Судир на закони

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 11

СУДИР НА ЗАКОНИ

1. Определување на меродавно право за правна и деловна способност на физичко лице и


на правно лице.
За правната и деловната способност на физичко лице, меродавно е правото на државата
чијшто државјанин е тоа лице. Физичкото лице кое би било деловно неспособно според правото
на државата чијшто државјанин е, деловно е способно ако има деловна способност според
правото на местото каде што настанала обврската. Одредбата не се применува на
семејните и наследните односи. Правна и деловна способност на правно лице. За правната и
деловната способност на правно лице, меродавно е правото на државата на која тоа и
припаѓа. Правното лице има припадност на онаа држава според чие право било основано. Ако
правното лице има стварно седиште во друга држава, а не во онаа во која е основано и според
правото на таа друга држава има нејзина припадност, ќе се смета како правно лице на таа
држава.

2. Определување на меродавно право за сопственост и други стварни права на предмети;


За сопственичко-правните односи и за другите стварни права на предмети, меродавно е правото
на местото каде што се наоѓа предметот. За односите во поглед на предмети што се наоѓаат
во превоз, меродавно е правото на местото на определувањето. За односите на превозни
средства, меродавно е правото на државата чија државна припадност ја имаат тие средства,
ако со прописите на Република Македонија поинаку не е определено.

3. Определување на меродавно право за договор – општо правило и меродавно право за


договорот во отсуство на избор на меродавното право и договори што се однесуваат на
недвижности;
А) За договор е меродавно правото што го избрале договорните страни, ако со овој закон или
со меѓународен договор поинаку не е определено. Волјата на страните за избраното право може
да е изразена изречно или да произлегува од одредбите на договорот или од други околности.
Странките можат да одредат меродавно право за целиот договор или само за еден негов дел.
Полноважноста на договорот за избор на меродавно право се оценува според избраното право.
Б) Ако не е избрано меродавно право, за договорот е меродавно правото на државата со која
тој договор е во најтесна врска. Се смета дека најтесна врска постои со онаа држава во која
во моментот на приемот на понудата се наоѓа живеалиштето, односно седиштето на
странката која е обврзана да ја исполни карактеристичната обврска за тој вид договор, освен
ако од посебни околности на случајот не произлегува дека договорот е во поблиска врска со
некоја друга држава. За договорот за превоз на стоки се претпоставува дека има најблиска врска
со државата во која во времето на склучувањето на договорот превозникот имал живеалиште -
ако е физичко лице, односно седиште - ако е правно лице, само ако во таа држава се наоѓа и
местото на натовар, истовар или живеалиштето на корисникот на превозот кој е физичко лице,
односно седиштето на корисникот на превозот кој е правно лице. В) За договори што се
однесуваат на недвижности исклучиво е меродавно правото на државата на чија територија се
наоѓа недвижноста.

4. Определување на меродавно право за договор завработување;


За договор за вработување, доколку странките не извршиле избор на меродавното право,
меродавно е правото на државата во која според договорот работникот вообичаено ја врши
својата работа, дури и кога работата привремено ја врши во друга држава. Ако според
договорот, работникот не ја врши својата работа само во една држава, меродавно е правото на
државата во која работодавачот има седиште, односно живеалиште. Со договорот за избор на
право, странките не можат да ја исклучат примената на императивните правила за заштита на
правата на работникот што ги содржи правото на државата во која работодавачот кој е правно
лице има седиште, односно живеалиште ако е физичко лице.

1
5. Определување на меродавно право за потрошувачки договор;
Како потрошувачки договор за примената на овој закон се смета договорот за испорака на
подвижни предмети или права на потрошувачот и договорот за вршење на услуги на
потрошувачот. Како потрошувач, за примената на овој закон се смета секое физичко лице кое
купува производи или користи услуги за непосредна лична потрошувачка за цели што не се
наменети за вршење на неговото занимање или други деловни дејности. Според овој закон не се
сметаат како потрошувачки договор:
1) договорот за превоз и
2) договорот за вршење на услуги на потрошувачот, доколку во целост се извршува надвор од
државата во која потрошувачот има свое живеалиште.

Независно од другите одредби на овој закон, на потрошувачкиот договор се применува правото


на државата во која потрошувачот има живеалиште, ако:
1) склучувањето на договорот е последица на понуда или на реклама во таа држава и ако
потрошувачот во таа држава ги презел дејствијата потребни за склучување на договорот;
2) спротивната договорна страна на потрошувачот или нејзиниот застапник ја примил порачката
од потрошувачот во таа држава и
3) купопродажниот договор бил склучен во друга држава, односно потрошувачот дал порачка во
друга држава, а патувањето било организирано од страна на продавачот со цел да се поттикне
потрошувачот на склучување на таков договор.
Во случаите, изборот на меродавното право кој го направиле странките, не може да ја
исклучи примената на императивните правила за заштита на правата на потрошувачите, содржани
во правото на државата во која се наоѓа живелиштето на потрошувачот.

6. Определување на меродавно право за вондоговорна обврска која произлегува од


стекнување безоснов;
На стекнување без основ се применува правото меродавно за правниот однос што настанал,
бил очекуван или претпоставен, а по повод кој настанало стекнувањето.

