Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

РАЗУМОТ И МОРАЛОТ

Едно од поважните прашања што човекот ги поставува и се однесува на


етиката се:

-Од каде извираат етичките сознанија?

-Како се избираат вредностите?

-Што треба да не води во животот и во постапувањето?

-Како се гради морален критериум?

Создавање на моралната насока и избирање на вредностите во нашиот


живот го правиме со помош на разумот.Разумот е свеста која
проработува кај човекот ,за неговите потреби и обврски. Разумот е
нашиот водач,за тоа како ние треба да се однесуваме.

Човекот пак низ моралот се соочува со ,пројавување на неговиот ум:


страсти, емоции, љубов,нагон, навики, амбиции,стравови...итн.Сите овие
се основа на моралот. Преку моралот, човекот доаѓа до сознание што е
добро а што зло и создаваат слика, особено кон другите луѓе.

Без разумот е невозможно стабилно однесување.

Разионалноста е најголемата моќ на човекот.Затоа повеќето


етичари , меѓу кои се Аристотел- (најучениот и најуниверзалниот мислител во
Антиката) и Кант ( кој е најзначаен филозоф-етичар во модерната епоха), сметаат
дека разумот е најзначајна сила на моралот.

Разумот е основниот дел на човековите интелектуални капачитети.Тој


значи моќ, за умно мислење и за правилно, логично, критичко,
принципиелно разгледување на прашањата.

Кај разумот имаме 4 аспекти:


1. Замисла – согледување на проблемот

2. Ум- мислење за секое прашање и откривање на принципите

3. Памет – барање најдобро решение.

4. Мудрост –искуството и вештината на размислувањето, вродуваат


правилен заклучок до умствено функционирање.

Разумот е тој кој е главен и е надреден над сите човекови сили. Тој ги
набљудува другите елементи на човековата психа- нагоните,
емоциите,стремежите,разнитестихијни и случајни реакции,ги коригира.
Доколку не е така, човекот станува ирационално суштество со кого
владеат неговите неразумски сили.

Разумот не дава, човекот да им подлегне на чувствата и на другите


негови внатрешни импулси, не дозволува човекот да има друг водач
освен разумот- или барем се труди да биде најважен во човековото
мислење и дејствување.Така е најдобро за човекот и луѓето околу него.

Познатиот филозоф, Рене Декарт кој бил рационалисти за кој разумот е


најголемата сила на човекот, во својот труд „Научна расправа за
методот“, кое е највлиателно дело во европската филозофија,нагласува
како правилно да го водиме својот ум и да ја бараме вистината во
науките, искажувајки 4 етички правила кон кои се придржувал и тоа:

1. “Првото беше да им се покорувам на обичаите и на законите на


својата земја, секогаш следејќи ја религијата...”

2. “Моето второ правило беше да бидам колку што е можно поцврст и


порешителен во своите дејства, и доколку еднаш сум донел
решение за нив, непоколебливо да ги следам и најсомнителните
ставови...”

3. “Моето трето правило беше секогаш да се стремам повеќе да се


победувам себеси одошто судбината и да ги менувам желбите а не
воспоставениот поредок во светот...”

4. “Најпосле , како заклучок на овај морал, се обидов да направам


преглед на различните занимања на луѓето во овој живот за да се
потрудам да го избера најдоброто; сметав дека е најдобро да го
продолжам своето занимање целиот живот...”

You might also like