Како да се сработи добар есеј

You might also like

Download as rtf, pdf, or txt
Download as rtf, pdf, or txt
You are on page 1of 9

Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

ВИДОВИ НА ШКОЛСКИ ЕСЕИ


Есејот првпат се појавува во Франција. Првиот есеист е Мишел Монтењ. Според
него есејот е ОБИД преку еден вид на раскажување да се достигне до научност,
односно до сериозни мислење, погледи, ставови. Или, есејот е обид авторот во свој
личен слободен стил од нешто мало (како еден вид расказ) да направи нешто големо,
вредно во содржинска смисла (слично на некакво научно дело пример трактат) .
Подоцна есејот е насекаде општо прифатен како литературна и научна форма на
изразување. Во денешно време речиси нема познат автор кој не објавил некаков свој есеј.
Во модерното образование многу е присутна есеистичката форма на изразување како
слободен стил на изразување. Во други форми на изразување постојат многу строги
правила како треба да изгледаат тие стилови на пишувања, методологија на изразување.. За
разлика од нив есејот е слободна форма на изразување со користење на личен стил на
изразување и повикување на други автори за да се поткрепи и зајакни личниот поглед.

Образовните есеи според својот наративен карактер се делат на : Интерпретативен,


Расправачки и Споредбено-расчленувачки .

А. Интерпретативен (објаснувачки) есеј:

Прв чекор- Полека и со внимание почни го текстот за кој веќе си дошол до одредена
содржина преку твоето истражување. Некаде на маргините од листот испланирај го
воведниот дел, потоа главнината која опфаќа разработени и расчленувани делови, и на
крајот одреди си го заклучокот. Зададената тема т.е. задача замислија како целина со
конкретни делови каде се определува личниот поглед (став, гледиште) во сеопфатно дело.
Тука треба да се опфатени и делата и авторите како и периодот кога тие тоа го објавувале
од личните истражувања и нивната поврзаност со твоите мисли, идеи, ставови.
Самостојно објасни ја во самиот воведен дел тематиката за која сакаш да пишуваш,
појасни го главниот конфликт во идејата која ја истражуваш и пишуваш. Во овој вид на
есеј најважно е добро да ги објасниш конкретните ликови, проблеми, состојби, поими,
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

термини, а најважно е да имаш постручни аргументи (цитати, докази, примери, пораки)


кои ќе ти помогнат да го афирмираш (позитивно потврдиш) или негираш (негативно го
отфрлаш).Интерпретативниот есеј користи : изрази за интерпретација на поезијата:
анализа, дијалектен говор, форма, лирика,рима, синтеза, строфа, тема, стих, симбол, знак,
ритам, одреден литературен правец. Есејот исто така користи: мотив, контекст, ликови,
епизоди, мотивација, фабула, случка, доживување, нарација, жанр, монолог, драма,
експозиција, конфликт, дијалог, комедија, трагедија, карактер, користи дискурзивен стил во
кој внесува анализа на текст, композиција, различен јазик во една композиција.

Б) Расправачки есеј

Најпрвин се извлекува настрана главниот став, односно своето мислење како автор. За да
се докажи став истиот бараш извадоци и заклучоци од некои други автори од најразлични
области. Потоа точно го определуваш времето, периодот на расправата, кој се
општествените-политички ситуации, додаваш некои тогашни важни настани или ликови и
кои општи вредности тогаш биле многу почитувани. Својот став го аргументираш со разни
цитати, факти, докази, дефинирања. Бидете критични, објективни но и субјективни ако е
тоа потребно само да го зајакните својот став. Најважно е секогаш да го пишувате она што
самите вие го знаете. Немојте така од памет да ги изнесувате нештата и од памет да
расправате за нешто што и вас не ви јасно што е тоа. Никако не смеете да ја промашите
темата. Во расправите , неискусните тоа го прават стално. Никако не смеете да бидете
непристојни во изразувањео (користење псовки, навреди, омаловажувања,
дискриминации). Не пречкртувајте па потоа на истиот збор да исправате грешки. Не
пишувајте празни фрази и реченици без смисла. Важни правила се :

1. Со што се занимава овој есеј и што авторот во него сака да каже.

