Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 6

МАТЕРИЈАЛНИ И ПИШАНИ ДОКАЗИ КАКО ПОТВРДА ЗА НЕГОВОТО ПОСТОЕЊЕ

 
Ликот на Крале Марко и натпис се јавува на монети ковани во негово време кои сега можат да се видат во
Народна банка на Македонија, музејот на Стара чаршија во Скопје, и нумизматичката галерија на Охридска
банка во Охрид.

Како детаљ на фреска во црквата Свети Димитрија – Марков манастир Како детаљ на фреска на порталот на
црквата Свети Архангел Прилеп

Како детаљ на натпис на Дреновска црква која датира од 1356 г.

Ктиторскиот натпис на црквата Света Недела во Призрен 1370 г./ каде се споменува како млад крал и се
дознава за неговата дипломатска мисија во Дубровник, присаство кај Скадар 1371 г./

Постојат четири записи откриени во црквата Свети Димитрија – Марков манастир

Има натпис на надгробен споменик од 1379 г. во цркавата Света Богородица Перивлепта Охрид /укажува на
фактот дека Остоја Рајковиќ Угарарчиќ е “сродник на кралот Марко, зет на жупанот Гропа” /

Постои натпис од 19 век во поменикот на манастир Свети Никола село Шишево /каде Крале Марко се
споменува како прв донатор/
Постои Запис од Хлудовата збирка од минеј бр. 163 /во кој се дознава за односите на Марко со феудалецот
Радослав Хлапен / управител на Воден И Верија/ и за помирувањето на Марко со неговата сопруга Елена,
Ќеркат на Хлапен/

Постои Запис во црквата Свето Преображение во село Зрзе Прилепско /од кој се дознава кога владееле
В’лкашин и Марко 1366-1371 и 1371-1395/

Во Дубровничките Хроники /се дознава дека благоверниј Крал Марко бил наследник на В’кашина и дека
како турски вазал загинал во битката кај Ровине/.

Во биографија на владетелот Стефан ЛазаревиЌ /се опишува загинувањето на Марко кај Ровине./

Константин Костенечки филозоф ја пренесува легендата пред судбоносната битка кај Ровине “Боже, дај им
победа на христијаните, дури ако треба јас прв да паднам на бојното поле”.

Во Троношкиот родослов 1791 г. Марко е обвинет за доаѓањето на Турците на балканот. Крсте Мисирков
во неговиот научен прилог /полемичен труд/ под наслов Јужнословенски епски сказни за за животот на крал
В’лкашин и причините за популарноста на крал Марко кај јужните Словени објавен 1909 г. во Одеса.

Крали Марко е роден околу 1335 г. како син на кралот В’лкашин и мајка Елена, која подоцна се
замонашила и го зела името Елисавета. Браќата на Марко се викале: Андрејаш, Иваниш и Димитри. Сестри
на Марко се споменуваат: Оливера, Милица а во усните извори се спомнуваат Марија, Кита, Угра, Шаина,
Ѕвезда, Беда, Дева, Вида и тн. Марко имал две сопруги: првин бил женет за Јелена, ќерката на Радослав
Хлапен. Се преженил за Теодора кој му ја презел на Гргур Бранковиќ, бракот не траел долго, повторно се
зима со Јелена, но и овој пат бракот не траел долго. Не е познато дека Марко имал наследник.

ПИШУВАНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПРИЛЕПСКОТО КРАЛСТВО

 
1331 г. доѓа на власт Стефан Душан, политиката на најмоќниот од српските владетели била насочена кон
освојување на Византија. 
1334 г. тој завзема голем дел од владенија во Македонија. На Византија и била одземена половина од
територијата, а Србија својата ја удвоила.
1341 г. умира византискиот цар Андроник 3 и започнува граѓанска војна во византиската држава.
1342 г. Душан и византискиот владател Катакузин имаат средба во Приштина и договор за заеднички
акции.
1343 г. Душан ги завзема Воден, Костур, Лерин, Охрид, Костур, а веројатно и Прилеп.
1345-1346 г. постои псалтир на Бранко Младеновиќ во кој се потврдува владеењето на Душан на овие
територии.
1345 г. Душан се прогласува за Цар на Србија и Романија. Меѓутоа правото на врховно место во целиот
команвелт барало согласност на црквата а тоа според византиските законски начела, наложувало
крунисување од страна на патријархот. Поради тоа набрзо Душан го издигнал српскиот архиепископ на
ранг патријарх за што обезбедил согласност од највисоките великодостојинственици внатре во границите
на сопствената држава. Тој издава хрисовул, царска повеља на манастирите во Света Гора во која бара
монасите да воведат редовно спомнување на неговото име во литургијата како знак на признавање на
неговата нововоспоставена власт. Манастирите се согласуваат со тоа под услов името на византискиот цар
секогаш да се споменува пред името на српскиот цар..
На 16 април 1346 г. на велигден на народниот собор во Скопје нововоспоставениот патријарх од Пеќ го
крунисал Душан за цар. Византиските власти оштро реагирале на овој чин на двојна узурпација. /После
неколку години вселенскиот патријарх Калист  ги екскумуницирал царот и неговите верски водачи не само
заради незаконското воспоставување на Српската патријаршија туку и заради титулата цар и неговите
освојувања на византиската територија /Душан својот  син, иако бил дете го прогласува за крал/. Неговите
повелби повеќе биле во склад со византиската дипломатија сооединувајќи го византиското правно
искуство и српското обичајно право доделувајќи им области и титули  на многу големци. Треба да се каже
дека титулите кој тој ги подарувал  биле во исклучива надлежност на византискиот цар.
1346 г. како Душанов намесник во околината на Конавље, Требиње и  Дубровник бил поставен Угљеша
Мрнавчевиќ.
1346 г. севастократот Бранко Младеновиќ станува намесник на град Охрид.
1350 г. В'лкашин бил жупан на Прилепскиот крај истата година Охрид станува самостојна држава.
1351 г. Во  Которската грамотата на Душан се споменуваат Бранко Младеновиќ и В’лкашин и Угљеша од
кога започнува издигањето на овие придворници. Цар Душан се соочува со засилен  феудален сепаратизам
кој бил подстрекнуван и од Византија..
По смрта /20 декември 1355 г./ на царот Душан, Урош како престолонаследник млад и помалку способен од
татака си ги отфрлал советите на постарите а ги слуша оние помладите при што дозволува секој  си ги
задржал покраините со кои управува.
Недостасуваат податоци за почетните врски на Бранко Младеновиќ со семејството Мрњавчевиќ, меѓутоа се
знае дека сестрата на В’лкашин Елена била жена на  Никола Радоња син на Бранко Младеновиќ.
1356 г. низ целата Српска држава доаѓа до жестоки судири помеѓу одделни намесници и претенденти за
царскиот престол, што било причина за феудална анархија.
1360 г. Урош  ги управува северните и централните македонски области заедно  а за помалку од десет
години  таа е поделена помеѓу четири големци /В’лкашин, Лазар, Никола и Балиште/  на кои тој им  се
покорува.
1361 г. во ктиторскиот натпис на Света Богородица Заумска Охрид се споменува ќесарот Гргур
/најверојатно како управител на Девол станал ктитор/ - син на Бранко Младеновиќ, кој подоцна управува со
Полог.

 
1365 г. со согласност на Урош,  В’лкашин станува совладател,  кој отпрвин ја определува својата
престолнина во Приштина,  добива титулар крал на Прилепското кралство што ги опфаќа Романија,  двете
страни на Шара, Прилеп, Битола, Преспа, Охрид, Скопје, Призрен, Ново Брдо и др.  а неговиот брат
Угљеша  управува со Серската држава заедно со цел Халкидик и Света гора.
1365 г. по смрта на Бранко  Младеновиќ  Охридската држава ја признава врховната власт на Урош.
1366г.  Прилепското царство осетно ги проширува своите граници опфаќајќи покрај Прилеп,
Битола, Преспа, Охрид, Скопје, Призрен, Приштина, Ново Брдо.
1366 г. на чело на Охридскта држава стоел ќесарот Новак, кој ја управувал својата држава како вазал на
В’лкашин.
1368 г. кралот В’лкашин го управува со Прилепското кралство како  наполно независен владател и го става
своето кралство под црковна власт на Охридската архиепископија, која дејствува како автокефална црква
подредена на Цариградската Патријаршија. Според своето уредување и управата државата е многу
поблиска до византискиот идеал.
1369 г. се одигрува судир помеѓу браќата В'лкашин и Угљеша од една страна и Никола, Лазар и царот Урош
од друга страна на Косово поле. Судир меѓу српските големци и македонската династија. Кога започнала
битката кнезот Лазар се повлекува, Никола бил поразен а царот Урош бил фатен жив со неколку феудалци
од неговиот двор. Извесно време Урош престојува кај кралот В'лкашин кој му доделува мала област за
издржување. Урош умира 1371 г.
Од 1369 г. постои запис во црквата св. Света Богородица на островот Мал Град /Преспанско/ во
внатрешниот десен ѕид каде е истакнато дека  "овој божји храм на Богородица бил изграден од основа и се
испишан  од ќесарот Новак при владеењето на превисокиот крал В’лкашин и при архиерејството на
свејшиот архиепископ на Прва Јустинијана."                                            1370 г. како што е наведено во
призренскиот натпис, младиот крал Марко престојувал во дипломатска мисија во Дубровник и  ги добил на
владеење  од кралот В’лкашин областите на Јужна Србија и  некои други области, најверојатно неговата
престолнина била Призрен.
1371 г. Кралот В'лкашин со син му Мрко се затаборил кај Скадар /ктиторски натпис на црква Св.Недела,
Призрен/ подготвувајќи напад на Никола, меѓутоа нападот бил одложен поради опасноста од Турците кои
што продирале.                  Браќата Мрњачеви  решиле да извршат трајно протерување на Турците 
подготвувајќи војска од дваесетилјади луѓе  продирајќи до Одрин На 26 септември 1371 г. кај тракиската
крепост Черномен, изненадени од Турците, Угљеша и Волкашин, претрпуваат пораз и загинуваат со голем
дел од војската.
1371 г. на површина избиле двајца браша Константин и Драгаш  Дејанови /предходно поданици на
В’лкашин и Угљеша/ кои ја обновиле и прошириле државата на својот татко деспот Дејан. Тие подчиниле
голем дел од областа на Угљеша: Славиште, Прешево, Врање и Игоноште, а управувале и со бившите
поседи на Јован Оливер. Центири на на нивната држава станале Струмица и Штип. Постои легенда дека
телото на В'лкашин било пренесено во црквата Свети Димитрија во Сушица,  телото на Угљеша не биле
пронајдено. По смрта на браќата  во битката на Марица на чело на кралствата  даоаѓа веќе искусниот крал
Марко, кој најверојатно останал да ги управува земјите на татко си и чичко си и до периодот на смрта на
царот Урош тој формално-правно е совладател, а со гасењето на династија Немаљиќ и  единствен
легитимен крал на некогашното Српско царство. Подоцна делови од државата биле земени од кнезот Лазар,
Никола и Балшините синови како и од Турците.  

