија изготвува извештај кој содржи
резултати од одржаното гласање, и го доставува до Собарнието каде што
Преседавачот им го верификуваа мандатот на избраните членови на
Претставничкиот одбор.

Член 9
Преседателот на Здружението ги разрешува членовите на Претставничкото тело
во следните случаеви:
1. Не е работно способен;
2. Неоправдано отсуствува на три последователни седници на Собранието;
3. По негово барање;
4. По барање на членовите на Комисијата при што повеќе од половината на
членовите гласале за разрешување на членот;
Член 10
Во случај да биде разрешен член на Претставничкиот одбор, Претседателот на
здружението поднесува барање до Изборната комисија да издаде одлука за
именување на нов член, каде што Преседавачот на првата наредна седница на
Собранието ќе му го верифицира мандатот на членот на Претставничкиот одбор.
Член 11
Овој правилник влегува на сила од денот на неговото усвојување.

ПРЕСЕДАВАЧ
_______________________

You might also like