2. Што е главен аргумент во тој есеј

3. Каква е структурата на есејот и за што се работи во секој нејзин дел,

4. Што е вашиот заклучок и во што тој се одделува од некои други сфаќања.

5. Есејот не смее да биде со запоставени одговори на насловот.

6. Воведот обично содржи 4-5 реченици.. (Пр. Во овој есеј имам намера..., или Во овој
есеј се расправа за ..., или Целта на овој есеј е...)

7. Колку ученикот е поубедлив во почетокот на есејот толку ќе бидат привлечни и сите


користени автори, цитати, факти, примери, докази, во натамошниот текст. Најдобри
се оние есеи кои одат чекор понапред од оние кои веќе пишувале и давале свои
аргументи на таа тема. Значи треба смелост, одважност. Целта е да допринеси со
своето знаење и стил да те привлечи да го читаш делото од збор до збор
провоцирајќи го интелектуалното во нас. (Пр. ...Иако авторот Тој И Тој во своето
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

дело ХХХ тврди дека американскиот претседател Ричард Никсон бил најлошиот
претседател на САД во 20 век, јас мислам дека сепак треба да се земе во обзир
факторот Тој и Тој па заради тоа ќе заклучам дека Никсон сепак бил нешто
поуспешен него што обично се мисли). Во главниот дел односно во разработивниот
дел треба почесто да се користат следствата : Всушност, Заради тоа, Имено, без
обзир на ...,Впрочем, постои можност...,

8.Во завршниот дел кој е еднаков важен како и почетниот дел со навраќањето на
самиот почеток и кратката и концизна заокружена мисла од разработката
(средишницата) се изразува завршниот дел каде веќе е оформана мислата со која е
објаснат насловот на есејот. Овде даваме некаков суд, заклучок, вреднуваме преку
давање некаква оценка, критериум според кој сме се раководеле, и тука е важна
мислата со која ќе ја заокружиме смислата на целиот есеј. Многумина оценувачи на
есеји првин го читаат крајот на есејот за да ја доловат елоквентноста и
дефинираноста (определеноста) на авторот и дури потоа се нафаќаат да го
прочитаат целиот есеј од почеток. Затоа , завршниот дел треба да е краток, јасен,
предизвикувачки и со недвосмислен став. Одличен есеј е оној кој поставува јасен
аргумент- и тоа еден а не неколку такви и истиот го објаснува и докажува во
негативна или позитивна смисла Никаде и на ниедно место не го искривува и не го
заобиколува стварното есеистичко прашање. Ученикот треба да е критичен со
останатите ставови и аргументи кои се спротивставени на неговиот заклучок, а не
да ги прескокнува или со обични зборови да ги омаловажува, потценува, го смалува
нивното значење. Корисни фрази во овој дел се : Конечно, или , Како што погоре
напишав, или, Со оглед на наведеното,или ,Може да се зклучи дека... итн.

В) Споредбено-расчленувачки есеј

Овој вид на есеј обично се застапува и применува во високо-образовните институции


(факултети) каде имаат постручна намена. Пример:на катедра за книжевност напиши есеј
за филозофкиот поглед на Иво Андриќ во делото Мостот на Дрина. Или, есеј за нечистата
совест во творештвото на Ф.М. Достоевски, итн.Или, Есеј за премолчените конфликти во
делата на Ниче и Шопенхауер. Или, есеј за трагичното славење на животот во творештвата
на Албер Ками и Мигуел Сервантес, итн.

