Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Упатство за пишување текст со дадени насоки

Тема: Мрзливоста е најчестата причина за неуспех во животот на


човекот
Конкретни насоки:
1. Посочи најопшти одредници за поимот мрзеливост.
2. Појасни го значењето на мрзливоста во животот на човекот.
3. Опиши што значи за тебе мрзливост.

4. Посочи примери преку кои ќе го претставиш својот став за


тврдењето дека – мрзливоста е најчестата причина за неуспех во
животот на човекот.

Насоките се однесувааат при пишување/давање писмен одговор на секоја


тема.

Секој текст претставува одговор на поставено прашање. Според тоа текстот


треба да има јасна структура која кога би се разложила би изгледала вака:

Вовед:
- се претставува темата (тезата) со најопшта реченица (краток одговор за
поимот);

- следуваат реченици (4 ̶ 5) со кои се претставува (навестува, извлекува)


конкретното прашање (проблем, мислење) за кое ќе следува одговор.

- се формулира теза (став,мислење) која ќе се претстави во главниот дел на


текстот.

Следи преодна реченица што значи поврзување на воведот со главниот


дел.
Ако се поврзе со зададените насоки на темата, тогаш воведот се однесува
на точка 1.

Главен дел:

- Се презентира (се пишува) тезата (став, мислење) за темата. Во


презентацијата се внесуваат аргументи „за“ и „против“. Аргументите се
поткрепуваат со докази (примери) од различни извори.
- Авторот, слободно, го искажува својот став за темата користејќи го сето
знаење што го има.

Ако се поврзе со зададените насоки на темата, тогаш главниот дел се


однесува на точките 2,3 и 4.

Следи преодна реченица што значи поврзување на главниот дел со


заклучокот.

Заклучок:

- Се сумира сето она што е веќе напишано.


- Се извлекуваат клучните ставови на авторот на текстот.

Заклучокот не треба да биде подолг од воведот.

Практична вежба ̶ како да се напише текст со зададени


насоки

Мрзливоста е најчестата причина за неуспех во животот на човекот

- Посочи најопшти одредници за поимот мрзливост.


- Појасни го значењето на мрзливоста во животот на човекот.
- Опиши што значи за тебе мрзливост.

- Посочи примери преку кои ќе го претставиш својот став за


тврдењето дека – мрзливоста е најчестата причина за неуспех во
животот на човекот.

1. Се одредува клучниот збор во темата - кој е клучен збор во дадената


тема? (се извлекува – мрзливост)
2. Се формулираат што е можно повеќе прашања околу клучниот збор
(прашања што ќе помогнат во анализа на клучниот поим)

Пример на можни прашања: Што е мрзливост?


Како се појавува? Со што се препознава...Кој е мрзлив? Зошто? Каков е
мрзливиот човек? Како се однесува? Кои се придобивките? Кои се
недостатоците? Може ли да се напредува... Наведи примери - лично
искуство.
3. Откако ќе се исцрпат прашањата истите се распоредуваат во
композицијата на пишаниот текст. Се подредуваат одговорите на
поставените прашања кои треба да бидат дел од воведот, а кои
треба да се напишат во главниот дел.

Заклучокот е сумирање на веќе напишаното. Најчести реченични


формулации за заклучокот:

- Од сето ова може да се заклучи дека мрзливоста.....


- Направената анализа укажува на.....
- Заземениот став се потврдува ....
- Ако се извлечат клучните ставови....
- Заземениот став за клучниот поим .....

You might also like