7. Определување на меродавно право за вондоговорна обврска која произлегува од


работоводство без налог;
За работоводство без налог меродавно е правото на местото каде што е извршено
дејствието на работоводителот. За обврските од употреба на предмети без работоводство и
за другите вондоговорни обврски што не произлегуваат од одговорноста за штета меродавно е
правото на местото каде што се случиле фактите што ја предизвикале обврската.

8. Определување на меродавно право за вондоговорна обврска настаната поради


дејствија кои му претходат на склучувањето на договор;
За вондоговорната обврска настаната поради дејствија кои му претходат на склучувањето на
договор, без оглед дали договорот навистина бил склучен или не, меродавно е правото на
државата кое е или би било определено како меродавно за тој договор согласно со одредбите
на овој закон, доколку тој би бил склучен. Кога меродавното право не може да биде определено
според ставот (1) на овој член, меродавно е: а) правото на државата во која настанала штета од
дејствието преземено пред склучувањето на договорот, независно од тоа во која држава се случил
настанот кој ја предизвикал штетата и независно од државата или државите во кои настанале
индиректни последици од тој настан или б) кога странките имале вообичаено престојувалиште во
иста држава во моментот кога се случил настанот кој ја предизвикал штетата, правото на таа
држава или в) кога од околностите на случајот очигледно произлегува дека вондоговорната
обврска, што настанала од дејствијата кои му претходат на склучувањето на договор, очигледно
потесно е поврзана со друга држава, различна од онаа определена во точките а) и б) на овој став,
правото на таа друга држава.

9. Определување на меродавно право за вондоговорна одговорност за штета – општо

2
правило;
За вондоговорна одговорност за штета, меродавно е правото на местото каде што
дејствието е извршено. По исклучок, на барање на оштетениот ќе се примени правото на
местото каде што настапила последицата, ако штетникот можел и морал да ги предвиди
последиците. Ако правото, нема потесна врска со односот, а постои очигледна врска со некое
друго право ќе се примени тоа право. Независно од одредбите, откако штетниот настан ќе
настапи, странките можат да го изберат меродавното право.

10. Избор на меродавно право за вондоговорните обврски;


Странките можат да го договорат меродавното право за нивните вондоговорни обврски: а) со
договор склучен по случувањето на настанот кој ја предизвикал штетата или б) со договор кој е
слободно склучен пред да се случи настанот кој ја предизвикал штетата, доколку сите страни
вршат трговски работи. Изборот на меродавното право од ставот (1) на овој член, мора да биде
изречен или со разумна сигурност да произлегува од околностите на случајот и тој да не ги засега
правата на трети лица. Доколку сите релевантни елементи на ситуацијата во времето кога се
случил настанот кој ја предизвикал штетата, се наоѓаат во друга земја, која не е земјата чие право
е избрано како меродавно, изборот на страните нема да влијае на примената на одредбите од
правото на таа друга земја чија примена не може да се исклучи со договор.

11. Определување на меродавно право за штета предизвикана од користење на


производ;
За вондоговорна одговорност за штета предизвикана од користење на производ независно од
членот 33 став (2) на овој закон, меродавно е: а) правото на државата во која оштетеното лице
имало вообичаено престојувалиште во времето кога настанала штетата, ако производот
бил рекламиран во таа земја, или доколку тоа не е случај; б) правото на државата во која
производот бил купен, ако производот бил рекламиран во таа земја, или доколку тоа не е
случај и в) правото на државата во која настанала штетата, ако производот бил рекламиран
во таа земја. Во секој случај правото на државата во која лицето од кое се бара одговорност има
вообичаено престојувалиште ќе биде меродавно, ако тоа лице не можело разумно да го предвиди
рекламирањето на производот или на производ од ист тип, во земјата чие право е меродавно
согласно со ставот (1) точки а), б) или в) од овој член. Кога од сите околности на случајот јасно
произлегува дека деликтот е очигледно потесно поврзан со држава различна од онаа што е
наведена во ставот (1) на овој член, меродавно е правото на таа друга држава. Очигледно
потесната врска со друга држава може да се заснова особено на претходна врска меѓу странките,
како што е на пример, договор, кој е тесно поврзан со односниот деликт.

12. Определување на меродавно право за законско и тестаментално наследување;


За наследување меродавно е правото на државата чиј државјанин бил оставителот во
времето на смртта. За способноста за составување на тестамент меродавно е правото на
државата чиешто државјанство завештателот го имал во моментот на составувањето на
тестаментот.

13. Определување на меродавно право за услови за склучување на брак и форма на


брак;
Во поглед на условите за склучување на брак, за секое лице меродавно е правото на
државата чиј државјанин е тоа лице во времето на стапувањето во брак. И кога постојат
услови за склучување на брак според правото на државата чиј државјанин е лицето кое сака да
склучи брак пред надлежниот орган на Република Македонија, нема да се дозволи склучување
на брак ако во поглед на тоа лице, според правото на Република Македонија постојат пречки
што се однесуваат на постоењето на поранешен брак, роднинство и неспособност за
расудување. За формата на бракот меродавно е правото на местото каде што бракот се
склучува.