Овде , првенствено се обработуваат споредби меѓу ликови, или меѓу автори, или меѓу две
спротивставени култури како што се херцеговската и отоманската во делото на Иво
Андриќ Мостот на Дрина. Се прават анализи и класификации кои во позитивна кои во
негативна смисла. Се вадат примери, цитати каде се обидува едната страна да ја разубеди
другата страна каде таа прави грешки и со тоа самата си се фаворизира.Значи,
антагонизмот тука е критериум на директен конструктивен пристап. Во првите два вида
есеи е многу послаб таквиот интензивитет на спротивставување.
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

Пример на есеј

Смислата и неоходноста од филозофијата во современиот свет

Една од најважните и најценетите науки денес е филозофијата. Таа е насочена


кон барање и објаснување на вистината, на она што е под превезот на
секојдневието, откривање на добрината, вредното, залудното во нашиот
живот. Јас потполно се огласувам со мислењето на Ферид Мухиќ дека светот
без филозофијата не би бил човечки свет. Потполно го подржувам бидејќи без
филозофијата не би можеле да ја сознаеме суштината на светот, не би можеле
да се впуштиме во длабоки размислувања, да го равиваме нашиот ум.
Филозофијата пред сѐ, ни овозможува да се здобиеме со знаење, доблест,
вистина, со она што е вредно, а што не, и со добрина.Знаењето го издига
нашиот ум на повисоко ниво, го збогатува. Токму со овие поими се опфатени
филозофските прашања кои не застаруваат, тие се вечни. Тие постојано се
надополнуваат, токму тоа е причината за нивната вечност.

Со тек на времето се појавуваат нови филозофи кои имаат различни ставови,


мислења и тие ги надополнуваат овие прашања. Филозофијата многу му
помага на човекот, му помага да се исклучи од секојдневието и да се
препушти на мислењето.

Според мене филозофијата имала многу поголемо значење во минатото, кога


живееле познатите филозофи. Тогаш многу повеќе се размислувало за
вистината, вредното, добрината и знаењето. Средновековната филозофија ми
остави најголем впечаток каде што најважна била религијата
-Христијанството. Потполно се согласувам со познатат мисла “ Верувам
затоа што е апсурдно” –Тертулијан. Бог е битието, Бог е едно и се.

Во современиот свет филозофијата не е помалку важна од минатото. Ние


учиме за познатите филозофи, за нивните ставови и мислења и врз основа на
тоа ги создаваме и развиваме своите размислувања. (275 збора)

Користена Литература : Ферид Мухиќ, ”Мислење во акција”, Бертранд


Расел “ Проблеми западне филозофије” , Интернет : Википедија (мк) и Нова
Акропола – електрон. хрватско списание за култура и духовност.
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

Пример на себе истражување


Како да се пронајдеме себеси?

Најголемата и најважната авантура во нашите животи е откривањето кои сме


навистина ние. Сепак, многу од нас живеат или не знаејќи кои се, или го слушаат
ужасниот внатрешен критичар што ни ги дава сите погрешни идеи за себе.
Погрешно го разбираме саморазбирањето и го мешаме со самозадоволување и
продолжуваме без да го поставуваме најважното прашање: Кој/а сум јас
навистина? „Што планирате да направите со вашиот скапоцен живот?“Да се
пронајдеш себе, можеби звучи како егоцентрична цел, но всушност е несебичен
процес кој е коренот на сè што правиме во животот. За да бидеме најдобрата
личност за светот околу нас, најдобриот партнер, родител итн. прво треба да знаеме
кои сме, што цениме и што имаме да понудиме. Од ова лично патување секој
поединец ќе има придобивки. Тоа е процес што подразбира уништување на слоевите
што не ни служат во нашите животи и не рефлектираат кои сме ние
суштински.Сепак, ова вклучува голем чин на градење – препознавање кои сакаме да
бидеме и страсно исполнување на нашата судбина, која и да е таа. Клучното е да ја
препознаеме нашата сопствена моќ, но сепак да бидеме отворени и ранливи на
нашите искуства. Не е нешто од што треба да се плашиме или бегаме, да се
залажуваме долж патот, но нешто по кое треба да трагаме со љубопитност и
сочувство. Имајќи ги предвид овие принципи, можете да се послужите со следните
осум универзални чекори за оваа индивидуална авантура.

