Nasoki Za Vonredni Ispiti

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ИСПИТИ ПО СТРУЧНО ТЕОРЕТСКИ ПРЕДМЕТИ

И ПРАКТИЧНА НАСТАВА ЗА ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

Центарот за стручно образование и обука, согласно своите надлежности да


обезбедува поддршка на стручното образование преку советување, инструирање
и менторирање на наставниците и обучувачите по стручните предмети во
стручното образование и обука ги дава следните Насоки за полагање на испитот
по стручно теоретските предмети и практичната настава од страна на вонредните
ученици, во испитни сесии кои се изведуваат во услови на вонредна состојба.

Овие насоки ги предлага Центарот согласно заклучоците, препораките и мерките


на Владата на Република Северна Македонија во врска со спречување на
внесување и ширење на коронавирус COVID-19. Преку доставување на овие
насоки Центарот им дава поддршка на стручните училишта и наставниците за
организирање и реализирање на испитите во вонредни услови, по стручно
теоретски предмети и практична настава за вонредни ученици. Овие насоки ќе
важат само за спроведување на испитите по стручно теоретските предмети и
практична настава за вонредни ученици, за времетраењето на вонредната
состојба во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-
19.

Во текот на испитните сесии додека траат вонредните услови ќе се спроведува


испит по стручно теоретски предмети и практична настава само за вонредни
ученици на кои им е последен или еден од трите последни испити што кандидатот
треба да ги полага во сесијата за да ја заокружи завршната година на стручно
образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на завршен
испит, училишна матура или државна матура. Во други случаи кога кандидатот
има за полагање повеќе предмети од завршната година, треба да му се одложи
полагањето на испити и истото да се спроведе во некоја од идните испитни сесии,
односно во сесиите после завршување на вонредните услови.
Испитите по стручно теоретските предмети се реализираат преку електронски пат
и дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува директна видео
поддршка (Скајп, Вибер итн.), каде што кандидатот ќе одговара директно на
прашањата зададени од членовите на училишната испитна комисија. Пред
одржување на испитот, пожелно е, училишната испитна комисијата да достави до
кандидатот определени задачи/проблеми/есејски прашања/писмени работи, кои
кандидатот ги одговара и ги проследува по електронски пат до комисијата пред
реализација на испитот. За одговорените задачи се дискутира преку електронска
комуникација во текот на полагањето. За реализација на испити од стручно
теоретските предмети, може да се користат и алатки коишто им се достапни и
познати и на членовите на училишната испитна комисија но и на кандидатите
(Google Forms, OneNote, LinoIt, Padlet, Zoom, Kahoot, Mentimeter, Socrative,
Microsoft Teams, SurveyМonkey, Quizlet, Edmondo, ClassDojo, Мој глас и други).

Поради специфичностите за проверување и оценување на знаењата, ставовите, а


посебно вештините од испитот за практична настава во вонредни услови,
Центарот за стручно образование и обука ги дава следните насоки:

1. Може да се организира испит по практична настава за вонредни ученици


доколку има можности кандидатот/кандидатката да ги реализира
зададените испитни задачи (изработката на одредени пресметки,
калкулации, бизнис планови, нацрти, акти, обрасци, проекти, макети,
изведби и сл.) и по електронски пат со користење на различни дигитални
алатки да ги докаже знаењата, ставовите и вештините пред членовите на
училишната испитната комисија.

2. Доколку кандидатот/кандидатката е во работен однос или претходно има


работено во дејноста во која го полага испитот по практична настава, до
членовите на училишната испитна комисија доставува референции, докази
и други материјали со кои докажува дека по информален пат ги има
стекнато целите од програмата за практична настава што ја полага како
испит по вонреден пат. Училишната испитна комисија ги прегледува и
проверува доставените докази за стекнатите знаења, ставови и вештини и
во зависност од веродостојноста на доказите и спроведената валидација
со целите од програмата за практична настава може да формира оценка.
Доколку училишната испитна комисија процени дека доставените докази не
се доволни за формирање на оценка, може да побара дополнителна
средба преку организирање на on-line комуникација на која од
кандидатот/кандидатката ќе побара дополнителни информации или
одговори на дополнителни прашања. Доколку училишната предметна
комисија добие задоволителни одговори може да формира оценка за
кандидатот.

