Елаборат

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Лабараториска вежба по Компјутерска Анимација

Сенчање и текстурирање

Во оваа лабараториска вежба ќе ги погледнеме различните материјали во Маја и


со истите ќе сенчаме и текстурираме една сцена.

Во Zip-от што го симнавте ќе имате сцена наречена Куглана. Истата лоадирајте ја во


Маја. Вашата задача е да пробате да добиете нешто слично на сликите во фолдерот
“References”.
Еве еден мал guide за најосновните материјали и кога кој да го употребите:

- Lambert се користи за објекти од гума, кожа, облека и дрво. Апсорбира


светлина и е совршен за мат површини.
- Blin се користи за објекти од метал или стакло.
- Phong се користи за мазни површини како оние од пластика.
- Phong E материјал за смрзнато стакло, брусен метал.
Додавање на материјал во Maya може да се изведе на неколку начини. Најлесниот
е со кликање десен клик на објектот на кој сакате да го додадете материјалот и да
одберете assign new material. Во прозорецот што ќе ви се отвори одберете го типот на
материјалот кој сакате да го додате [ најчесто ќе ги користите материјалите што ги спомнавме
погоре ].

Потоа во Attribute ediotrot ќе можете да ги видите сите опции за материјалот .


Лабараториска вежба по Компјутерска Анимација

Секој од овие параметри има влијание на самиот материјал. Некои промени нема
да можете да ги видите со самото поместување на слајдерите туку ќе морате да ја
изрендерирате сцената . Поиграјте си со нив и видете кои како влијаат.

Со кликање на икончето што е обележано со црвената стрелка на сликата


вие можете наместо боја да додадете шејдер или текстура. Покомплексните
материјали што ги се во References се добиени така. Идеата е да пробате што
повеќе од овие така наречени рендер нодови и да добиете интересни текстури.

Топките за куглање се најдобри места за експериментирање во оваа сцена.


Првата редица на кугли се понг материјали во различни бои.
Втората редица се со различни шејдери. Погледнете во Кугли фолдерот и ќе
можете да видите кои поставки се искористени да се добијат различните текстури.
Третата редица ви е оставена за ваша креативност да ги направите како сакате.

Подот е готова бесплатна текстура што можете да ја најдете како “Под” во


фолдерот текстури. При поставување на истата [ Со помош на “File” нодот во
рендер нодовите ] гледаме дека е премала за таа површина што пробуваме да ја
покриеме. Еден “Трик” за како да го решиме ова е UV-то на самиот под да го
скалираме. Тоа можеме да го направиме со Scale алатката во UV editor менито.
Лабараториска вежба по Компјутерска Анимација

Можете истотака да додавате текстура/шејдер само на некои одредени фејсови на


некој објект, така се постигнати прозорите на ѕидовите.

НАЈВАЖНО:
Текстурирањето и сенчањето [како и моделирањето, анимаицјата
осветлувањето...] се уметнички техники и не се учат за 2 часа континуирана работа.
Најважно од се е да се експериментирате со различни атрибути и параметри и пробајте да
добиете нешто интересно.

Tips and tricks:


1. Осигурајте се дека имате кликнато 6 за да можете да ги гледате текстурите.
2. При рендерирање на сцената за да видите како личат самите текстури,
одберете Maya hardware2. Копчето за рендер е следново

3. Лесен начин да ги видите сите материјали што ги имате креирано и да ги


додадете на вашите објекти е со помош на Hypershade едиторот. Можете да го
најдете во:
WindowAnimation Editors Hypershade .
4. Брз начин да пристапите до атрибутите на материјалот ако сакате нешто да
смените на некој објект е со кликање на десен клик и обирање на Material
attributes.
5. Ако објектот стане зелен не паничете! Тоа значи дека материјалот што бил
доделен на него бил избришан. Само додадете нов материјал и се ќе е океј.

You might also like