Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 6

ПАТОФИЗИОЛОГИЈА

ВЕЖБА 1a
ВОВЕД

д-р Јорданчо Јордановски


Поимот ПАТОФИЗИОЛОГИЈА

Потекнува од античкиот грчки поим:


πάθος (pathos) - болест, зло;
Φυσιο (phusio) - природа;
Λογία (logia) - наука;
Дефиниција

...модерна, интегративна, биомедицинска наука која се


заснова на фундаментални и клинички истражувања кои се
занимаваат со механизмите одговорни за настанување,
развој и лекување на болестите кај луѓето…(ISP-International
Society for Pathophysiology).
-Молекуларни, клеточни, метаболички и дисфунционални аспекти во природата на болестите и
нивниот одност кон симптомите и знаците на болестите се област на проучување и
истражување на патофизиологијата;
- Патофизиологијата е насочена кон расветлување на причинско-последичните односи кои се
одговорни за настанувањето и траењето на патогенетските процеси и етиопатогенетските
секвенци;
- Патогенетска трансформација на хомеостатските механизми;
Значење, поделба и метод на работа

Патофизиологијата е мост помеѓу фундаменталните


медицински гранки и клиничките медицински дисциплини.

Како и сите други фундаментални науки и во патофизиологијата се


користат методи, знаења и правила од другите релевантни научни гранки
и структури, но исто така и патофизиолошките толкувања, концепти и
теории им служат на клиничките медицински гранки како практично,така и
теоретски.
Поделба:
општа - ги проучува проблемите кои влијаат на нарушување на функциите на поедини
органи и системи, како и на организмот во целина, а притоа се заеднички за повеќе болести;
 специјална - ги проучува нарушувањата на фунциите сврзани само за поедини болести;
Метод на работа : експериментот.
Цели на вежбите по патофизиологија

Вовед во клиничката медицина и патоказ за препознавање


на реакцијата на телото во форма на симптоми и знаци на
болестите и сигурност во донесувањето на одлука за
дијагностицирање и лекување на болестите.

“Човек неможе да стане компетентен хирург без потполно познавање на човековата


анатомија и физиологија, а лекарот без физиологија и без хемија бесцелно се тетерави
наоколу, неспособен да оформи правилна претстава за заболувањето, спроведувајќи еден
вид фармација “на слепо”, удирајќи ту врз болеста, ту брз пациентот и самоит незнаејќи
што прави. “

Сер Вилијам Ослер (афоризам)


Историски патофизиолошки времеплов

-1830 година, Јоханес Милер, првите физиолошки истражувања кои


биле независни од тогашните медицинските истражувања;
- 1850 година, Рудолф Вирхов, поранешен ученик на Милер, првите
цитолошки истражувања, додека Јулиј Конхајм станува пионир на
експериментална патологија;
- 1888-1891 година, Пастер и Кох, отворен е првиот Биомедицински
институт и Институтот за инфективни болести во Берлин;
- 1900, Менделееви закони во генетиката;
- 1953- 1960, Џејмс Вотсон, Францис Крик и Росалинд Франклин, ДНК-
двоен хеликс, генетскиот код, почеток на молекуларната генетика;
- 1996-2003, Проект за секвенционирање на човековиот геном;

Патофизиологијата во Македонија: 1949-1951 година, Академик Проф.д-р Исак Таџер,


првиот Институт за Патофизиологија и Нуклеарна медицина,Медицински Факултет- Скопје.

You might also like