Download as rtf, pdf, or txt
Download as rtf, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Протеини

Протеините учевствуваат во градбата на клетката, метаболизмот и во


синтеза на органски и неоргански соединенија.
Протеинските молекули под дејство на ензими се разложуваат на помали
структурни единици и така настануваат аминокиселини. Во градењето на
протеините учевствуваат 20 различни аминокиселини и човекот и животните
можат да го поднесат недостатокот на некои аминокиселини во храната но
недостатокот на други а.к може да стигне до нарушување на развитокот.
Поради тоа се делат на битни и небитни.
Секоја аминокиселина содржи 2 функционални групи - амино и
карбоксилна. Протеините имаат строго определен редослед на
аминокиселини, тие во протеините се поврзани со пептидна врска.

A Повеќе аминокиселини градат полипептид.


Протеините можат да имаат примарна, секундарна, терциерна и квартна
структура. Примарна сруктура има кога за еден протеин се знае од колку
полипептидни низи е составен и каков е неговиот аминокиселински
редослед.
Секундарнара структура се образува со просторен распоред на
аминокиселината и е во форма на спирала или хеликс а стабилност се
постигнува со водородни врски на соодветните аминокиселини.
Стабилност на терциерната структура се постига со дисулфидни врски.
Квартерна структура има неколку молекули како што е хемоглобинот.

Според хемискиот состав се делат на прости и сложени.


Прости протеини се составени само од аминокиселина и врз основа на
нивната растворливост се делат на глонуларни кои се растворливи во вода
и склеропротеини кои не се растворливи во вода.
Сложени протеини - наречени протеиди кои освен протеински дел содржат
и непротеински дел. (простетична група). Во сложени спаѓаат
липопротеини (протеини+липиди), гликопротеини
(протеини+јаглехидрати), фосфопротеини (протеини + фосфорна
киселина), хромопротеини (протеини + пигмент) и нуклеопротеини
(протеини + нуклеинска киселина).
Улога на протеините во клетката.
Едната улога е регулаторна (хормони и ензими) и заштитна.(леукоците)
Другата е транспортна и движечка.
Секој протеин извршува одредена активност, а како резултат на тие
активности, клетката и организмот во целина стекнуваат карактеристична
градба. Без протеините би престанале сите животни процеси во животот.

НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ
Нуклеинските киселини се биополимери и се носители на наследниот
материјал. Името потекнува од латинскиот збор јадро.
Структурно и функционално разликуваме два типа нукл.к. -
деоксирибонуклеинска киселина (днк или дна) и рибонуклеинска к. (рнк
или рна)

You might also like