Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Џовани Бокачо – писател и хуманист, еден од најважните претставници на италијанската

ренесанса. Важно за Бокачо е неговиот престој во Неапол. Неапол бил сосема ренесансен град
и со дух кој ги славел уживањатаи паскошите. Kарактеристично за ренесансата, преродбата, е
потполно новиот начин на живот, отворањето на новите погледи кон светот. Тоа се одразува
токму во делото “Декамерон”.

Декамерон е ремек дело на реализмот, збирка од 100 алегорични дела напишани околу 1353
година. Создадено е така што има десет ликови кои за време на епидемија на чума се
засолниле во близина на градот Фиренца – центарот на италијанската ренесанса. Секоја вечер,
секој од ликовите раскажувал по една новела, а таму престојувале 10 вечери и доаѓаат до
бројот 100. Со Декамерон Бокачо ја зацврстува неговата репутација како основач на
италијанската прозна литература. Земјеноста на човечкото искуство изразена во достапен стил
на италијанска народна проза била значителна дивергенција од формуларните модели за
заговор и карактер и идеализам што доминирал во европското пишување во овој период.Во
делото се застапени најразлични теми како љубовта, феудалниот живот, кратки поговорки и
др. Најголем впечаток ми остави новелата “Маркизот од Солуцо” каде Бокачо пишува за
полезноста на жената, која е од сиромашна фамилија, кон својот сакан. И покрај сите
измачувања кои ги доживеала Гризелда, маркизот Гвалтиери бил добронамерен и ја наградил
за нејзиното трпение. Бокачо имал големи спротивставувања за свештениците, па тоа го
изразува во новелата “Фра Чипола и светиот јаглен”. Во него е прикажана нечесноста на
свештениците кои претставувале кочница за развојот на ренесансата во тој период. Црквата
имала потполно различни и погрешни сфаќања во однос на науката, па затоа треба да се
заблагодариме на големите умови од времето на хуманизмот и ренесансата.

Иако е фиктивно дело на фикција, вовеедот на Декамерон е важен историски запис за


физичките, психолошките и социјалните ефекти од ширењето на бактеријата Јерсина пести.
Претставува значаен филозовски увид се соочување со алармантна и невидена епидемија на
црната чума од 1348 година. Бокачо дискутира за современото гледиште

Декамерон од Бокачо претставува преместување од средновековната романса кон


книжевниот реализам. Тој покажал дека прозата може да ја долови сложеноста на луѓето и
нивните проблеми. По Декамерон книжевната проза станува попопуларна и пожироко
прифатена

You might also like