Истражете го вашето минато - За да откриеме кои сме и зошто постапуваме на


одреден начин, треба да ја знаеме сопствената приказна. Да се биде храбар и
спремен да се истражи минатото е важен чекор на патот за себе-разбирање и
станување на личности какви што сакаме да бидеме. Истражувањата покажале дека
не не дефинираат само работите што ни се случиле, туку и колку сме ги разбрале
или сфатиле истите. Нерешените трауми од нашата историја влијаат на начините на
кои се однесуваме. Истражувањата дури покажале дека кохерентноста во животната
приказна има „статистички значаен однос со психолошката благосостојба“. Колку
подобро го формираме „кохерентниот наратив“ на нашите животи, толку подобро
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

можеме да донесеме мудри, свесни одлуки во сегашноста, кои ја претставуваат


нашата вистина за себе.Ставовите и атмосферата во која сме растеле имаат голема
улога во тоа како се однесуваме како возрасни. Како деца, луѓето не само што се
идентификуваат со одбраните на нивните родители, туку исто така имаат тенденција
да се идентификуваат со критичките или непријателските ставови насочени кон нив.
Овие деструктивни лични напади стануваат дел од развојната личност на детето,
формирајќи туѓи системи, кои се мешаат и се спротивставуваат на тековната
манифестација на вистинската личност на поединецот. Тешките и болни животни
искуства во детството често одредуваат како се браниме и дефинираме. Накратко,
тие не „вадат од колосек“, влијаат на нашето однесување на начини за кои ние дури
и не сме свесни. На пример, доколку родителот е строг или суров, може да
предизвика да се чувствуваме „затворени“. Тоа, кога ќе пораснеме може да се одрази
така што ќе избегнуваме да пробуваме нови работи, од страв да не бидеме
исмејувани или критикувани. Лесно е да се види како носењето на оваа несигурност
со нас во зрелоста може да го разниша чувството за идентитет и да не ограничи во
различни области. За да излеземе од овој шаблон, треба да бидеме свесни и да
сфатиме што го „движи“ истиот. Секогаш треба да бидеме подготвени да го
разгледаме изворот на нашите самоограничувачки или самоуништувачки
тенденции.Кога се обидуваме да се скриеме од минатите искуства, може да се
чувствуваме изгубени или како да не се познаваме себеси. Можеби постапуваме
автоматски, без да прашаме зошто.

Техника - Ќе поставиме еден пример за интеракција помеѓу татко и син, во која што
таткото бурно реагира. Таткото откако подоцна се осврнал на инцидентот увидел
дека неговиот емотивен испад имал повеќе врска со чувствата што ги имал како дете
кон неговиот брат отколку со неговата перцепција за синот. Преку овој пример
можеме да сфатиме колку различни слоеви на значења содржи нашиот мозок и колку
брзо може да се појават стари, можеби заборавени спомени за да го обликуваат
нашето однесување. Овие споредби може да не натераат да реагираме
механички.Размислувајќи за (анализирајќи го) минатото, користете техника
наречена „гледање во минатото“, еден вид фокусирано внимание што овозможува да
го видиме внатрешното „работење“ на нашиот ум. Преку оваа техника, таткото
успева да го разбере своето однесување, а потоа да разговара со неговиот син за тоа
што се случило и да ја поправи ситуацијата. Со оваа техника таткото успева преку
рефлектирање на минатото да добие појасен увид за своето искуство од детството и
да го реши конфликтот. Вака, најпредизвикувачките моменти во нашите животи
можат да станат можности за продлабочување на себе-разбирање и разбирање на
останатите. Размислувајќи на овој начин ние сме подготвени да се соочиме со
спомените што се појавуваат и да добиеме непроценлив увид во нашето однесување.
Потоа, можеме свесно да започнеме да се разделуваме од штетните влијанија од
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

нашето минато и активно да го промениме нашето однесување и тоа да биде одраз


на како навистина размислуваме и се чувствуваме.

