Хамлет

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Хамлет

„Човекот на прво место“ е основното мото на Хуманизмот. Човекот ослободен од


непознатото, ослободен од прангите на феудалната миcла која го терала да
заборава на себе, да дава повеќе за вербата во Бога и да го очекува својот крај кој
ќе значи виза за вечноста. Хуманистите во својата потрага по реалноста ќе дојдат до
заклучокот дека тие подеднаково треба да добиваат, подеднакво треба да го живеат
животот, па затоа и ќе ја создадат фразата „Колку добива Бог, толку добивам и јас“.
Литературата во својата перцепција за животот во Хуманизмот и Ренесансата ќе ги
отслика човековите потреби од љубовта, пожртвуваноста, ближноста со семејството,
но и предавството, имагинарноста во постапките и пред сè борбата на човекот
против неправдите.
„Да се биде или не – прашање е сега“, не е само реплика која е дел од драмата на
Шекспир „Хамлет“, оваа реченица длабоко проникнува во размислувањето во секој
од нас, тогаш кога сме на крстопат, кога се двоумиме можеби каде понатаму во
животот или тогаш кога навистина бараме излез од безизлезна ситуација. „Хамлет“ е
драма на човековиот морал, семејна приказна која ја живее секој од нас. „Хамлет“ е
дневна доза со која го лекуваме сопственото его за да си докажеме дека нештата во
животот можат да бидат поинакви.
Иако основната цел на Шекспир е да ги прикаже семејните проблеми и желбата за
власт, во заплетот на драмското дејство сепак лежи лицемерието кое најболно може
да биде ако се отслика во сопствениот род. „Власта е слатка“, рекол народот, но „дај
му некому власт за да му го видиш умот“ ќе ја потврди тезата дека сепак никому не
треба да му се верува и дека често во сопствените редови, или во редовите на
семејството се наоѓаат нашите најголеми непријатели. Во стилот на Хуманизмот и
Ренесансата, Шекспир преку драмата ја претставува гладта на човекот и потребата
на човештвото да се подобри, да не мисли лошо, да не прави зло.
Клавдиј, чичкото на Хамлет е само една од инспирациите и пример за современиот
човек да го стави прстот на глава и да се запраша дали злото се исплатува и што
тоа носи? Во основа на расплетот на драмата е пораката „злото зло раѓа“, но во
алегоријата на животот пораката од драмата е од суштинско значење. Животот е
премногу краток за да го потрошиме мислејќи на негативностите родени од желбата
за власт, прељуба или одмазда. Хамлет е доказ дека ништо во животот не е вечно,
па ни неговата одмазда која ќе доведе до трагичен крај, затоа што сите ликови во
драмата го завршуваат животот.
Оној кој премногу бара се губи во лавиринтот од безбројни патеки кои имаат многу
цели но не и онаа единствената – праведната. Хамлет е доказ за тоа дека сè еднаш
излегува на виделина, но не често добивањето на вистината се купува и со
сопствениот живот. Да се живее праведно значи да се љуби вистината, а да се љуби
вистината значи да се сака човештвото.

