Ликовно прашања

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Ликовно прашања:

1. Како се дели Егејската уметност?


- Кикладска култура, Критско – Минојска култура и Микенска култура.
2. Низ колку фази го следиме развитокот на грчката уметност?
- Развитокот на грчката уметност го следиме низ три поголеми фази: ахраична,
класична и елинистичка.
3. Што се тоа терми?
- Терми се големи заеднички бањи со градини, библиотеки и тераси и тие
претставувале центар на општествениот живот. Познати се Каракалините терми во
Рим кои биле богато украсени со мозаици и архитектонски елементи.
4. А што е форум е плоштад и каде се јавува?
- срeдиште на политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот
живот во стариот Рим, се нарекувал Форум Романум.
5. Кој е најголем амфитеатар во Рим?
- Најголем амфитеатар во Рим е Колосеумот кој бил подигнат од царевите
Флавиевци и собирал околу 50 илјади луѓе.
6. Наброј неколку скулптури во римската уметност?
- Трајановиот столб (колумна) во Рим, статуата на Императорот Август и онаа на
Марк Аврелиј на плоштадот Кампидолјо во Рим.
7. Римски храм?
- Храмовите се изградени од три дела: преддворје (пронаос), главен дел-простор
(наос), скривница (опистодомос).
- Познати храмови: Партенон (се наоѓа на акропол, еден од најпознатите храмови,
карактеристичен по тоа што во него е погребан сликарот Рафаел), базиликата во
Пестум, храмот Ерехтеон (нов вид на столбови-кариатиди-камени блокови коишто
се претставени како женски фигури.). подножјето се нарекула стилобат.
8. Римски театри?
- Во Рим се граделе и театри по грчки пример, такви се Марцелиниот театар во Рим,
римскиот театар во Арл, и Триполис во Сабрати.
9. Што се тоа каријатиди?
- Каријатиди се скулптури со форма на жена, кои во архитектурата се користат како
столбови, при што над главата на женската фигура се наоѓа первазот.
10. Што е тоа сфинга?
- Во Стариот Египет - камена фигура на легнат лав со човечка глава. Полу човек полу
лав
11. Што се тоа пирамиди?
- Пирамидите се најзначајни архитектонски споменици на Старото Царство, тие се
најосновни форми.
- Најстарата пирамида е скалената пирамида што ја подигнал фараонот Џосер.
- гробниот комплекс кај Гиза кој се состои од Кеопсовата, Кефреновата и
Микериновата пирамида.
12. Најзначајни египетски градови?
- Но – Амон (грчка Теба) и од десната страна на Нил се наоѓал градот на живите од
кој се зачувани храмовите Луксор и Карнак, а постоел и град на мртвите.
13. Готичката уметност (каде се појавила, кога, карактеристики) ?
- Тоа бил стил на средновековна уметност кој се развил во северна Франција во 12
век, предводен од развојот на готската архитектура. Овој модерен француски стил
добил меѓународна распространетост. Се создала нова урбана култура на
самостоен готски град кој се делел на квартови, се остварува отворањето на првите
световни школи и универзитети (Болоња, Париз)
14. Што е тоа катакомба?
- Катакомбите биле подземни христијански гробишта. Најголеми катакомби се
римските, но ги има и во Неапол и Сирија.
15. Кога се јавува романичка уметност?
- Романиката е средновековна уметност што настанала помеѓу 1050 и 1200 година и
таа е прв и единствен стилски период кој ја опфатил цела Западна Европа.
16. Што е тоа витраж?
- Во готиката многу се развил витражот односно сликањето на стакло. Во капелата
на црквата Сен Дени и катедралата во Шартр се остварени ремек дела во оваа
област.
17. Опиши ја уметноста во Микена?
- Микенската уметност се развила на југоисточниот брег на Грција, во исто време со
критската култура.
- Архитекура - Микена е изградена од големи киклопски ѕидини коишто се со
неправилна градба. Таа е поставена на утврден ѕид цитадела, во средината се
наоѓа палата со мегарон (престол), на запад се наоѓа кружна метропола (градот на
мртвите), а на исток се наоѓаат подземните галерии. Влезот на Микена е наречен
лавја врата (има два лава релјефно прикжани на влезот и еден свет столб. Градбата
не е поврзана со малтер, туку се наредени камени блокови)
18. Како се дели Атина?
- Атина се состоела од два центра: едниот бил Акропол кој претставувал сакрален
центар (го граделе Фидија, Каликрат, Иктин), а вториот е Агора која била
административен и општествен центар.
19. Наброј неколку храмови во грчката уметност?
- Најсовршен грчки храм е Партенон, потоа Базилика, Ерехтеон, Аполоновиот храм,
храмот на божицата Нике и други.
20. Наброј градови во Грција?
- Делфи, Олимпија, Атина, Милет
21. Како се нарекуваат христијаните во Египет?
- Христијаните во Египет се нарекуваат копти.
22. Што е карактеристично за раното христијанство?
- Христијанството се појавува во Еврејска Палестина и веднаш со тоа следат разлики
во учење како и поделба на црквата на католичка и православна. Христијанството
придонесува во уметноста да се воведат поинакви содржини од претходната
античка уметност со тоа што божеството е претставено со човечка форма.
Уметниците сликале сцени од Библијата, а најчесто обработувани теми биле Исус
Христот и мотивите од Стариот Завет, Евангелиските настани и друго.

