Professional Documents
Culture Documents
Зошто Крвната Група Нулта е Посебна
Зошто Крвната Група Нулта е Посебна
Зошто Крвната Група Нулта е Посебна
Доколку имате 0 крвна група вашето генетско наследство ви нуди можност да бидете силни,
продуктивни, да имате долг живот и да бидете оптимисти.
Крвната група 0 е првобитен тип на крв од нашите предци, кои биле лукави и агресивни
предатори. Личностите кои ја поседуваат оваа крвна група играат важна улога во секое друштво,
се до денешен ден.
Луѓето со 0 крвна група имаат предиспозиции за одредени болести, како што е чиреви и
дисфункција на штитните жлезди. Често имаат низок ниво на хормони на штитните жлезди и
недостаток на јод.
Во Јапонија оваа крвна група веќе долго време се поврзува со одреден тип на личности. Таму дури
на интервју за работа може да ви биде поставено прашањето за типот на вашата крвна група.
Луѓето со 0 крвна група најчесто се опишуваат како одговорни, организирани, фокусирани,
совесни и практични.
Се верува дека овие луѓе подобро се ориентираат и дека се подобри логичари, а исто така се
смета дека нивните предци биле ловци, кои морале да посматраат и прецизно го проценуваат
окружувањето, за да можеле да преживеат.
Подлежи на стрес
Поради прекумерен бес и хиперактивност, може да дојде до стрес. Луѓето со оваа крвна група се
подложни на деструктивно однесување кога се премногу уморни, депресивни или кога им е
досадно. Тогаш се подложни на коцкање или можат да се занимаваат со активности кои се
подложни на адреналин, прекумерен ризик и импулсивност.
Вежбањето е одлично решение, затоа што има дејство на опуштање на целото тело. Повеќе од
сите други крвни групи, нултата крвна група има потреба да биде физички активна, поради
одржувањето на здравјето и емоционална стабилност. Редовната физичка активност е неопходна
три до четири пати неделно.