Одвојте се - Одвојување се однесува на процесот на настојување да се развие


чувство за себеси како независна индивидуа. За да се најдеме себеси и да ги
исполниме нашите уникатни судбини, ние мораме да се одвоиме од деструктивните
меѓучовечки, семејни и општествени влијанија кои не ни служат. За да водиме
слободен живот, човекот мора да се одвои од негативниот „отисок“ и да остане
отворен и ранлив. Во продолжение, четири основни чекори на одвојување.

Чекор 1: Ослободете се од штетните внатрешни процеси на размислување, т.е.


критички, непријателски став кон себе и кон другите.

Чекор 2: Одделете се од негативните особини на личноста асимилирани од


родителите.Чекор 3: Ослободете се од образците на одбрана, формирани за
прилагодување на болните настани во детството.Чекор 4: Развијте сопствени
вредности, идеали и верувања, наместо автоматско прифаќање на оние со кои сте
пораснале.

Барајте значење - Животот никогаш не е неподнослив од околностите, туку само


поради недостаток на значење и цел. За да се најдеме себеси, мора да ја бараме
својата лична цел. Ова значи одвојување на нашата гледна точка од очекувањата на
другите луѓе од нас. Тоа значи да се запрашаме какви се нашите вредности, што е
навистина важно за нас, притоа следејќи ги принципите во кои веруваме.
Истражувањата покажуваат дека најсреќните луѓе се оние кои бараат значење
наместо моментални задоволство, и дека луѓето се генерално посреќни кога имаат
цели што се поголеми од нив самите. Оттука, пронаоѓањето на себеси и среќата се
потфати неразделно поврзани со наоѓање на значење.

Размислувајте за она што го сакате - Постои тенденција во животот да се


фокусираме на негативните аспекти. Многумина од нас влегуваат премногу лесно во
вртлог од негативни мисли во врска со околностите и околината, наместо да се
концентрираат кон позитивни цели, стратегии и решенија. Едноставно, многу
размислуваме за тоа што не го сакаме, наместо да се концентрираме на она што го
правиме.Да знаеме што сакаме е фундаментално потребно за да се пронајдеме
себеси. Препознавањето на нашите желби ни помага да сфатиме кои сме и зошто ни
се важни. Ова може да звучи едноставно, но повеќето од нас, во различен степен,
се„ борат“ против сопствените желба. Можеби тоа го правиме за да се чувствуваме
заштитени, затоа што не сакаме да се повредиме. Желбите н è прават да се
чувствуваме живи и, според тоа, ранливи во светот. Да се живее вистински значи
дека навистина можеме сè да изгубиме. Искуството од радост и исполнетост може да
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

се измеша со чувства на вознемиреност и на подлабоко ниво, тага.Добивањето на


она што го сакаме, исто така, може да направи да се чувствуваме непријатно. Може
да нè натера да се чувствуваме виновни или да поттикнеме бран на самокритични
мисли кои ни кажуваат: „Не можете да бидете успешни / да се заљубите / да се
чувствувате опуштено? “ За да можеме искрено да откриеме што сакаме во животот,
мора да го замолчиме овој внатрешен критичар. Како вежба, кога имаме многу
негативни мисли, како „не сакам ова или она“, можеме да се обидеме да го свртиме
размислувањето кон она што навистина го сакаме.

