Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Романтизмот во литературата се јавува на преминот

помеѓу  18 и 19 век како реакција на класицизмот, а е


одбележан од појавата на Француската Република. Во
француските аристократски салони почнува да се
провлекува чуството на неизвесност, отуѓеност во
светот.
“Ако е вистина сето тоа што се зборува за мене – тогаш
јас не сум за Англија но ако е сето тоа лага-тогаш
Англија не е за мене”-Бајрон.
Цитатот ја отсликува силната и критизерски настроена
природа на еден од најистакнатите претставници на
романтизмот во Англиската литература-Џорџ Гордон
Бајрон.Романтичарското его е персонифицирано во
него.Роден е 1788г. во Лондон.Потекнува од
артистократското семејство кое подоцна
осиромашува.Физичкиот недостаток(едната нога му
била пократка)ќе биде хендикеп уште од најраното
детство кој подоцна се наградува со неможноста да се
вклопи во средината во која доминирал етоизмот на
аристократијата и буржоазијата. На десеттгодишна
возраст се здобива со лордовска титула. Рано останал без
татко, а со мајка му имал необични односи, исполнети со
силни изливи на мајчинска љубов на моменти
променливи со физичкото малтретирање. Телесниот
хендикеп и специфичните семејни односи влијаеле
Бајрон да се оформи како неврамнотежен карактер со
кеомплекс на пониска вредност. Имал некакво чуство
на грев и силна потреба за исповед и сочуство од некоја
девојка, од што се формираат донжуански клоност. Како
млад во средината наметнал став на несреќен грешник,
мрачен сладострасник (инцесната љубовна врска со
неговата полусестра), која боледува од неизлечлива
монотонија-препознатлива во неговите дела. Станал
остар критичар и бунтовник против буржоазијата и
аристрокатија. Бил слободен мислител, атеист,
прогресивен демократ во политиката и бескомпромисен
приврзаник на ослободителните движења во Европа. Во
приватниот живот се однесувал како разгален и
необичен аристократ, одавајќи се на беомски живот и
отпочнувајќи ја бурната одисеја низ Европа. Од
англиската јавност бил етикетиран како аморален
бунтовник без респект кон авторитетите. Решил
засекогаш да ја напушти татковината и да се насели во
Италија (1816-1823). Се интересирал за
револуционерните движења, па во 1823г. заминал во
Грција каде се приклучил на ослободителното движење.
Набргу се разболел од треска и за кусо време умрел
(1824).
Структурата на текстот ја чинат четири песни.
Жанровски се определува како романтичарско-
индивидалистичка поема,која нема класична
композиција. Предмет на уметничко обликување (тема)
се патувањата и импресите доживеани при посетата на
неколку европски земји. Нарцијата е од хронолошки
тип, а ја реализираат сезнаечки и персонален наратор.
Чајлд Харолд е алтер его на Бајрон. Во експозицијата
доминира патетичниот тон кој соодветствува на
директното обраќање на лирското јас кон музата на
поезијата, искажувајќи го разочарувањето од статусот
на поетот во современиот свет.
I песна- Со префинета виртуозност нараторот го
открива идентитетот на Чајлд Харолд: младич од
благороднички род кој тргнал по погрешен пат. Наместо
да се посвети на полезна творечка работа, тој се оддал на
развратен живот исполнет со “оргии и пир”. Таквиот
живот му здосадил па решил да замине на далечни
патувања каде ќе најде спокој и мир (типичен
романтичарски индивидуалист). Решеноста да отпатува
предизвикува силна болка и тага кај роднините и
пријателите. Без поздрав заминува во потрага по
егзотични предели каде ќе размисли за се и ќе ги
разреши субјективните двоумења и парадокси.
Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија каде се
уште се забележувале трагите од ропската потчинетост.
За него е неопоимливо дека во земји на древна
цивилизација и богата традиција, нардот страта.
Земјата на славните витешки времиња и подвизи е
разурната но Харолд сепак живее со надеж дека тие
славни времиња пак ќе воскреснат. Тој се чуствува
осамен тажен и разочаран, неговото лично
разочарување преминува во “светската ” поради
доминацијата на злото, несреќата и ропството над
среќата и слободата. Утехата од ја нашол во девствената
природа која единствено останала недопрена од човекот.
II песна- Обеземен со чуство на симпатии кон
поробените народи, Чајлд Харолд го продолжил
патувањето во Грција и Албанија, каде се соочува со
истата грозоморна слика на ропско страдање и
трагичната судбина на грчкиот и албанскиот народ.
Лирското јас не може да се помири со фактот дека во
земјата на богата дрвена цивилизација владее терор и
смрт, а демократијата и хуманоста одамна исчезнале. Со
лаконски(лесен) и апострофичен извик тој ги повикува
“ропските синови” да го земат оружјето в рака и во
непосредна борба со тиранинот да ја извојуваат
слободата. Со посебен пиетег го опева гостопримството
и љубезноста на Албанците. Незадоволството,
разочараноста, обвинувањето и повикот за борба се
доминантни во ова пеење.
III и IV песна – Авантуристичкиот дух и желбата да се
пронајде себеси, да ги доживее хармонијата и
совршенството го мотивираат Харолд да го продолжи
патувањето во Италија,Швајцарија, Холандија и др.
Европски земји. Во овие песни е поприсутен мотивот на
осаменоста, но и природата како единствено недопрена
од човекот и можност да се избега во нејзините
прегратки. Во последната песна при посетата на
Италија се навраќа на нејзиното славно (античко)
минато. Импресиите и сознанијата се идентични како и
во претходните песни. Харолд останува осамен
бунтовник кој останува надвор од општествените
збиднувања. Во него постојано се судираат две
спротивставени сили: желбата за уривање на
рекационерните општествени сили и борбта против
социјалното и националното ропство. Неговите
визионерско-ревуолуционерни погледи ги раздвижуваат
широките народни маси. Пејзажот е во функција на
романтичарскиот идеал за девствената природа каде
ликот ги пронаоѓа мирот и спокојоството. Природата е
единствено место каде Харолд се чувствува исполнет и
среќен. Пантеизмот е дел од неговиот хуманизам и
етичност.

You might also like