Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

На почетокот, нараторот, кој раскажува во прво лице, се навраќа на своите први

цртежи и на неуспешниот обид да биде сликар, по што станува авијатичар. Поради


дефект на авионот, тој е принуден да се спушти среде пустината Сахара каде што ќе го
сретне малиот принц, кој на Земјата е дојден од друга планета, астероидот Б 612.
Особено важни се меѓупланетарните патувања на принцот, кои отвораат цела галерија
портрети на луѓе, што својот живот го посветиле на безумни цели: крал кој управува со
илузорна империја, вообразеник опиен од суета, бизнисмен занесен со сметање на
ѕвезди итн. Кога веќе еднаш стигнува на Земјата, принцот се соочува со уште една
група симболи, кои се во улога на подучувачи и морализатори. Се чини дека најважна
од сите е лисицата, која на принцот му открива една голема тајна, која како да ја носи
суштината на целото дело:

„…човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите.“


И така, принцот доаѓа до сознанието дека времето што го загубил за неговата ружа е
она што ја прави толку значајна и поразлична од многуте расцветани ружи во
градината, кои иако убави, се неприпитомени и празни. Кога недостигот од вода во
пустината станува алармантен, принцот му го открива на пилотот неисцрпниот извор,
богатството што секој го носи во себе. Наскоро доаѓа часот на нивната разделба.
Обземен од споменот за своето цвеќе, принцот ја замолува змијата смртоносно да го
касне, зашто само така ќе може да ја напушти Земјата и да се врати онаму од каде што
доаѓа.

You might also like