1. Главни симптоми на болести на респираторниот систем се: - Кашлица - Искашлување - Диспнеа - Болки во градите Кашлицата е најважен симптом на респираторните болести и претставува рефлексно или волево исфрлање на воздух од дишните органи. Кашлицата може да биде: - сува = без искашлок - влажна или продуктивна = со искашлување - во напади кај астмата - засипната Искашлување е патолошки продукт главно составен од слуз и гној. Исашлокот може да биде бистар, матен и гноен. Присуството на крв е алармантен знак. Хемоптоја е појава на поголемо количество на крв во плунката или искашлувањето. Хемоптизи е искашлување на помали количества на крв во вид на капки или точки. Диспнеа е отежнато дишење при што се чувствува недостаток на воздух. Ортопнеа е диспнеа која се намалува кога е болниот во постела или кога стои. Свирење во градите ако е локализирано само на еден дел се нарекува стродор, а доколку се слуша на далечина се нарекува визинг. - Хронична опструктивна белодробна болест – состојба на опструкција на дишните патишта поради хроничен опструктивен бронхитис и емфизем. Најчесто заболуваат мажи, луѓе со понизок социјален статус, индустриски раб и др. - Етиологија Главен причинител е пушењето и други причини кои доведуваат до уништување на слузницата и другите структури на дишните патишта. Овие оштетувања доведуваат до бојава на слуз која тешко се искашлува поради оштетување на трепкастиот епител, што предизвикува кашлица како главен симптом. - Клиничка слика Главни симптоми се утринска кашлица со слузав искашлок и диспнеа. Појавата на диспнеа е знак на опструкција на дишните патишта. Во почетокот се јавува при напор, а подоцна и во мирување и честопати овие болни добиваат и воспаление на белите дробови што доведува до уште поголемо оштетување на бронхиите. Оштетување на дишните патишта го отежнува движењето на воздухот што доведува до недостаток на кислород осносно хипоксија и натрупуање на јаглерод диоксид или хиперкапнеа. Поради тоа се појавува цијаноза кај овие болни прво на слузницата а потоа и на лицето. - Дијагноза Важно е на време да се открие почетокот на оштетувањето за да не доведе до нивно стеснување и последиците кои настануваат. За превенција се важни спирометриски испитувања на бели дробови, гасни анализи на артериска крв и преглед на искашлок, крв и други анализи за утврдување на инфекција. - Лекување За превенција – одење на систематски прегледи, примање на вакцина против грип и навремено примање на антибиотици, бронходилататори за проширување на дишните патишта а во потешки случаеви и кортикостероиди.
Емфизем на белите дробови – болест со хроничен
прогредиентен тек, која се карактеризира со преголемо зголеување на дишните патишта. Важни компоненти на создавање на енфизем се трајно иреверзибилно зголемување на дишните патишта и деструктивни промени на алеоларните ѕидови. Прекумерно зголемување на дишните патишта без деструктивни промени не е енфизем туку хиперинфлација. Етиологија Сите причини кои доведуваат до хроничен бронхит доведуваат и до енфизем значи пушење, инфекција, професијата , алергенски фактори и др. Опструктивните белодробни болести како што се астма и х.бронхит придонесуваат за формирање на секундарен енфизем. Примарниот енфизем се формира без предходна опсттруктивна болест и е генетски детермниран за неговиот развој. Клиничка слика Диспнеа е основен водечки симптом, прво само при физички напор,а потоа и во мирување. Се јавува непродуктивна сува кашлица или пак спутумот е опструктивен. Болните со примарен енфизем се слаби, со бледорозев изглед на лицето и издишуваат воздух низ стиснати усни се познати како “розеви бревтачи”. Кај секундарниот енфизем, доминираат симптоми на хроничен бронхит, кашлица и искашлок, тие се дебели со изразена цијаноза, отечено лице и се наречени “сини подуени луѓе”. Лекување Иако ништо не може да ги врати белите дробови во првобитната форма, сепак се даваат бронходилататори, антибиотици, се дава кислород ако има респираторна инсуфициенција.