3
14. Определување на меродавно право за неважност на бракот и развод на бракот;
За неважност на бракот меродавно е кое и да било право според кое бракот е склучен. За
развод на брак меродавно е правото на државата чии државјани се двајцата брачни другари во
времето на поднесувањето на тужбата. Ако брачните другари се државјани на различни држави во
времето на поднесувањето на тужбата, за развод на бракот е меродавно правото на државата во
која тие имале последно заедничко живеалиште, а ако воопшто немале заедничко живеалиште
меродавно е правото на државата на судот пред кој се расправа за развод на бракот. Ако еден
од брачните другари е државјанин на Република Македонија, независно од одредбата на ставот од
овој член, за развод на бракот меродавно е правото на Република Македонија.

15. Определување на меродавно право за лични и законски и договорни имотни


односи на брачните другари;
За личните и законските имотни односи на брачните другари меродавно е правото на
државата чии државјани се тие. Ако брачните другари се државјани на различни држави
меродавно е правото на државата во која имаат живеалиште. Ако брачните другари немаат
ниту заедничко државјанство, ниту живеалиште во иста држава, меродавно е правото на
државата во која имале последно заедничко живеалиште. Ако меродавното право не може да
се определи според ставовите на овој член, меродавно е правото на Република Македонија.
За договорните имотни односи на брачните другари меродавно е правото што во
времето на склучувањето на договорот било меродавно за личните и законските имотни
односи. Независно од одредбата на ставот од овој член брачните другари можат писмено да се
спогодат за нивните договорни имотни односи да биде меродавно:
1) правото на државата чие државјанство го има еден од брачните другари или
2) правото на државата во која има живеалиште најмалку еден од брачните другари или
3) за недвижности, правото на местото каде што тие недвижности се наоѓаат.

16. Определување на меродавно право за имотни односи на лица кои живеат во


вонбрачна заедница;
За имотните односи на лица кои живеат во вонбрачна заедница меродавно е правото на
државата чии државјани се тие. Ако лицата од ставот на овој член немаат исто државјанство,
меродавно е правото на државата во која имаат заедничко живеалиште. За договорните
имотни односи меѓу лицата кои живеат во вонбрачна заедница, меродавно е правото што во
времето на склучувањето на договорот било меродавно за нивните имотни односи.

17. Определување на меродавно право за односи меѓу родителите и децата,


признавањето, утврдување или оспорување на татковство, односно мајчинство и
обврска за издржување;
За односите меѓу родителите и децата меродавно е правото на државата чии државјани
се тие. Ако родителите и децата се државјани на различни држави, меродавно е правото на
државата во која сите тие имаат живеалиште. Ако родителите и децата се државјани на
различни држави, а немаат живеалиште во иста држава, меродавно е правото на државата чиј
државјанин е детето. За признавање, утврдување или оспорување на татковство, односно
мајчинство меродавно е правото на државата чиј државјанин е детето. За обврската за
издржување меѓу крвни сродници, освен родителите и децата или за обврската за издржување
на сродници по сватовство, меродавно е правото на државата чиј државјанин е сродникот од
кого се бара издржување.

18. Утврдување на странското право;


Судот или друг орган определен со закон по службена должност ќе ја утврди содржината
на меродавното странско право. Органот може да побара известување за содржината на
меродавното странско право од органот на државната управа надлежен за работите на правдата.
Странките во постапката можат да поднесат и јавна исправа за содржината на странското право.
Ако во одреден случај содржината на странското право не е можно да се утврди на некој од

4
начините со ставовите се применува правото на Република Македонија.

19. Вообичаено престојувалиште;


За примената на овој закон под вообичаено престојувалиште на физичко лице се смета местото
во кое лицето има воспоставено траен центар на животните активности, при што не е неопходно
да биде исполнета каква било формалност поврзана со пријавување или добивање на дозвола за
престој од надлежните државни органи. При определувањето на тоа место посебно треба да се
земат предвид околностите од личен или професионален карактер, кои произлегуваат од трајните
врски на лицето со тоа место или од намерата да создаде такви врски. Ќе се смета дека
физичкото лице има вообичаено престојувалиште во одредена држава, доколку на нејзина
територија непрекинато престојува подолго од шест месеци. По исклучок од ставот (1) на овој
член, за примената на овој закон, под вообичаено престојувалиште на физичкото лице кое врши
трговска активност се смета главното место во кое ја врши дејноста. За примената на овој закон,
под вообичаено престојувалиште за трговските друштва и за другите правни лица, се смета
местото во кое се наоѓа главната управа на тоа лице. Кога настанот од кој произлегла штетата ќе
се случи, или штетата ќе настане од работењето на подружница, претставништво или друга
деловна единица, местото во кое се наоѓаат таа подружница, претставништво или друга деловна
единица, ќе се смета како место на вообичаеното престојувалиште.

