Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Данте Алигери

Данте Алигиери е еден од најзначајните творци на овој нов бран со кој


завршува средниот век и започнува периодот на ренесансата.

Едно од најголемите дела на светската литература, Божествената комедија,


можел да го напише само просветлен ум.Некои дури сметаат дека она кое е
запишано Данте и лично го доживеал,барем во својот свет на
соништата,бидејќи поетите го доживуваат светот на свој особен начин.

Иако податоците за животот на Данте се ретки ,знаеме дека е роден во


Фиренца (Италија) помеѓу 15 мај и 15 јуни 1265 година во благородничко
градско семејство приврзано на Папата (тн. Партија Гвелфи).Данте е кратенка
од неговото вистинско име , Дуранте .Мајката на Данте умира веднаш по
неговото раѓање но тој расте во среќно семејство со својот татко,маќеата и
своите двајцаполубраќа и две полусестри.

Неговото образование било добро за времето во кое живеел.Малку


религиозно образование,делата на Аристотел и повеќе латински
класици.Данте бил интелигентен и сериозен и учел подобро од другите.Уште
во младоста започнал да се занимава со пишување поезија и бил добар
пријател со поетот Гвидо Кавалканти.Љубовта на неговиот живот била
убавата Беатриче која прв пат ја запознал во 1274,на 9 години , а втор пат ја
видел дури по девет години во 1283 што било пресудно за неговиот живот
како писател .Беатриче подоцна се омажила за Симоне деи Барди а Данте се
оженил во 1277 година, по наредба на својот татко, со Џема ди Мането.Имал
повеќе деца меѓу кои Џовани,Јакопо,Пјетро и Антонија(која се замонашила
под името Беатриче) .
Творештвото на Данте Алигиери
Прва збирка песни на Данте е „Нов живот“ во која ја искажал својата љубов
кон Беатриче. Збирката содржи 30 песни поврзани со прозно раскажување.
На почетокот ја раскажува својата прва средба со Беатриче (тој имал 9, а таа
8 години), кога иако дете почувствувал дека „душата му затреперила“.
Љубовта, по нејзината смрт, се претвора во тага, но и во ветување дека ќе го
воздигне нејзиниот лик.

Делото „Пир“ („Гозба“) содржи 14 алегорични песни поврзани со


раскажување каде Данте ги искажува своите ставови за човековиот разум, за
задгробниот живот, ангелите и Бог. Значајно е тоа што делото го напишал на
народен говор, а не на латински јазик како што до тогаш се пишувало.
Оттогаш тој почнува да се занимава со филолошки работи и да ја пропагира
уптребата на јазикот кој го разбираат сите. Вака тој станува зачетник на
формирањето на италијанскиот литературен јазик. Негово најзначајно
литературно дело е „Божествена комедија“.

„Божествена комедија“
Инспирација за создавањето на ова ремек-дело на Данте му дала љубовта
кон Беатриче која сакал да ја овековечи, а успеал заради својатата широка
наобразба, животното искуство, политичките борби во кои бил директно
вклучен, доброто познавање на филозофијата итн.

„Божествената комедија“ е религиозно-филозофски еп.


Темата во делото е задгробниот живот, односно наградите и казните што ќе
ги добие човекот по смртта според заслугите во животот.
Идејата е да ја прикаже состојбата на човечките души по завршениот
животен пат и да му укаже на човекот дека треба прво да изврши сопствена
преродба, а потоа да врши преродба на човештвото (општеството).
Композиција на „Божестената комедија“
Композициски „Божествената комедија“ се состои од 3 дела: „Пекол“,
„Чистилиште“ и „Рај“. Секој дел се состои од 33 песни од строфи со по 3 стиха
(терцини), а заедно со воведната песна сочинуваат 100 песни. Освен бројот 3
кој игра посебна улога како христијански симбол (Отецот, Синот и Светиот
дух – светото тројство), застапен е и бројот 9 (3 X 3) во истата улога. Во сите
три дела има: 9 круга во пеколот, 9 степени на усовршување во чистилиштето
и 9 неба во рајот. Бројот на стихови во сите три дела е еднаков и сите
завршуваат со зборот ѕвезда.

Данте раскажува (нараторот) во прво лице, тој е присутен во делото и сè


видел со свои очи. Ова е карактеристично за жанрот видение присутен во
средновековната литература.
Во „Божествената комедија“ има многу ликови и тоа: негови современици –
важни личности од политичкиот и културниот живот; историски личности –
јунаци, уметници, поети; како и митолошки суштества, личности и божества.
Сите овие ликови суштествуваат паралелно, без разлика на кое време им
припаѓаат и дали се вистински или измислени.

You might also like