Professional Documents
Culture Documents
Убавицата и Ѕверот- Марко Настевски
Убавицата и Ѕверот- Марко Настевски
Оваа бајка може да не научи многу за некои делови од себе кои ги мрзиме.
Психолошко клише е да кажеме дека мора да се сакаме себе, па и тие делови за нас
кои се за јавна осуда. Сепак една голема лекција со векови е тука.
Оваа француска бајка е настаната далечната 1740 година, а до денес е објавена во
неколку варијанти.
Накратко кажано, убавата девојка доброволно прифаќа да биде затворена од страна на
крутиот ѕвер, како би го спасила сопствениот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата
го избегнува, се плаши од него и се обидува да побегне. Секоја вечер ѕверот ја прашува
дали таа ќе му биде жена, а таа секој пат го одбива.
Како што Џош кажува, читателите знаат дека ѕверот е нешто што убавицата треба да
научи да го сака без оглед каков е тој. Мора да ја види убавината во него.