Наследување на особини

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Тема 9.

7 Природна селекција
Наследување на особини

Да се потсетиме!

Во клетката, поточно во клеточно јадро се сместени гените во кои се запишани


карактеристиките кои ги наследуваме од нашите предци.

Наследувањето е процес на пренесување на карактеристиките од родители на


нивните потомци.
• Наследувањето на својствата кај организмите со одвива по определени
природни законитости преку основните функционални единици на
наследувањето – гените.
• Сите карактеристики, физички и функционални на еден организам зависат од
информациите сместени во клеточното јадро. Всушност тие се сместени во
гените. Гените се функционални единки на хромозомите кои содржат ДНК.

• Вкупниот збир на хромозомите во една клетка, кој е карактеристичен за даден


организам, се нарекува кариотип.
Пример: винската мушичка има 8 хромозоми, козата 60 хромозоми, срната 70
хромозоми, а човекот 46 хромозоми. Хромозомите секогаш се парни, заедно по
два, а само во половите клетки се непарни.

Веќе ти е познато дека при половото размножување новиот организам се развива од


оплодената јајце клетка-зиготот. Значи во зиготот се наоѓаат наследните фактори
(материи) од двата родители. Сите клетки во еден организам имаат ист број на
хромозоми. Половите клетки имаат двојно помалку хромозоми. Кај човекот, клетките
во јадрото имаат 23 пара хромозоми или 46 хромозоми, а половите клетки само 23
хромозоми. При спојување на машката и женската полова клетка , бројот на
хромозомите се удвојува. Значи оплодената јајце клетка зиготот има 46 хромозоми (по
23 хромозоми од двата родители).
Значи дека секој од нас носи гени т.е наследува особини од двата родители.
Гените кои дошле до израз кај потомците се наречени доминантни гени
(пр.висината,бојата на очи), а оние кои не се видливи но ги носиме во себе се
наречени рецесивни гени .Рецесивните гени може се пренесуваат на потомството и
може да дојдат до израз во следните генерации.

И покрај тоа што гените ги определуваат голем дел од нашите карактеристики


огромно влијание има и животната средина врз организмите.На пр.дете што
наследило гени за да порасне високо доколку во периодот на раст и развој не внесува
правилна исхрана и покрај генетските предиспозиции да порасне високо кои ги
наследило од родителите ,тоа нема да порасне.

Oдговори на следните прашања


 Човечките гамети имаат ___________хромозоми, а телесните клетки
имаат_____хромозоми
 Секое дете наследува гени од ______________
Мартин има сини очи.Неговата мајка има кафени, а татко му сини очи. Тоа
значи дека генот за сини очи е ________________
 Напиши три примери за карактеристики кај човекот поврзани со влијанието на
животната средина

You might also like