1385 г. Турците продираат во Прилепско-битолските краишта, кралот Марко е принуден да ја произнае


врховната власт на Мурат 1, со што неговото кралство е подредено како вазално на Османлиската империја.
Се сложил да им плаќа данок на Турците и да им служи во војните со што Прилепски кралство било
подредено како вазално на Османлиската империја како и  државите во северноисточна Македонија на
Константин Дејанов, Византија, Бугарското Трновско царство и др. .
1389 г. Како турски вазал кралот Марко заедно со Константин Дејанов го помагал султанот за време на
неговиот поход кон Косово Поле. Врз база на скудни и индиректни изворни податоци, Константин Иричек
дошол до сознание дека со свои војски во Косовската битка учествувале “христијанскиот вазал Константин
Македонски, а можеби и самиот крал Марко” и дека “деспотот Константин Велбуждски и кралот Марко,
како вазали на турскиот султан, воделе една и иста политика против кнезот Лазар, кој што се уште ја бранел
својата независност” а дека на страната на Мурат во Косовската битка учествувале 7000 помошни
христијански војници заедно со вазалните владетели Константин Дејанов, кралот Марко и средешкиот
кнез" /Косовска битка 15 јуни 1389 г. /
Во Троношкиот летопис  се вели дека во Косовсаката битка на страна на Турците биле кралот Марко и
неговиот брат Андреа и дека Муратовата војска поминала преку Скопје на пат за Косово.
Крал Марко 1390-1392 г. учествувал во воениот поход на султанот Бајазит 1 на Мала Азија.
1393 г. поради судир со Марко браќата  Димитар и Андрејаш, /управува со самостојната област во Матка,
дури кова и свои пари/ ја напуштаат Македонија и одат во  Дубровник за да ја бараат татковата оставнина
/наследство сребро/ а потоа заминуваат за Унгарија и се ставаат во службан а кралот Жигмунд.  
1395 г. Кралот Марко заедно со Константин Дејанов му останува верен вазал на Бајазит 1 се до крајот на
животот. Секако тоа го сториле  со цел да ги зачуваат своите феудални држави. Во прилог на тоа говори и
изјавата на Крали Марко дадена непосредно пред неговото загинување во битката на Ровине што ја пренел
Константин филозоф;” Јас велам и го молам бога да им помогне на христијаните, а јас нека бидам меѓу
првите мртви во оваа војна.”. Постои легенда дека неговото тело било закопано во манастирот Булачани
близу до Скопје.
1396. г византискиот цар Маноил 2 Палеолог и царицата Елаена Драгаш Палеолог /Ќерка на Константин
Драгаш/ даруваат 5 византиски икони на монашкото братство на  манастир Свети Димитрие во село
Сушица до  Скопје да преку заедничка  комеморација се споменува името на Крал Марко и Константин
Дејанов во литургиските служби  во црквата која одтогаш исцело е поврзана со неговото име /Марков
манастир/  во знак на сеќавањата на месното население.
По загинувањето на Константин Дејанов и кралот Марко, биле ликвидирани од Бајазит 1 нивните државни
творби и насекаде во Македонија било воспоставено османлиското господарство.        Долг период по
смртана кралот Марко манастирските објекти и тврдините не биле скрнавени од војските на османлиското
царство.
 

You might also like