Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

H ародната литература води потекло од митологијата.

Од обредните песни посветени на


божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати
како народна литература.
Особености на народната литература се:

— усно творештво — таа се појавила уште пред писмената традиција, па затоа се создавала и
пренесувала по устен пат;
— анонимно творештво — творецот на песната или приказната не е познат. Авторот не сакал
да биде анонимен, туку не е запомнето, не е запишано кој е создателот, затоа ова творештво е
анонимно;
— колективно творештво — обликувањето, дообликувањето и пренесувањето е колективно;
— усно пренесување — главна особина е пренесувањето по устен пат од колено на колено (од
генерација на генерација);
— варијанти — творештвото пренесувано низ векови се преобразувало во зависност од
времето, средината, условите и на тој начин се создавале варијанти на една иста песна.
Песните кои не биле доволно квалитетни со време исчезнувале, а оние репрезентативните
добивале повеќе варијанти;
— импровизација — во зависност од приликата кога се кажувало творештвото, од публиката и
од оној што ја кажувал, творбата доживувала одредени скратувања или продолжувања;
— без разлика на сите претходни карактеристики, творбите ги задржувале своите општи места,
односно мотивите и сижето, како и композицијата (бидејќи за секој вид постојат одредни
композициски шаблони).

Народната литература се дели на:


— народна поезија;
— народна проза, и
— кратки фолклорни видови (во стих и проза).

Народна поезија

Поделба на народната поезија

 Лирски песни
 1. обредни:
– коледарски,
– велигденски,
– лазарски,
– ѓурѓовденски,
– за раѓање и крштевање,
– свадбарски,
– тажачки,
– додолски (за дожд);
 2. митолошки;
 3. религиозно-легендарни;
 4. трудови:
– аргатски,
– жетварски,
– овчарски,
– занаетчиски,
– печалбарски;
 5. љубовни;
 6. семејни;
 7. песни за деца:
– брзозборки,
– залагалки,
– бројаници,
– приспивни;
 8. хумористични.

 Епски песни
 1. неисториски (за настани и личности кои не и се познати на историјата);
 2. историски:
– јуначки (XV — XIX век),
– ајдутски (XV — XIX век),
– комитско-револуционерни,
– партизански.

 Лирско-епски песни
 1. балада;
 2. ромаса.

Лирските народни песни ги изразуваат чувствата и емоциите, но за разлика од уметничките,


каде тие се субјективни, тука се типизирани (општи). Народната лирика го опфаќа секој сегмент
од човековиот живот, таа е постојан придружник на човекот. Народните песни се поврзуваат со
мелодија и игра (оро).

Кај нашите лирски песни во однос на метриката, најзастапен е осмерецот, но има и од другите:
четверец — кај детските; шестерец — кај хумористичните; седмерец — кај лазарските итн.

Прочитај повеќе за македонските народни песни

Во епските народни песни се опева некој важен историски настан, поточно некој јунак кој е
поврзан со настанот. Основна карактеристика на епската песна е нарацијата, односно
раскажувањето на настанот. Во однос на метриката, стихот е подолг, најчесто десетерец
(јуначки десетерец).
Јуначките песни се карактеризираат со:

— епска нарација (раскажувањето е со свечен ритмички говор и епска широчина, јунакот се


опева во трето лице, тој е детално опишан, а, исто така, и настанот што се случува;

— епска широчина (се постигнува со епските повторувања, кои често се идентични од збор до
збор и се нарекуваат епски ретардации, а нивната функција е да го забават или продолжат
ритамот на епското дејство;

— шематизирана композиција (почетокот на песната е обраќање кон слушателите да чујат за


настанот и јунакот за кој ќе се раскажува, а потоа следува типизирано епско дејство — дуелот
или подвигот на јунакот);

— поетиката и стихот (во овие песни се користат силни поетски средства: хиперболи,
споредби, контрасти, алегорија, словенска антитеза и др., а стихот е најчесто десетерец со
цезура (пауза) по четвртиот слог);

— епски протагонисти и антагонисти (протагонистите се нашите јунаци, а антагонистите се


нивните противници);

— јуначки атрибути (особините на јунакот, неговото оружје, коњот).


Народна проза

Во народното прозно творештво разликуваме:

— митови (приказни со фантастична содржина кои во почетокот биле сакрални и не се сметале


за литературни творби; ликовите и настаните опишани во нив не се историски потврдени);
— легенди (исто со фантастична содржина, но за разлика од митовите тие се поврзани со
вистински настани или историски личности);
— преданија (се слични со легендите, но се поблиски до историската вистина и имаат
пореалистична основа);
— приказни — се делат на фантастични (сказни, бајки, басни и приказни за животни) и
реалистични.

Кратки фолклорни видови (во стих и проза)

Кратките фолклорни видови може да бидат и во стих и во проза, а тие се:

— анегдоти (мали хумористични приказни во кои се раскажува некоја смешна случка од


животот на позната личност);
— гатанки (се состојат од прашање и одговор, а прашањето е метафорично претставување на
предметот или појавата која треба да се погоди со одговорот);
— пословици и поговорки — многу слични по својата содржина и форма. Со нив се искажува
некоја народна мудрост. Разликата е во тоа што пословицата е двочлен состав (составени се
од два дела), а поговорката е едночлен состав (составен од еден дел).

Поговорката често претставува дел од пословицата. На пример, може да кажеме: „Село гори“,
како поговорка од целата пословица: „Селото гори, бабата се чешла.“ Пословици се, на
пример: Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело. Бадијала работи, бадијала не седи. Без
татко полојна сирак, без мајка цел сирак. Поговорки, пак: Рани куче да те лае. Со игла бунар не
се копа. Бара влакно во јајцето.

You might also like