Борбата на Хамлет
Да се почитува традицијата, но и да се биде верен на навиките што ги нуди новото
време, накратко ваква е животната максима што ја носи во себе данскиот принц
Хамлет. Склон кон длабокото размислување – „да се биде или не“ е неговата
недоумица која ќе го направи смел и достоен принц на неговата земја. Пред сè
дилемата што никој досега не ја разрешил е јасно определена цел за Хамлет, да се
продолжи животот така како што вообичаено почитува мнозинството во
општеството, без да се бори за своите права и без да се разоткрива намерната
намера на поединци или остро да се спротивстави на неправдите и да се реши
дилемата зачувувајќи го достоинството и своето но и на својата земја.
Хамлет избира достоинство, затоа што знае дека неправдата неправда носи, Хамлет
избира да се противи на мајка си и чичкото кој останал крвник заради
престолонаследништво.
Неприродната смрт на неговиот татко, старот крал, ќе биде почетокот на
пропаѓањето на едно навидум среќно и нормално кралство. Некој ќе мора да го
открие во вистинскасмисла на зборот предавството на сопствената земја која
никогашне се ноѓала во потешка ситуација. Но историјата вели ако пропаѓа
семејството, тогаш пропаѓа сè, па дури и државата која во основа на своето
постоење го има семејството, верувале или не.
Великаните велат дека најтешко е да се одбраниш од домашните предавници, сите
останати потврдуваат дека најголемиот непријател е оној во сопствените редови.
Хамлет ја има целта да ги уништи и едните и другите по цена на сè.
Но дали неговата борба е оправдана, дали да се исчисти кралството од неморалот и
желбата за власт ќе родат со плод?
Од постапката на Хамлет ќе настрадаат многу, но сепак како најголема жртва ќе
биде неговата девојка Офелија. Најголема затоа што пак во суштината на
продолжувањето на човековиот живот лежи љубовта, а љубовта е таа која треба да
го продолжи поколението и создавањето на иднината.
Хамлет по сè изгледа дека мора да го реши проблемот на своето семејство, затоа
што тоа е проблемот на неговото општество кое мора да продолжи понатаму, мора
да го живее животот на земја која е позната по кралските принципи, земја која е
сепак огледало на вистината кога се работи за престолот, кога се работи за власта.
И минатото и сегашнинава потврдуваат дека власта е слатка и за неа се борат сите,
но лекцијата која сепак треба да се научи е дека не постои подобар пријател од
смејството и дека тоа, семејството треба да биде основниот темел врз кој се гради
иднината.
– Шекспир
– Творештво
1.Ран-период
Првиот период се карактеризира со сочен ренесансен хумор, буен јазик, политички
теми или љубовни заплети и расплети. Во овој период Шекспир напишал неколку од
најомилените драми на публиката, како на пример, „Ромео и Џулиета“, „Млетачкиот
трговец“, „Хенрик Четврти“ и „Ричард Трети“ која е претходничка на неговите големи
трагедии.
2. Зрел-период
На преминот кон 17. век започнува големиот „трагичен период“ на Шекспировото
творештво. Овие драми претставуваат духовно раѓање на модерниот западен човек.
Шекспировата оригиналност пред се лежи во разновидноста на неговата
инвентивност, во прикажувањето на фасцинантни индивидуи кои се видоизменуваат.
Меѓу најголемите трагедии се истакнуваат: „Хамлет“, дело кое повеќепати го
преправал, а во кое е прикажан харизматичниот херој – интелектуалец и каде има
изобилство на теми во текстот и подтекстот и заради тоа останува дело-темел на
западната духовна култура; потоа „Отело“, во кое љубоморниот војник со херојски
размери го засенува Јаго – отелотворениот Сатана; „Антонио и Клеопатра“, со
фаталната Клеопатра која го надраснува реалниот историски лик; „Кралот Лир“, каде
се обелоденуваат почетокот и крајот на човечките карактери и судбини итн.
3.Доцен-период
Заедно со овие врвни трагедии се и т.н. мрачни комедии, каде нема големи,
незаборавни ликови, туку само цинизам и гадење од човечката превртливост и
подлост, од политичките махинации и воопшто од компромисниот карактер на
општеството. (Овие драми се претходници на егзистенцијализмот кој се појавува во
20век). Својот творечки опус Шекспир го завршил во духот на помирувањето.
Неговите драми „Цимбелин“, „Зимска приказна“ и „Бура“, се со фантастична
содржина, со многу духови, необични случувања, заплети кои се разрешуваат на
чудесен начин, а ликовите не се реални, туку наликуваат на ликови од бајките и
народните приказни. Заради ваквата поделба на творештвото, некои критичари
сметаат дека вакво било Шекспировото созревање: по бурната виталност, комика и
оптимизам во раниот период, следува тешкиот трагичен период во кој авторот одел
по работ на лудилото на кој се надоврзува мачниот ироничен егзистенцијализам, за
на крајот, Шекспир да се помири и прости и да го претстави животот како сон.
„ХАМЛЕТ“ – анализа и критико мислење
Хамлет е инзвонреден портрет на современиот човек. Без разлика за времето на
создавање, ликот на Хамлет е актуелен во секое време и во секое општетство.
•Секој во општеството сака да живее нормален, пристоен, но и достоинствен живот.
Каква е потрагата на Хамлет за овие цели?
•Моралните ликови и во делото, но и во секојдневието животната цел ја трасираат
врз темели од љубовта, потребата да се сака, да се пособрат навиките во животот.
Оттука и вечната Хамлетова дилема: „да се биде или не?“ Оваа мисла не е само
потреба на Хамлет да ја реши ситуацијата во која се наоѓа, туку и потреба на
современиот човек, при остварување на зададени цели и задачи.
•Секоја индивидуа со интелектуални способности се бори против изопаченоста во
општетството и против злото.
•Она што е „пишано“ ќе дојде или ќе се оствари, но колку човек е подготвен за
последиците и иднината. Човештвото е секогаш во штрек за суденото, судбинското
мора да се пречека.
•Хамлет е трагедија на еден лик – поединец кој во општетството може да придонесе,
но тешка е борбата ако не се прифати колективната свест.
•Хамлет поседува морално-филозофски постулати кои ја мачат секоја личност во
општеството.
Конфликти во „ХАМЛЕТ“

Хамлет има поразличен начин на размислување за разлика од неговите блиски. Во


неговото кралство владее неправдата, беззаконието на власта, кршење на
правилата и негирање на човековите вредности. Моралот е туѓа именка за кралот и
кралицата. Хамлет е борец против сето ова, но во општетство каде владее
нечесноста вие може да бидете само исушен лист којшто ветрот ќе го однесе. Но не
секогаш. Упорноста и истрајноста на Хамлет се доказ дека доколку сте носител на
хуманото, благородното, тогаш честа и достоинството можат да победат.
Внатрешен конфликт
Ликовите како Хамлет се корисни за општетството, но лоши за себе и за својот мир.
Хамлет е растргнат од сопствените мисли и од моралните вредности што ги
поседува. Нему му е најтешко во општеството. Најголемиот конфликт Хамлет го има
со самиот себе.

You might also like