Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Живојин Глишиќ е роден на 27 јули 1954 година во Скопје, во

Дебар маало.
Основно училиште завршил во Ј.Х.Песталоци. Неговите
почетоци во музиката биле уште во неговото детство кога со
својот другар свиреле на гитара по влезовите од зградите каде
што живееле.Отсекогаш најголем предизвик му била џез
музиката и хармонијата.
Образованието го продолжил во Средното музичко училиште, а
потоа на факултетот за музичка уметност. Студирал на одделот
за Музичка теорија и педагогија, но неговиот талент го
забележале некои од професорите и по консултации со еден од
нив, композиторот професор Томислав Зографски, се запишал на
одделот по композиција. По завршувањето на студиите се
вработил како гитарист во народниот оркестар во Македонската
радио телевизија. Подоцна станал солист на гитара во Биг-бенд.
Ова му овозможило да ги запознае тајните на џез музиката.
Станал член и на џез групата Јазбина од Загреб како гитарист,
композитор и аранжер. Во 1989 година почнала со предавања на
Факултетот за музичка уметност во Скопје по предметите
хармонија, полифонија и др.
Најголемо влијание во интересот кон музиката и музичкото
творештво го добил од Драган Ѓаконовски Шпато со кого ја имал
најголемата соработка. Првите песни ги напишал уште во
времето на средношколските денови, но воодушевен од џез
музиката и јужно-африканската музика тој во своите композиции
вклучил многу елементи од македонскиот музички фолклор и џез
музика. Има напишано голем број на композиции меѓу кои
најзначајни му се Разденување, Пасаж, Одрон, На убавиот син
Охрид, Прелидиум и Пајдушко, Либе Стано, Со маки сум се
родила и многу други.

Велигденско оро кавал,тапан,

You might also like