20. Лица со повеќе државјанства и лица без државјанство;


Ако лицето кое е државјанин на Република Македонија има државјанство и на некоја друга
држава, за примената на овој закон се смета дека има државјанство само на Република
Македонија. Ако лицето кое не е државјанин на Република Македонија има две или повеќе
странски државјанства, за примената на овој закон се смета дека има државјанство на онаа
држава чијшто државјанин е и во која има живеалиште. Ако лицето нема живеалиште во ниту една
од државите чијшто државјанин е, за примената на овој закон се смета дека има државјанство на
онаа држава чијшто е државјанин и со која е во најтесна врска. Ако лицето нема државјанство или
неговото државјанство не може да се утврди, меродавното право се определува според неговото
живеалиште. Ако лицето нема живеалиште или тоа не може да се утврди, меродавното право се
определува според неговото престојувалиште. Ако не може да се утврди ни престојувалиштето на
лицето од ставот на овој член, меродавно е правото на Република Македонија.

21. Возраќање и упатување;


Ако според одредбите од овој закон би требало да се примени правото на странска
држава, се земаат предвид неговите правила за определување на меродавното право. Ако
правилата на странската држава за определување на меродавното право возвраќаат на правото
на Република Македонија, ќе се примени правото на Република Македонија, не земајќи ги предвид
правилата за определување на меродавното право. Одредбите не се применуваат во случаите
кога странките имаат право да извршат избор на меродавното право.

22. Определување на меродаво право за менична способност;


Способноста на лицето менично да се обврзе се одредува според законот на неговата
земја. Доколку тој закон упатува на законот на друга земја, се применува законот на другата земја.
Лицето кое според законот од став 1 на овој член било менично правно неспособно, се смета дека
полноважно се обврзал ако потписот го дал на подрачјето на земјата по чии закони би имало
менично-правна способност.

23. Определување на меродавно право за формата на меницата и меничните дејства.


Формата на примањето на меничните обврски ја одредуваат прописите на земјата на чие
подрачје се примени тие обврски. Исклучок од став 1 постои ако: 1) преземените менични обврски
не се полноважни според прописите на земјата на чија територија се примени обврските, но
одговараат на прописите на земјата во која е преземена некоја подоцнежна обврска. Во таков
случај околноста дека поранешните обврски во поглед на формата се неправилни, не ја одземаат

5
полноважноста на подоцнежните обврски и 2) меничните обврски меѓу државјани на Република
Македонија преземени во странство кои се во согласност со одредбите на овој закон, а не се во
согласност со прописите во местото каде што настанале. Во таков случај меничните обврски се
полноважни. Формата и роковите на протестот како и формата на другите дејствија потребни за
вршење или за одржување на меничните права, ги одредуваат прописите на земјата на чија
територија треба да се подигне протест или да се изврши чинидбата.

24. Определување на меродавно право за чековна способност;


Способноста на лицето чековно да се обврзе се утврдува според законот на неговата земја.
Доколку тој закон упатува на законот на друга земја, се применува законот на другата земја. Лице
кое според законот од ставот 1 на овој член било чековно- правно неспособно, а потписот го дало
на подрачје на земјата по чии закони би имало чековно- правна способност, е полноважно
обврзано по чекот.

25. Определување на меродавно право за формата на чекот и чековните дејства;


Формата на примање на чековни обврски ја определуваат прописите на земјата на чие
подрачје се примени тие обврски, освен кога: 1) примените чековни обврски не се полноважни
според прописите на земјата на чие подрачје се примени обврските, но одговараат на прописите
на земјата каде што е примена некоја подоцнежна обврска. Во таков случај, околноста дека
поранешните обврски во поглед на формата се неправилни, не влијаат на полноважноста на
подоцнежните обврски и 2) чековните обврски меѓу наши државјани преземени во странство се во
согласност со одредбите од овој закон, а не се во согласност со прописите на местото каде што
настанале. Во таков случај, чековните обврски се полноважни. Формата и роковите на протестот,
како и формата на другите дејствија потребни за вршење или за одржување на чековните права,
ги определуваат прописите на земјата на чие подрачје мора да се подигне протест или да се
изврши дејствието. Дејството на обврските на издавачот на сопствениот чек се определуваат
според прописите што важат во местото каде што чекот е платив. Дејството што го произведуваат
обврските на другите чековни обврзници се определуваат според прописите на земјата на чие
подрачје се ставени потписите со кои тие обврски се примени.

