Тема бр 2 Праисторија

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

ТЕМАТСКО РАЗВОЈНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште “Тошо Велков- Пепето”

Општина Кавадарци

Одделение 6 (шесто ) учебна 2021/22

Наставен предмет: ИСТОРИЈА

Наслов на темата Праисторија (7 часа)

Конкретни цели:

Ученикот/ученичката
 Да го објаснат развитокот на човекот и животот во најстарата заедница
 Да ја дефинираат работата на човекот во најстарата заедница
 Да знаат да ги разликуваат орудијата од камено и метално време
 Да ги познава причините за појава на првите верувања кај луѓето
 Да ги опише природните услови каде што живееле најстарите племиња
во Македонија и Балканот
Структура на тематската целина

Ред.број на
Време на
Наставната Структура на Темата
реализација
содржина
1 (3 седмица) Настанок на човекот (икт)
Животот на човекот во Камено време и Септември
2 (4 седмица)
Метално време (икт)
3 (4 седмица) Повторување
4 (1 седмица) Верувањето на човекот во најстарите заедници (икт)
5 (1 седмица) Балканот и Македонија во праисторијата (икт)
6 (2 седмица) Повторување Октомври

7 (2 седмица) Повторување на темата

Интегрирање на часови: 1,2 и 3 реализација (3) часа


Цели:
o Да знаат колку гледишта постојат за настанокот на човекот
o Да знаат каде се појавиле првите луѓе
o Да знаат по што се разликува човекот од животните
o Да знаат кои биле првите живеалишта на човекот и како настанале
првите орудија за работа
o Како бил пронајден огнот
o Да ги утрвди знаењата за настанокот на човекот
o Да знае што е тоа камено а што метално време
o Како се дели каменото време и што е карактеристично за него
o Да осознаат за првите човекови заедници и улогите што ги имаат луѓето
во нив
o Да ги разликуваат специфичностите помеѓу орда, род, братство и племе
o Да знаат што е тоа матријархат
o Да знаат како започнала епохата на металното време
o Да знаат со што се занимавале луѓето и како настанала трговската
размена
o Да ги воочат карактеристиките и причините за распаѓање на првобитната
заедница и појава на државата

Активности на учениците:

 Внимателно слушаат и одговараат на поставени прашања од страна на


наставникот
 Ја читаат и анализираат легендата за Адам и Ева
 Го читаат текстот за англискиот научник Чарлс Дарвин и отвараат
дискусија за неговата теорија за настанокот на човекот
 Дискутираат за тоа како со користење на разумот човекот се одделил
од животните
 Следат (дигитална содржина Power Point презентација)
 Утврдуваат предходни знаења за теоријата за настанок на човекот
 Дискутираат за разликата во старо камено и младо камено време
 Дебатираат за потребата на човекот за живот во заедница
 Одговараат што довело до пронаоѓање на првите занаети
 Читаат и гледаат фотографии на: “Наколна населба во заливот на
косиките“ http://muzejohrid.mk/gallery/78
 Работата во парови, едниот пар ги наведува должностите на жената, а
другиот должностите на мажот во првобитната заедница
 Изработуваат Т- табела во која, на едната страна се запишуваат
орудијата кои се употребувале во камено, а на другата орудијата во
метално време
 Дискутираат за тоа зошто била потребна размената на производите
 Дебатираат зошто и како настанала поделбата на лугето на побогати и
посиромаси
Наставни форми и методи :

 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија


 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, венов дијаграм, Т-метода
 индивидуална, равота во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирани часови: 4, 5, 6 и 7 реализација(4) часа

Цели:
o Да дознаат за првите форми на верувања кај луѓето
o Да знаат што е тоа тотемизам и многубоштво
o Да знаат зошто ја почитувале божицата-мајка
o (дигитална содржина Power Point презентација)
o Да ги утврдат знаењата за материјалните остатоци од праисторијата
o Да знаат со каква содржина и каде биле создадени првите цртежи
o Да знаат од кога датираат првите траги од живот во Македонија и
Балканот
o Кои се познати наоѓалишта и кои извори биле најдени во Македонија
и на Балканскиот Полуостров

Активности на учениците:

 Дискутираат за тоа што ги навело луѓето да почнат да ги толкуват


природните појави
 Работат во групи,го пополнуваат наставното ливче дадено од страна на
наставникот со тема добри и лоши духови
 Го читаат текстот за боговите на грчката митологија и дебатираат за
моќта која тие ја имале
 “Олимписките богови“ https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BB
%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B1%D0%BE
%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8
 Ги набљудуваат фотографиите со цртежи од учебникот и дискутираат за
тоа зошто луѓето ги цртале животните на зидовите од пештерите
 Ги набројуваат наоѓалиштата на материјални остатоци од камено и
метално време

 Одговараат на поставени прашања од страна на наставникот

Наставни форми и методи :

 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија


 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, венов дијаграм, Т-метода
 индивидуална, равота во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Средства и материјали за работа:


Училница,учебник по историја, историска читанка, историски атлас,
илустрирана историска енциклопедија, книга Митолошки лексикон, карта на
Светот, Македонија и Балкански полуостров, видео бим, компјутер
Средства и постапки за вреднување:
Постигнувањата на целите и учењето на учениците се оценува формативно
преку разговор со учениците,усни одговори на прашања од ученици,усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација . На
крајот од наставната тема можна е писмена проверка на знаењата на
учениците кој ке помогне во нивното сумативно оценување. Есеите и
проектните активности изработени вон часот се вреднуваат формативно но и
тие помагаат во оформувањето на сумативната оценка

Очекувани исходи:
 Учениците знаат за теориите за настанокот на човекот, знаат да
направат разлика помеѓу религиозното и научното гледиште за
настанокот на човекот, знаат за еволуцијата на човекот, за
поделбата на камено и метално време, за потребата на човекот за
оружје и орудија за работа, прави разлика помеѓу орудија од камено и
од метално време, знаат за тоа како ги толкувале лугето
природните појави, нивната поделба на лоши и добри духови, знаат за
тотемизмот и многубоштвото, за првобитните живеалишта, за
појавата на државата и поделбата на луѓето според материјалната
состојба, за материјалните остатоци и наоѓалишта во Македонија и
на Балканот.
НАСТАВНИК:

Мики Камчевски

You might also like