Рецепт за најмекиот домашен путер Повеќе никогаш нема да го купите!

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Рецепт за најмекиот домашен путер: Повеќе никогаш нема да го купите!

Овој рецепт е толку едноставен, што веднаш ќе посакате да го испробате и вие.

За било кој производ и да се работи, секогаш е подобро за самите да си го направите во домашни


услови, бидејќи во тој случај точно ќе знаете што сте изеле, без адитиви, пестициди и најразлични
други отрови.

На крајот на краиштата, веројатно веќе повеќе пати сте се увериле дека купените и домашните
производи едноставно не може ниту да се споредат!

A токму еден од производите коишто веројатно го консумираме секој ден е путерот. Тој оди во
комбинација и со солени и слатки јадења, го мачкаме на леб, го користиме за подмачкување... Тој
ни е дефинитивно неопходен, но за некои луѓе тој е и релативно скап, па луѓето често избираат
наместо путер, да купат поевтини замени.

Но, тоа повеќе не мора да го правите, бидејќи за вас овојпат го пронајдовме совршениот рецепт за
домашен путер којшто е толку едноставен, што веднаш ќе си направите и двојна доза.

Сè што ви е потребно се само две состојки: павлака и малку морска сол.


Едноставно, две шолји павлака ставете во блендер и пасирајте додека да добиете колку што е
можно погуста смеса. Потоа исцедете ја водата, преместете во друг сад и исплакнете со ладна
вода, па повторно процедете. Повторете ја постапката неколку пати, па добро исцедената павлака
насолете ја со малку морска сол. На крајот, преместете ја смесата во некој сад или калап, и ставете
ја да отстои во ладилник.

Откако ќе преноќи во ладилник, вашиот вкусен, домашен путер, е подготвен за употреба!

Дали сте изненадени, или веќе знаевте дека и најскапиот путер се изработува од вака
едноставни состојки? Споделете со нас во коментари!

You might also like