26. Определување на меродавно право за договорот за осигурување во воздушниот


сообраќај;
На договорот за осигурување во воздушниот сообраќај и за односите кои од него
произлегуваат се применува правото на седиштето на осигурувачот под услов:
1) странките изречно да не одредиле право меродавно за договорот, а од околностите на
случајот не може да се утврди ниту нивната намера за примена на одредено право и
2) правото чија примена странките ја договориле да не може да се примени на дел од
договорот за осигурување во воздушниот сообраќај или на некој однос од тој договор, или само на
тој дел од договорот, односно на правниот однос од тој договор.
(2) По исклучок од одредбата од ставот (1) на овој член, на односите од договорот за
осигурување во воздушниот сообраќај се применува правото на Република Македонија, ако сите
заинтересирани лица во тој договор се државјани на Република Македонија со живеалиште во
Република Македонија или се правни лица со припадност на Република Македонија со седиште во
Република Македонија, а се работи за осигурени предмети кои се изложени на покриени ризици
исклучиво на територијата на Република Македонија.
27. Определување на меродавно право за стварните права на воздухопловот и за
одговорноста за штета која воздухопловот во лет ќе ја причини на земјата;
Во поглед на правото на сопственост и другите стварни права на воздухопловот се применува
правото на државата во која воздухопловот е регистриран.
На одговорноста за штетата од членот 107 на овој закон се применува правото на државата на
чија територија е нанесена штетата.
штетата настаната на земја поради смрт, оштетување на здравјето или повреда на трети лица,
како и за штетата нанесена на ствари која директно ќе ја предизвика воздухоплов во лет, или лица
или ствари кои испаднале, или се исфрлени од воздухоплов во лет./штетата која е предизвикана
6
со самото поминување на воздухопловот низ воздушниот простор ако до штетата дошло поради
непридржување кон соодветните прописи за безбедноста на воздушниот сообраќај /моментот на
покренувањето на моторите со цел за полетување, па сé до моментот на запирање на
воздухопловот и престанокот на работата на моторите заради слетување.
28. Услови и начини на укажување на меѓународна правна помош во граѓанска материја;
Судовите ќе им укажуваат правна помош на странски судови во случаите предвидени со
меѓународен договор, како и кога постои заемност во укажувањето на правна помош. Во случај на
сомневање за постоење на заемност, објаснение дава министерот за правда. Судовите им
укажуваат правна помош на странските судови на начин предвиден со домашното законодавство.
Дејствието кое е предмет на молба на странскиот суд може да се изврши и на начин кој го бара
странскиот суд, ако таквата постапка не е спротивна на јавниот поредок на Република Македонија.
Ако со меѓународен договор поинаку не е определено, судовите ќе ги земаат во постапка молбите
за правна помош на странските судови, само ако се доставени по дипломатски пат и ако молбата
и прилозите се составени на македонски јазик или ако е приложен заверен превод на тој јазик. Ако
со меѓународен договор не е определено нешто друго, молбите на домашните судови за правна
помош се доставуваат до странските судови по дипломатски пат. Молбите и прилозите мораат да
бидат составени на јазикот на замолената држава или кон нив мора да биде приложен нивни
заверен превод на тој јазик.

29. Одбивање на укажување на меѓународна правна помош во граѓанска материја.


Судот ќе одбие да му даде правна помош на странски суд ако се бара извршување на
дејствие кое му е спротивно на јавниот поредок на Република Македонија. Во таков случај судот
надлежен за укажување на правна помош по службена должност ќе го достави предметот до
Врховниот суд на Република Македонија. Ако замолениот суд не е надлежен да го изврши
дејствието за кое е замолен, ќе му ја отстапи молбата на надлежниот суд, односно на друг
државен орган и за тоа ќе го извести судот од кој ја примил молбата, а ако надлежниот суд,
односно државниот орган не е познат, ќе ја врати молбата.

30. Поим на меѓународна правна помош во кривична материја


Меѓународната правна помош опфаќа: - извршување процесни дејствија како што се
доставување на списи, писмени докази и предмети што се во врска со кривичната постапка во
државата молител, - доставување на спонтани информации, -размена на определени информации
и известувања, - привремен пренос на лица лишени од слобода, -прекугранично набљудување, -
контролирана испорака, - користење на лица со прикриен идентитет, -заеднички истражни тимови,
- следење на комуникации, -испитување по пат на видеоконференција, -испитување по пат на
телефонска конференција, - претрес на простории и лица, - привремено обезбедување на
предмети, имот или средства кои се во врска со кривичното дело, - привремено замрзнување,
запленување и задржување на фондови, банкарски сметки и финансиски трансакции или приноси
од кривично дело, - конфискација на имот и имотна корист, - одземање на предмети, - заштита на
личните податоци, - кривична и граѓанска одговорност на функционерите и -доставување на
изводи од казнена евиденција.

31. Форма, содржина на замолница и начин на постапување кај меѓународна соработка


во кривична материја
Форма и содржина на замолницата- Замолницата се поднесува во писмена форма.
Замолницата содржи: 1) назив на органот што ја составил и назив на органот до кој е упатена; 2)
правен основ за давање на меѓународна правна помош; 3) опис на дејствијата и причината за
поднесување на замолницата; 4) законски назив на кривичното дело и краток опис на фактичката
состојба; 5) лични податоци и државјанство на лицето во врска со кое се бара меѓународната
правна помош; 6) својството на лицето во постапката и 7) назив на списот што се доставува и име
и адреса на примателот во случај на достава на судски и други списи. Замолницата и списите
мора да бидат потпишани и заверени со печат на правосудниот или другиот надлежен орган
од кој се доставуваат. Ако податоците содржани во замолницата и приложените списи не се

7
доволни од органот што ги доставил, може да се побараат дополнителни податоци и списи во
разумен рок од денот на добивањето на замолницата. Начин на постапување- Домашниот
надлежен орган по замолницата ќе постапи на начин кој е означен во замолницата. Домашниот
надлежен орган решава по замолницата на странскиот надлежен орган без одлагање. Кога
домашниот надлежен орган ќе оцени дека не е во состојба да постапи по замолницата во посебно
определениот рок во неа, а во образложението дадено во законот изрично е наведено дека секое
одлагање ќе доведе до значително нарушување на постапката пред странските надлежни органи,
домашниот надлежен орган без одлагање ќе го извести странскиот надлежен орган за времето
потребно за постапување по замолницата. Ако по замолницата на странскиот надлежен орган не
може да се постапи целосно или делумно, за тоа без одлагање домашниот надлежен орган ќе го
извести странскиот надлежен орган, наведувајќи го начинот по кој може да се постапи и причините
поради кои не може да се постапи во целост по замолницата.