Препознајте ја вашата лична моќ - Кога знаеме што сакаме, предизвикани сме да ја
преземеме моќта над нашите животи. Повеќе не се впуштаме во спирала на
негативно размислување насочувајќи се на сè што не е во ред со светот околу нас
или сите причини зошто не можеме да го имаме она што го сакаме. Наместо тоа, се
прифаќаме како моќен играч во нашата судбина. Искористување на нашата лична
моќ е од суштинско значење за да се најдеме себеси.Личната моќ се заснова на
силата, довербата и компетентноста што поединците постепено ја стекнуваат во
текот на нивниот развој. Тоа е само-потврдување и природен, здрав стремеж кон
љубов, задоволство и значење во меѓусебниот свет. Да се знае нашата лична моќ
значи да се признае дека имаме сериозен ефект врз нашите животи. Да го создадеме
светот во кој живееме. Да се создаде подобар свет, значи менување на нашето
гледиште, чувство на моќ и одбивање на гледиштето низ призма на жртва. Неколку
совети како да го постигнете тоа:

1.Искусете ги своите емоции, но донесувајте рационални одлуки кога станува збор


за тоа како постапувате.

2.Поставете цели и преземете соодветни активности за да ги постигнете.

3.Бидете проактивни и самоуверени, наместо пасивни и зависни од другите.

4.Барајте еднаквост во вашите односи.

5.Бидете отворени за истражување на нови идеи и конструктивна критика.

6.Преземете целосна моќ над секој дел од вашето свесно постоење.

Замолчете го вашиот внатрешен критичар - Да бидеме зрели, мора да ги разбиеме и


начините на кои ние сме сами-родители, да се критикуваме или смируваме. Треба да
Подготвил ГОЦЕ АРСОВ, Како да се изработи добар есеј и критериуми

престанеме да го слушаме нашиот „внатрешен критичен глас. Овој деструктивен


мисловен процес може да биде составен од осудувачки став што ни кажува дека не
сме доволно добри за да успееме или не го заслужуваме она што го сакаме или
наизглед смирувачки однос што ни кажува дека не треба да пробаме или дека треба
да бидеме згрижени или контролирани. Препознавајќи го и спротивставувајќи му се
на овој внатрешен непријател, учиме да не бидеме родители или деца во нашите
животи, туку да се пронајдеме вистински себеси и да ја знаеме нашата сила и
способност.

Практикувајте сочувство и дарежливост - Махатма Ганди еднаш рекол: „Најдобар


начин да се најдете себеси, е да се изгубите во служба на другите“. Покрај тоа што
помага да го подобриме нашето ментално и физичко здравје и да го продолжиме
нашиот животен век, дарежливоста може да го подобри  чувство за цел, давајќи им
на нашите животи поголема вредност и смисла. Истражувањата дури покажуваат
дека луѓето добиваат поголема радост од давањето отколку од добивањето. Ако
сакаме да најдеме начин во животот, корисно е да се практикува дарежливоста како
принцип на ментално здравје и да се заземе сочувствителен однос и кон себе и кон
другите. Луѓето обично се посреќни кога создаваат цели што ги надминуваат самите
себе. Овие лица покажуваат грижа за другите и практикуваат дарежливост.

Знајте ја вредноста на пријателството - Ние не го избираме семејството во кое сме


родени, но честопати, претпоставуваме дека ова семејство дефинира кои сме. Додека
како деца, малку одлучуваме каде ќе го поминуваме своето време, во текот на
животот можеме да избереме каде и со кого сакаме да го поминеме. Како возрасни,
можеме да создадеме семејство по избор. Можеме да бараме луѓе што н è прават
среќни и што нè инспирираат.Ова семејство, се разбира, може да вклучува луѓе со
кои сме поврзани, но тоа е семејство што навистина го избравме, основна група на
луѓе за кои сметаме дека се вистински сојузници и пријатели. Создавањето на ова
семејство е клучна компонента во пронаоѓањето на себеси, затоа што луѓето што ќе
ги избереме да не опкружуваат има длабоко влијание врз тоа како се однесуваме во
светот. Да се има систем на поддршка кој верува во нас, ни помага да ги оствариме
нашите цели и да се развиваме на лично ниво е од суштинско значење.

You might also like