23.Што е тоа мумија?


- Мумија е труп чија кожа и органи се сочувани намерно. Начинот на
мумифицирање во Стариот Египет се менувал со текот на времето, но целта.
балсамирано тело на покојникот-фараон или свештеник (вадени му се органите,
ставени во пехар, целото тело е премачкано со смоли и обвиткано со завој)секогаш
била задгробниот живот да добие материјална форма, па за продолжување на
животот било неопходно да се сочува телото од пропаѓање.
-
23. Месопотамија
- Основачи на месопотамската цивилизација се Сумерите, според областа Сумер што
се наоѓала близу реките Тигар и Еуфрат.
24. Зигурат
-Зигурат е градба во форма на скалеста кула на повеќе катови, на чиј врв се наоѓа
светилиште. Познат е зигуратот во градот Дур Унташу.
25. Месопотамска уметност и скулптури?
- Алабастерната женска глава од Урук, групата статуи од Тел Ашмар, Овенот и
разгранетото дрво од Ур, Глава од акадскиот владетел од Нинива, скулптура на
Гилгамеш

26. Што се катакомби?


- Катакомби се стари подземни премини кои луѓето во минатото ги користеле за
заштита како засолништа, како и за погребувања.

27. Наброј неколку театри во римската уметност!


-Театри- амфитеатарот Епидаурус (350 години пне) собира 16000 гледачи. Има три дела:
полукружни поставени седишта на спратови, главна бина, трет дел кадешто се глумците
-Кариатиди – камени блокови коишто се претставени како женски фигури (ги има на
храмот Ерехтеон)

28. Наброј неколку скулптури во месопотамија!


-Главата на акадскиот владетел од Нинива (2300-2200 годна), Плочата на Нарам Син
(релјеф кадешто е прикажан војсководецот кој е претставен на врвот на плочата, над него
има сонце, а под него се свештениците), Крилест бик со човечка глава, групата статуи од
Тел Ашмар.

11. Што е тоа кромле?


Групација на менхери и долмени се викаат кромле или светилиште (стоунхенџ од
2000гпне)
12. Како се вика најстарата пирамида во Египет?
Џосеровата пирамида
13. Што знаеш за персиската уметност?
Архитектура Тука има убави кралски палати изградени од камен и убаво украсени, високи
стопбови. Персијците немале религиозна архитектура. Палатите биле подигнати на
зарамнета височинка каде што можеле да се извршуваат религиозни обреди.
Карактеристични се тремовите и престолната свечена сала со вити столбови со капител
што личи на седало, со фигури на животни. Доста битно е и златарството како уметност
што ја следи традицијата на живата анималистичка уметност на стелските народи. Тоа е
префинето, има реалистични белези и симболична стилизација што потсетува на
месопотамската цилиндрична цивилизација (предметите на Луристан, скитското злато,
феничките и хетитските предмети).
21. Што е розета?
Розета е главен украс на фасадата во црквите.

САРКОФАЗИ-камени ковчези кои од страната имаат релјефи на кој што има баррелјеф со
сцени од секојдневниот живот

You might also like