Обработка на дијалог - театарска претстава Dialogue

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Оперативен план за час по англиски јазик

ООУ „Христијан Тодоровски - Карпош“ – с. Драгоманце


ПУ с. Пелинце, с. Челопек, с. Арбанашко
Одделение Четврто одделение
Наставник Сања Милановиќ - Илијевска
Наставна тема Unit 5: She’s a clown!
Наставна Обработка на дијалог – театарска претстава Dialogue
единица
Датум 14. 11. 2019
Цели на часот Ученикот да го совлада новиот вокабулар за професии и
облека.

Фази на часот

Воведен дел (10 Наставникот го започнува часот така што им покажува


мин) сликички од облека на учениците и усно се потсетуваат на
веќе познатите зборови. Потоа ги разгледуваат сликичките
во книга и разговараат за професии. Наставникот ги кажува
на англиски, тие ги повторуваат зборовите. Новите зборови
од стр. 30 ги препишуваат во тетратка и преведуваат. Милан
добива наставно ливче на кое треба со боички да ја избои
облеката.
Главен дел (20 Наставникот им го пушта дијалогот да го слушаат и гледаат
мин) (https://www.youtube.com/watch?v=UUVBCREdmic), а потоа ги
дели по улоги и тие го читаат дијалогот. Откако ќе
прочитаат, наставникот го преведува дијалогот и ги
одговараат прашањата од книга усно во врска со дијалогот
во којшто деца во училиште прават училишна претстава но
по грешка си ја разменуваат облеката и настанува мала
збрка. Исто така и на Милан наставникот му поставува
прашања во врска со дијалогот.
Завршен дел Учениците го препишуваат дијалогот во своите тетратки, а
(10мин) Милан ја црта омилената професија во тетратка.

Наставни Училишен прибор, тетратки, книги, табла, креда.


средства и
помагала
Наставни методи Природен метод, аудио-лингвален метод, целосен физички
и форми на одговор (TPR), тивка активност (silent way), фронтална
работа работа, работа во заедница, индивидуална работа.

Додатна Учениците играат пантомима, односно да ја погодат


активност професијата.
Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни
инструменти за одговори на прашања од наставникот, усна повратна
оценување и информација и сл.
вреднување на
работата на
учениците и
техники
Очекуван исход Учениците да го усвојат вокабуларот за професии и облека.

Рефлексија на
часот

You might also like