Zhitija

You might also like

Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 3

Светата маченичка Марина, позната во народот како Огнена Марија, почитувана

како борец за верата Христова и заштитник на жените.


Огнена Марија, Светата маченичка Марина е родена во Антихија. Крстена е на
12. години, а за нејзината вера во Исус Христос пострада во времето на царот
Диоклецијан.
Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган, како Свети
Илија кој казнува со молњи и таа спаѓа во “огнените” светци.
Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините
“гори небото и земјата, не се работи “ниедна работа” .
Во народната традиција сочувани се примери на пожари или громови во во
топлите празнични денови изгореле жито, сено и домовите на луѓето кои го
прекршиле празникот и работеле на празникот на Свети Марина.
Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа
најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ нареди да им се поклони на идолите,
на што света Марина одговори:
„Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и
мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги
чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само
на мојот Создател“.
Тогаш Олимвриј ја стави на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во
затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата ѝ се јави најпрво ѓаволот како
страшна змија што ѝ се намотка околу главата. Но, штом светителката се
прекрсти, змијата се распукна и исчезна.
Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот
исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од
која се слушна глас:
„Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион,
зашто дојде денот на твојата радост.“
Една рака од света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во
Албанија пак, на планината Ланга, над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на
света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти.
Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат
не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат
толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на
манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.

И туѓите верници имале исаф на овие врели празници, чија круна е денешната
Светица, за разлика од нашите баксузи, кои ни држат предавање дека сме
“затуцани“ суеверници, почитувајќи ги наследените #обичаи од нашите предци.
Според молитвите на Огнена Марија да си го одживееме и овој пеколен ден,
надевајќи се дека пожарите над Кочани, од претходите два дена Горешњаци, ќе
згаснат за навек
За денешната #СветаНедела, можам само да кажам дека е една од многуте
Православни Светици која претрпела надчовечки малтретирања за да се откаже
од верата во својот Исус Христос.
Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку
смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани. Света Недела му рече на
Аполониј:
„На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган,
ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример
Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е пророкот Јона; ако ме предадеш
на меч, ќе се сетам на Чесниот Претеча. За мене живот е да умрам за Христа.“
Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги
подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси
сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со
душите на нејзините родители.
Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти
мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното
Царство во 289 година, во Никомидија.
Да ја чествуваме денешната Светата Недела Великомаченичка која ќе се моли и
за нас, за во животот да ни оди на подобро

Денот на #СветиотПрокопиј се смета како тежок празник за да не го прокопа


порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопцани децата.
Значи, празник и за мажи и за жени, е ај сега седнете си и по една ракиичка
направете си, попладне, после официјалната работа .
Роден е во Јерусалим, од татко христијанин и незнабожна мајка. Името најпрво
му беше Неаниј. По смртта на таткото, мајката го воспита синот сосема во духот
на римското идолопоклонство.
Неаниј оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре
христијаните. По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Савле. Во
третиот час од ноќта стана голем земјотрес, при што му се јави Господ и се
слушна глас:
Неаниј да оди со еден одред војска во Александрија за во неа да ги сотре
христијаните. По патот на Неаниј му се случи нешто слично како на Савле. Во
третиот час од ноќта стана голем земјотрес, при што му се јави Господ и се
слушна глас:
„Неаниј, каде одиш и на кого стануваш?“
Во голем страв Неаниј запраша:
„Кој си ти, Господи? Не можам да те познаам.“
Во тој миг во воздухот се јави пресветол крст, како од кристал, и од крстот дојде
глас:
„Јас Сум Исус, распнатиот Син Божји“.
И уште Господ му рече:
„Со знакот што го виде победувај ги непријателите свои и мирот Мој ќе биде
со тебе.“
Тој настан потполно го смени и го преврте животот на војводата Неаниј. Тој
даде да му се направи онаков крст и место да појде против христијаните тргна
на Агарјаните коишто тогаш удираа на Јерусалим. Како победник влезе во
Јерусалим и ѝ објави на мајка си дека е христијанин. Изведен пред судијата ги
симна и ги фрли од себе појасот и мечот војводски за да покаже дека е војник
само на Царот Христос.
После големи мачења беше фрлен во затвор, а таму повторно му се јави
Христос и го крсти и му го даде името Прокопиј.
Еден ден му дојдоа на затворскиот прозорец дванаесет жени и му рекоа:
„И ние сме слугинки Христови.“
Обвинети за ова, беа фрлени во истиот затвор, па свети Прокопиј ги поучуваше
во верата Христова, а особено за да го примат венецот на мачеништвото. Затоа
во чинот на брачното венчавање, покрај боговенчаниот цар Константин и
царицата Елена, се спомнува и свети Прокопиј.
Гледајќи ја нивната храброст и маките што ги трпат, мајката на свети Прокопиј
и самата поверува во Христа, па сите тринаесет беа погубени заедно.
Кога беше изведен на губилиштето, светителот ги подигна рацете кон исток и
Му се помоли на Бога за сите бедни и неволни, сиромашни и вдовици, а особено
за Светата Црква, да порасне и да се спростре насекаде и Православието да
свети до кончанието на светот.
И од небото му беше јавено дека молитвата му е услишена. Потоа радосно ја
положи главата под мечот и појде кај својот Господ.

И ние денес да работиме и живееме, според молитвите на Свети Прокопиј, за да


останеме во нормала, одолевајќи на сите НЕнормали околу нас

You might also like