32. Присуство на службено лице при преземање дејствија на правна помош во кривична
материја
По замолница на странски надлежен орган странско службено лице да присуствува при
преземање дејствија за меѓународна правна помош пред домашен правосуден орган, домашниот
правосуден орган без одлагање ќе го извести странскиот надлежен орган дали се согласува со
барањето. Ако домашниот правосуден орган се согласува ќе го извести странскиот надлежен
орган за датумот и местото на преземање дејствија на соработка. Претставници на странскиот
надлежен орган и лица кои учествуваат во кривичната постапка, по согласност на домашниот
правосуден орган можат да присуствуваат за време на преземање на дејствија за меѓународна
правна помош. Ако овие лица не се во можност да присуствуваат тие имаат право да достават
прашања во писмена форма.

33. Привремено предавање и спроведување на лице лишено од слобода во постапка за


меѓународна правна помош во кривична материја
Ако странскиот надлежен орган за потребите на истрага или кривична постапка што е во
тек во странска држава, достави покана притвореното лице или лицето кое се наоѓа на
издржување казна затвор во РСМ, да биде испитано во својство на сведок или заради соочување,
РСМ може привремено да го предаде на странската држава. Одлуката за привремено предавање
на бараното лице ја носи кривичниот совет на надлежниот суд по претходно мислење на јавниот
обвинител. Лицето ќе биде привремено предадено на странскиот надлежен орган, ако даде
гаранции во однос на неговата заштита и под услов да биде вратено во рокот определен од
страна на РМ. Домашниот правосуден орган може да го одбие привременото предавање, ако: -
лицето лишено од слобода не даде согласност за неговото привремено предавање на записник, -
поради привремено предавање на лицето лишено од слобода дојде до продолжување на неговото
лишување од слобода и -постојат други причини што се спротивни на неговото привремено
предавање. Привременото предавање може да се одложи ако присуството на лицето лишено од
слобода е потребно во кривичната постапка што се води пред домашните правосудни органи.
Привременото предадено лице за потребите на постапката пред странскиот надлежен орган,
останува во притвор во странската држава до неговото враќање во РМ.

34. Предавање на привремено одземени предмети, документи и имотна корист во


постапка за меѓународна правна помош во кривична материја
Предмети, документи и имотна корист што биле привремено одземени, како и списите и
одлуките за привремено одземање ќе се предадат на странскиот надлежен орган по негово
барање по завршувањето на постапката за меѓународна правна помош во РСМ. Предметите,
документите и имотната корист ќе се предадат на странскиот надлежен орган, ако: - странскиот
надлежен орган гарантира нивно враќање без надоместок по завршувањето на доказната
постапка, - трето лице докаже дека не знаело и не можело да знае дека предметот, документот
или имотната корист се стекнати со кривично дело и - оштетениот, кој има живеалиште или
престојувалиште во РМ, или државниот орган, го истакне своето право врз доставените предмети,
документи и имотна корист. Во случај да се води кривична постапка пред домашен правосуден
8
орган, предавањето ќе се одложи до правосилното завршување на постапката.

35. Предавање на одземени предмети и имотна корист во постапка за меѓународна


правна помош во кривична материја
Предметите и имотната корист што биле одземани со цел за нивна заштита можат да му
бидат доставени на странскиот надлежен орган по негово барање. Предметите и имотната корист
ги опфаќаат: 1) предметите со кои е извршено кривичното дело; 2) предметите кои настанале како
резултат на извршувањето на кривичното дело или нивна противвредност, приносите од
кривичното дело или нивната противвредност и 3) подароците дадени со цел да се поттикне
извршување на кривично дело, како и наградите за кривичното дело или нивна противвредност.
Предавањето на предмети и имотна корист може да се изврши врз основа на правосилна и
извршна одлука на странскиот надлежен орган. Предметите и имотната корист трајно се
задржуваат во РМ во случај, ако: 1) се добра под привремена заштита или културно наследство
или се природни реткости на РМ; 2) оштетениот има живеалиште или престојувалиште во РМ, а
треба да му се вратат; 3) домашен надлежен орган истакне право на РМ над нив; 4) лицето кое
има живеалиште или престојувалиште во РМ и не учествувало во извршувањето на кривичното
дело, ќе докаже дека не знаело и не можело да знае дека предметот и имотната корист се
стекнати со кривично дело во РМ или во странство; 5) се потребни за спроведување на кривична
постапка која е во тек во РМ; 6) се потребни за примена на мерка конфискација на имот и имотна
корист и одземање на предмети и 7)станува збор за предметите што според Кривичниот законик
мора да се одземат.

