Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Нервен систем - мозок

1. Нервниот систем ја контролира и ја усогласува работата на сите органи во


човековото тело.
2. Поделен е на:
- Централен нервен систем – ЦНС - (изграден од  черепни мозоци и 'рбетен
мозок ) и
- Периферен нервен систем – ПНС- изграден од сите нерви кои излегуваат
од черепниот (главени нерви) и од 'рбетниот мозок ('рбетни нерви).

3. Улога  на нервниот систем е:


- да ги усогласува функциите во организмот,
- да управува со сите наши волеви дејства-
- да го регулира автоматското функционирање на организмот (како работа на
срцето, дишење и др.)
- да ги одржуваме врските со надворешната средина (гледаме, слушаме,
чувствуваме допир, топло, ладно итн.)
- да извршуваме интелектуални активности (размислуваме, помниме)

4. Черепниот мозок е сместен во черепната кутија.


Tој се состои од пет дела: голем мозок, мал мозок, меѓумозок, среден мозок и
продолжен мозок.
а) Големиот мозок е нејголем дел од мозокот. Тој е составен од две хемисфери,
кои меѓу себе се поврзани со густа лента од нерви наречена мозочна греда
(корпус калосум). Функцијата на големиот мозок е во способноста за меморирање,
размислување, асоцирање... а исто така ги обработува информациите од
сетилата: вид, слух, мирис, вкус, допир.
5. Малиот мозок е сместен во тилниот дел на черепот. Тој е составен од две
хемисфери меѓусебно поврзани со црвовиден дел. Тој служи за одржување на
рамнотежа при движење.
6. Меѓумозок - се наоѓа под големиот мозок. Во него има центри кои ја регулираат
телесната температура, центар за сон, за ситост и глад, за варење на храна и за
крвниот притисок. Исто така е одговорен и за некои емоции (страв и милост).
7. Среден мозок – се наоѓа помеѓу продолжениот и големиот мозок. Одговорен е
за видни и слушни дразби бидејќи во него се сместени видни и слушни центри.
8. Продолжен мозок – во него има вкрстување на нервните влакна од десната на
левата страна и обратно.. Тој ја контролира срцевата работа и дишењето. Тука се
сместени и други рефлексни центри: за голтање, кивање, кашлање, повраќање,
лачење плунка и др. Средниот и продолжениот мозок го сочинуваат мозочното
стебло, кое го поврзува големиот со рбетниот мозок.
9. 'Рбетниот мозок е во вид на долга тенка врвка сместена во 'рбетниот канал на
'рбетот. Учествува во изведувањето на многу рефлексни движења.
Градба на Черепен мозок
Линк : https://www.youtube.com/watch?v=Ao_JhYwnGHQ (функции на cerebrum)
Линк : https://www.educaplay.com/game/4904425-learning_resource.
(Интерактивна игра)

You might also like