3. Доколку нема можности да се спроведе испитот на ниту еден од


претходните два начина, комисијата во согласност со директорот на
училиштето може да го одложи спроведувањето на испитот но притоа
кандидатот ученик да не биде оштетен по ниту еден основ, односно да се
спроведат дополнителни сесии за полагање на вонредни испити, веднаш
по завршување на вонредната состојба во Република Северна Македонија,
кандидатот/кандидатката да го пријави повторно испитот во
дополнителната испитна сесија без притоа да врши повторна уплата за
испитот

Училишната испитна комисија во записникот го наведува начинот на кој е


спроведен испитот во вонредна состојба и штом се создадат услови,
задолжително го потпишуваат записникот сите членови на училишната испитна
комисија.
НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ЗА
ВОНРЕДНИТЕ УЧЕНИЦИ ( општообразовни предмети )

Бирото за развој на образованието, како што беше наведено во доставеното


мислење за начинот за спроведување на испитите во средните училишта во
априлската сесија за вонредните ученици, препорачува одржување на испити по
електронски пат само за вонредните ученици од завршните години, на кои им е
последен или еден од трите последни испити што кандидатот треба да ги полага
во сесијата за да ја заокружи завршната година по вонреден пат и кои што
пријавиле завршен испит, училишна матура или државна матура. Во други случаи
кога кандидатот има за полагање повеќе предмети од завршната година, треба да
му се одложи полагањето на испитите и истото да се спроведе во некоја од
идните испитни сесии, односно во сесиите после завршување на вонредните
услови.

Училиштето за испитите по општообразовните предмети треба да организира


електронско полагање преку платформа или мрежа којашто им е позната на
учениците.

Училиштето, преку комисијата за изведување на вонредните испити и во договор


со предметните наставници, треба да ги контактира кандидатите (учениците) и да
договорат начин и процедури на полагање, да ги запонае кандидатите со цел тие
да можат на најдобар начин да го пренесат научениот материјал и да договори
точно време за воспоставување на електронска врска и започнување на испитот.

Испитот со кандидатите по пат на средства за електорнска комуникација треба да


се одвива преку дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува
директна видео поддршка (Скајп, Вибер итн), каде што кандидатот ќе одговара
директно на прашањата на комисијата.
Пред одржување на испитот, добро е, комисијата да му достави на секој кандидат
определени задачи/проблеми/есејски прашања/писмени работи, за да може тој да
ги одговори и истите ги проследи пред испитот до комисијата по електронски пат.

Во комуникацијата преку електронската мрежа/платформа, освен конкретни


прашања поврзани со наставните програми, комисијата и кандидатот ќе може да
ги дискутураат и задачите/проблемите/есејските прашања/писмени работи што
претходно ги доставил кандидатот.

Доколку постојата услови наставниците може да користат и тестирање со задачи и


прашања со повеќе член избор, отворени прашања,  прашања со надополнување
и кратки одговори и преку користење на различни алатки за споделување на
материјали, како што се:  Google Forms, OneNote, LinoIt, Padlet, Zoom, Kahoot,
Mentimeter, Socrative, Microsoft Teams, SurveyМonkey, Quizlet, Edmondo, ClassDojo,
Мој глас и други, односно преку алатки коишто им се достапни и им се познати и
можат да ги користат и тие и учениците.

Комисијата на крајот од испитот формира сумативна оценка врз основа на


дискусијата со кандидатот, покажаните знаења на прашањата и постигањата од
доставените задачи.

You might also like