Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

СОУ,,Јане Сандански” - Струмица

Детектори на радиоактивно зрачење

Ментор: проф. Ванчо Белчовски


Тим:
Александра Костадинова

Струмица, април 2021


Детектори на радиоактивно зрачење

Содржина

Александра Костадинова
Детектори на радиоактивно зрачење

Вовед
Со оваа проектна задача ќ е се запознаеме со детекторите на радиоактивното
зрачење. Но, пред да преминеме на тоа, најпрвин ќ е се потсетиме што беше тоа
радиоактивно/јонизирачко зрачење.

Јонизирачкото зрачење (радијација) е она зрачење, коешто има доволно висока


енергија да предизвика избивање на електрон од електронеутрален атом, со што
врши јонизација, како што укажува и самото име.

Јонизирачкото зрачење се среќ ава насекаде и тоа може да биде од различна


природа. На пример, дел од спектарот на електромагнетното зрачење има
својство на јонизирачко зрачење. Исто така, снопови од најразлични честички,
коиште поседуваат големи енергии и може да вршат јонизација, се
класифицираат како јонизирачки зрачења.

Постои природна радијација, на пример, космичкото зрачење кое се состои од


најразлични честички: протони, алфа честички, атоми со поголема маса,
електрони, како и јонизирачко зрачење од космогени радионуклиди коишто
настануваат кога космичкото зрачење заемодејствува со атмосферата (H-3, Be-7,
C-14, Na-22), морската вода (минорно) и земјината кора (минорно, со исклучок на
Cl-36). Јонизирачкото зрачење потекнува и од радиоактивни материјали кои
постојат во земјината кора. Овие радионуклиди припаѓаат на една од сериите на
ураниум (U-238), актиниум (U-235), ториум (Th-232)и нептуниум (Np-237). Со
исклучок на серијата на нептуниум, сите други серии на радионуклиди постојат
на земјата.

Дури и човечкото тело содржи радионуклиди како што се K-40, C-14, Po-210.
Освен од природното зрачење, јонизирачкото зрачење потекнува и од вештачки
добиени радиоактивни извори коишто се користат во медицината, индустријата,
научните истражувања и др., како и од генераторите на зрачење, како што се
рентген апарати, акцелератори, циклотрони и сл.

Треба да се прави разлика помеѓу јонизирачкото и нејонизирачкото зрачење.


Нејонизирачкото зрачење е со помала енергија од јонизирачкото зрачење и не
врши јонизација во средината низ којашто минува. Во нејонизирачко зрачење
спаѓаат: ултравиолетовата светлина, видливата светлина, инфрацрвената
светлина, микробрановите (пр. комуникацијата со мобилните телефони),
радиобрановите (пр. оние со чија помош се пренесуваат радио и ТВ сигналите),
нискофрекфентните бранови, термичкото зрачење (топлината) и др.

Александра Костадинова

1
Детектори на радиоактивно зрачење

Регистирање на радиоактивното зрачење


Радиоактивните зраци се невидливи, нечујни, без мирис и вкус. Човечкиот
организам нема сензори за нивна детекција. Но, тие се многу опасни за неговото
зравје. Пред се, заради заштита од нивното штетно дејство, потребно е да се
детектираат со помош на специјални прибори.
Уредите со чија помош се регистрираат јонизирачките зрачења и со кои се
определуваат нивните карактеристики, се викаат детектори на јонизирачки
зрачења.
Детeкцијата на радиоактивното зрачење се заснова на α, β и ϒ зрачењата: нивната
јонизациона моќ , хемиското дејство врз фотографските плочи или способноста да
предизвикуваат луминисценција.
Кај секој радиоактивен детектор, една макропричина, на пример, појава на
електрон, предизвикува макроскопски ефект.

Карактеристики на детекторите
 Мртво време
 Ефикасност
-Што претставува мртвото време?
Мртвото време е важна карактеристика на секој детектор. Тое е временскиот
интервал од регистрирањето на честицата па до моментот кога системот
повторно ќ е се врати во нестабилна состојба, за да може да регистрира други
честици.
-Што претставува ефикасноста на радиоактивните детектори?
Ефикасноста е втората карактеристика на радиоактивните детектори, која
покажува кој дел од вкупно паднатите честици на него ќ е бидат регистрирани од
детекторот.
Во наредните точки, ќ е опишеме како функционираат некои од детекторите на
радиоактивните зрачења.

Фотоемулзија
Веќ е знаеме, дека Бекерел бил првиот кој што го открил радиоактивното зрачење
преку неговото дејство врз една фотографска плоча, изложена на зрачење од
ураниумова сол.
Овој метод на фоторграфската плоча со текот на времето бил усовршуван, така
што примената на фотографските емулзии послужила за откривање на други
важни појави како што се космичкото зрачење и некои други нуклеарни зрачења.
Трагите на фотоемулзиите по фотографската обраотка се прават со микроскоп.