36. Конфискација на имот и имотна корист во постапка по меѓународна правна помош во


кривична материја
Конфискација на имот и имотна корист во постапката за меѓународна правна помош, се
врши согласно со одредбите од Кривичниот законик, Законот за кривичната постапка и
меѓународните договори. Со парите добиени од извршувањето на налогот за конфискација на
имот располага РМ на следниов начин: 1) ако износот добиен од извршувањето на налогот за
конфискација е под 10.000 евра или е еднаков на тој износ, износот се слева во Буџетот на РМ и
2) во сите други случаи 50% од износот добиен од извршувањето на налогот за конфискација РМ
префрла на странската држава. Со имотот што не се состои во пари, добиен од извршувањето на
налогот за конфискација, се располага на еден од следниве начини за што треба да одлучи
домашен надлежен орган: 1) имотот може да се продаде, во тој случај, со приходот од продажбата
се располага во согласност со одредбите од законот и 2) имотот може да се префрли на
странската држава, а ако налогот за конфискација опфаќа паричен износ, имотот може да се
префрли на странската држава кога таа ќе даде согласност.

37. Доставување на изводи од казнена евиденција во постапка по меѓународна правна


помош во кривична материја
Министерството ќе го извести странскиот надлежен орган за сите правосилни кривични
пресуди што им се изречени на неговите државјани кои се заведени во казнената евиденција. По
барање на странскиот надлежен орган Министерството ќе достави: 1) препис од пресудата; 2)
изводи и други податоци од казнената евиденција и 3) податоци и за лица кои се државјани на
замолена држава, а кои се под истрага или против кои е покрената кривична постапка во РМ. За
кривичните дела правење и пуштање во оптек фалсификувани пари, неовластено производство,
пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, трговија со луѓе,
прикажување на порнографски материјал на дете, како и за други кривични дела во однос на
кои со меѓународни договори се предвидува централизација на податоците Домашниот надлежен
орган пред кој се води кривичната постапка е должен, без одлагање, да ги достави до
Министерството за внатрешни работи податоците за кривичното дело, за сторителот и
правосилната пресуда.

38. Испитување по пат на видеоконференција и во постапка по меѓународна правна


помош во кривична материја
9
Ако лицето кое треба да биде испитано во својство на сведок или вештак се наоѓа на
територијата на друга држава, домашен правосуден орган може да бара, испитувањето на лицето
да се спроведе по пат на видеоконференција. Странскиот надлежен орган треба да даде
согласност за испитување по пат на видеоконференција доколку тоа е во согласност со
законодавството на странската држава и доколку таа располага со технички средства што
овозможуваат спроведување на такво испитување. Ако странската држава не располага со такви
средства, Република Македонија може нејзините средства да и ги стави на располагање, доколку
странската држава се согласи со тоа. Ако странски правосуден орган бара да биде испитано во
својство на сведок или вештак лице кое се наоѓа во Република Македонија по пат на
видеоконференција за барањето одлучува надлежен јавен обвинител. Испитувањето по пат на
видеоконференција може да се спроведе, ако се применуваат следниве правила: - испитување
по пат на видеоконференцијата да се спроведува пред домашен правосуден орган според
домашното законодавство, а по потреба во присуство на толкувач, - домашниот правосуден орган,
пред кој се спроведува испитувањето, го утврдува идентитетот на лицето кое се испитува, -
домашниот правосуден орган, пред кој се спроведува испитувањето, обезбеди мерки за заштита
на лицето кое се испитува и - лицето кое се испитува да може да се повика на правото да не дава
исказ во својство на сведок или вештак. За текот на видеоконференцијата се составува записник
во кој се внесува датум и место на испитувањето, идентитетот на лицата кои се испитуваат,
идентитетот и функциите на сите други лица кои учествувале во испитувањето, сите дадени
заклетви и техничките услови под кои се одвивало испитувањето.

39. Испитување по пат на телефонска конференција во постапка по меѓународна правна


помош во кривична материја
Ако лицето кое треба да биде испитано во својство на сведок или вештак се наоѓа на
територијата на друга држава, домашниот правосуден орган може да бара лицето да биде
испитано по пат на телефонска конференција. Ако странскиот надлежен орган бара да биде
испитано во својство на сведок или вештак лице кое се наоѓа на територијата на Република
Македонија по пат на телефонска конференција за барањето одлучува надлежен јавен обвинител
на Република Македонија. Испитувањето по пат на телефонска конференција може да се
спроведе, ако: - лицето се согласило со испитувањето и - телефонската конференција е во
согласност со домашното законодавство. Барањето за спроведување на телефонската
конференција треба да содржи податоци за времето и местото на испитувањето и напомена за
дадената согласност од лицето кое треба да биде испитувано. Домашниот правосуден орган кој ја
спроведува телефонската конференција ги презема следниве дејствија: - го известува лицето за
времето и местото на испитувањето, - го утврдува идентитетот на лицето и - потврдува дека
лицето се согласило да биде испитано по пат на телефонска конференција.

40. Прекугранични набљудувања во постапка по меѓународна правна помош во кривична


материја
Ако во текот на истражна постапка во странска држава предмет на набљудување е лице за
кое постои сомневање дека учествувало во вршење на кривично дело или лице за кое постојат
сериозни причини да се верува дека може да помогне во идентификација на лице за кое постои
сомневање дека учествувало во вршење на кривично дело за кое според одредбите на Законот за
кривичната постапка може да се применат посебни истражни мерки, странската држава има
право да побара од надлежното јавно обвинителство на Република Македонија да дозволи
службени лица на странската држава да продолжат со започнатото набљудување на територијата
на Република Македонија. Врз основа на претходно поднесено барање за меѓународна правна
помош надлежното јавно обвинителство на Република Македонија дава овластување да се
продолжи со набљудувањето. Овластени службени лица од домашни надлежни органи, имаат
право да бараат од странски надлежни органи да дозволат продолжување на започнато
набљудување на територијата на странската држава, кога истражната постапка се води во
Република Македонија. Кога поради особено итни причини не може да биде побарано претходното
овластување од надлежното јавно обвинителство во Република Македонија, овластени службени
лица на странската држава може да го продолжат набљудувањето под следниве услови: 1) за
10
преминување на границата државата молител веднаш да го извести надлежното јавно
обвинителство на чија територија продолжува набљудувањето и 2) барањето за меѓународна
правна помош, кое ги содржи причините за преминување на границата без претходно
овластување, дополнително да се достави без одлагање. Набљудувањето се запира веднаш, ако
странската држава не го извести надлежниот јавен обвинител на Република Македонија за
преминувањето на границата или ако овластувањето не е добиено најдоцна во рок од пет часа по
преминувањето на границата. При набљудувањето: 1) овластените службени лица на странскиот
надлежен орган кои вршат набљудување на територијата на Република Македонија, треба да
постапуваат согласно со законодавството на Република Македонија и да ги почитуваат наредбите
на домашните надлежни органи; 2) овластените службени лица на странскиот надлежен орган
во текот на набљудувањето на територијата на Република Македонија, освен во случаите
припошани со закон, треба да имаат документ со кој се потврдува дека им е дадено овластување
и треба да бидат во можност во секое време да го докажат своето службено својство; 3)
овластените службени лица на странскиот надлежен орган кои вршат набљудување на
територијата на Република Македонија можат да го носат нивното службено оружје во текот на
набљудувањето, освен ако поинаку не одлучиле домашните надлежни органи, а употребата на
оружјето е забранета, освен во случај на самоодбрана; 4) на овластените службени лица на
странскиот надлежен орган им е забрането да влегуваат во живеалишта и места кои не се
достапни за јавноста и 5) странските надлежни органи од кои доаѓаат овластените службени лица
кои вршат набљудување на територијата на Република Македонија, по барање на домашните
надлежни органи и даваат помош на истрагата што следи по спроведеното набљудување.

41. Контролирана испорака во постапка по меѓународна правна помош во кривична


материја
По барање на јавниот обвинител на Република Македонија или од него овластен надлежен
јавен обвинител, надлежен судија на претходна постапка може со наредба да дозволи
пристапување кон контролирана испорака на лица и предмети од странска држава на територијата
на Република Македонија во рамките на кривичната истрага, за кривични дела за кои според
одредбите на Законот за кривичната постапка може да се применат посебни истражни мерки.
Наредба за пристапување кон контролирана испорака надлежниот јавен обвинител на Република
Македонија донесува за секој случај посебно, согласно со домашното законодавство. За
дејствувањето, управувањето и контролата на активностите за контролираната испорака,
надлежни се правосудната полиција и други службени лица овластени од надлежниот јавен
обвинител на Република Македонија или од надлежниот судија на претходна постапка. При
контролираната испорака заради документирање за кривични дела за кои според одредбите на
Законот за кривичната постапка може да се применат посебни истражни мерки, може да се
применуваат техничките средства согласно со домашното законодавството. Надлежниот јавен
обвинител на Република Македонија може да побара од странски надлежни органи на нејзината
територија да биде организирана контролирана испорака на лица и предмети.

42. Користење лица со прикриен идентитет во постапка по меѓународна правна помош


во кривична материја
Надлежниот јавен обвинител на Република Македонија може да побара помош од странска
држава и да даде помош на странска држава во спроведување на кривични истраги на лица со
прикриен идентитет. За секој посебен случај од страна на надлежниот јавен обвинител на
Република Македонија или судијата на претходна постапка се носи наредба, согласно со
домашното законодавство, при што двете страни се договараат за траењето на користење на
лица со прикриен идентитет, за условите и за правен статус на соодветните лица со прикриен
идентитет. Користење на лица со прикриен идентитет се спроведува согласно со домашното
законодавството и на законодавството на државата на чија територија се спроведува кривична
истрага, а Република Македонија и странската држава соработуваат заради обезбедување на
подготовки и надгледување, како и за преземање мерки на безбедност на лицата со прикриен
идентитет.

11

You might also like