Александра Костадинова

2
Детектори на радиоактивно зрачење

Вилсонова комора
Англискиот физичар Вилсон е првиот кој во 1911 година го конструирал овој
уред.
Активната средина на комората е заситена со пареа, најчесто од вода,хелиум, азот
или аргон. Изворот на радиоактивниот извор се поставува во внатрешната
активна средина.Со зголемување на притисокот на пареата прво се собира, а
потоа со намалување на притисокот пареата се шири, при што нејзината
температура се намалува и таа преминува во презаситена положба.
Таква пареа лесно се претвара во течност.При проаѓање на само една алфа-
честичска се формираат илјади јони кои стануваат центри на кондензираната
пареа. На тој начин се формираат капки течност, кои образуваат траги видливи со
голо око.
На ист начин настанува видливата трага позади авионот на големи височини
само што во тој случај честичките прашина доведуваат до настанување
пареа.Радиоактивното зрачење може индиректно да се регистрира со уреди-
детектори.При поминувањето на радиоактивните зраци низ различни супстанци
доаѓа до разни процеси со кои што се активира работата на детекторот.

Гајгер-Милеров бројач
Гајгеров бројач — инструмент кој се употребува за мерење на јонизирачко
зрачење кое широко се користи во други гранки на физиката како што се зрачна
дозиметрија, радиолошка заштита, експериментални физика и нуклеарна
индустрија.

Тој открива јонизирачко зрачење, како што се алфа-честички, бета-честички и


гама зраци со користење на јонизирачки ефект произведен во Гајгер-Милеровата
цевка според која е дадени и името на инструментот. Во широката употреба како
рачен инструмент за радиациони истражувања, тој е можеби еден од
најпознатите инструменти за пронаоѓање на радиоактивност во светот.

Оригиналниот принцип на пронаоѓање на зрачењето е откриен во 1908 година,


но по развивање на цевката на Гајгер – Милер во 1928 година, Гајгер-Милеровиот
бројач стана практичен инструмент. Од тогаш тој е многу важен поради
неменливите сензори и релативно ниската цена. Сепак, постојат ограничувања во
мерењето на високи стапки на зрачење и на енергијата на инцидентното зрачење.

Александра Костадинова

3
Детектори на радиоактивно зрачење

Начин на работа на Гајгер-Милеров бројач


Гајгеровиот бројач се состои од Гајгер-Милерова цевка, елемент со сензор, кој го
пронаоѓа зрачењето и електроника за обработка, која го прикажува резултатот.
 Цевката на Гајгер-Милеровиот бројач е исполнета со инертен гас, како што
се хелиум, неон или аргон на низок притисок, кој е приклучен на висок
напон.

 Цевката испушта кратко електрично полнење кога честичка или фотон на


инцидентно зрачење гасот го прави спроводлив поради јонизацијата.
Јонизација во цевката е значително засилена поради Таунсенд –
ослободувачкиот ефект кој овозможува продуцирање на лесно измерлив
пронаоѓачко пулсирање, кое се прикажува на електронскиот дисплеј.

 Ово големо пулсирање од цевката прави Гајгер-Милеровиот бројач да биде


релативно евтин за производство. Електрониката исто така создава висок
напон, најчесто 400-600 волти, кои треба да се внесат во Гајгер-Милеровата
цевка за да се овозможи нејзино работење. Во натписот на Гајгер-
Милеровата цевка има подетален опис за основните механизми на
јонизација.

Александра Костадинова

4
Детектори на радиоактивно зрачење

Меурчеста комора
Денес во поголема употреба од Вилсоновата комора е т.н. меурчеста комора,
откриена во 1952 година од страна на Д.Глејзер.
 Комората се користи за детекција на честици со висока енергија.

 Кај оие комори презаситената смеса од гас и пара е заменета со прегреана


течност- течен водород, течен деутериум и течен хелиум.

 Течноста (2:1 неон-хидроген микс) е држена под притисок од 5 атмосфери.

 Непосредно пред пуштањето на сноп од јонизирани честици од ацелаторот,


притисокот опаѓа на 2 атмосфери со што водата станува прегреана.

 Кога наелектризираните чeстици од снопот минуваат низ течноста, тие


предаваат енергија јонизирајќ и ги атомите и ова доведува до вриење на
течноста по патот низ кој поминале.

 Некои честици од снопот можат исто така да се судрат со атомските јадра


(при што се одбиваат)- тоа е она што физичарите го проучуваат – и
наелектризираните честици кои се одбиваат од оваа интеракција исто така
ја јонизираат течноста создавајќ и траги од меурчиња.

 На создадените меурчиња им е дозволено да растат неколку милисекунди


и кога тие ќ е достигнат дијаметар од 1 милиметар, се фотографира.

 Притисокот тогаш повторно се зголемува со цел да исчезнат мурчињата и


се чека повторно испуштање на сноп од јонизирани честици.

Заклучок
Со оваа проектна задача се потсетивме на тоа, што е радиоактивно/јонизирачко
зрачење и се запознавме со детекторите на радиоактивното зрачење и нивниот
начин на работа.

Александра Костадинова

5
Детектори на радиоактивно зрачење

Користена литература
ФИЗИКА ЗА III ГОДИНА РЕФОРМИРАНОТО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ, Невенка
Андоновска, Мирјана Јоноска, Мимоза Ристова, IV издание
https://mk.wikipedia.org/wiki/
%D0%93%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B2_
%D0%B1%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%87

Александра Костадинова

You might also like