3

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

7.

Диференцијација по возраст и пол


 Биолошките разлики (дали е некој маж или жена) не треба да бидат пречка за да се даде
полн придонес во заедницата, и секој треба да ги ужива човечките права и слободи.
 Во секојднавниот живот се уште односот кон младите, старите, жените, расните и
етничките малцинства е потценувачки и дискриминациски. Има предрасуди од типот на:
1. Младите се неискусни, нетрпеливи и некултурни.
2. Жените се сами и неспосони, освен за домаќински работи.
3. Расните малцинства се помалку интелегентни и помалку продуктивни.
И поради овие причини истите можат да бидат помалку платени, со понизок
општествен углед и да бидат социјално исклучени.
 Еден поединец е социјално исклучен кога нема можност да учевствува во клучни области
на општествениот живот – кога нема пристап до образованието, кога му се мали
можностите за вработување, кога нема можност да се вклучи во донесување одлуки.
 Родовата нееднаквост настанала во традиционалните општества, и се објаснува со
разликата во физичката градба помеѓу машкото и женското тело, и оттаму е заклучокот
дека мажите треба да се занимаваат со потешки работи, додека жените со полесни.
 Полот укажува на видливите физички карактеристики што ги делат мажите од жените.
 Родот пак укажува на постоење на културолошки и социјални разлики помеѓу мажот и
жената кои произлегуваат од улогите кои ги извршуваат во општеството.
 Порано, само затоа што жената рагала било природнода се грижи за домот и за децата, а
мажот да работи.
 Улогите жена-маж се родови улоги кои им ги доделило општеството на двата пола, ова го
потврдува и социологот Емил Диркем, кој вели дека потребата жената да остане дома и да
се грижи за семејството не епоради нејзината физичка слабост, туку поради тоа што
жената секогаш настојува да остане приврзана за домот.
 Современите социолошки теории тврдат дека разликите меѓу машките и женските улоги
се формираат уште во рано детство. (машка и женска боја на облека, различни играчки и
сл..)
 Луѓето поминуваат низ неколку животни фази, и во секоја од нив формираат генерации,
кои имаат слични интереси, но меѓугенерациските разлики често се причина за
создавање на меѓугенерациски јазол кој ги нарушува меѓугенерациските разбирања и
комуникација.
 Адолесценција е период од животниот циклус кога личноста од детство преминува во
период на зрелост и може да трае од 15 – 27 година. Во овој период момчињата и
девојчињата доживуваар големи физиолошки, психолошки и социјални промени кои
можат да предизвикаат кризни состојби. Тука ги поседуваат сите телесни и физиолошки
особини, додека личноста им е слаба и кревка. Возреасните треба да бидат многу
внимателни со децата во оваа фаза бидејки од тоа ќе зависи нивниот идентитет и дали ќе
бидат конформисти или не.

8. ЕТНИЧКИ ГРУПИ
1. Етнички групи се трајни и повеќефункционални општествени групи кои историски
настануваат со зедничкото живеење на културно-историски сродни групи на некоја
територија.
2. Припадниците на етничката група немаат биолошко сродство како што е во
семејството.Тие имаат колективно име,заедничко потекло,заедничка историја, религија,
јазик, обичаи, заедничка култутра и чувство за припадност во групата и се разликуваат
од мнозинското население во земјата.
3. Постојат и етнички групи со исти или слични карактеристики со други етнички групи (ист
или сличен јазик,иста религија и сл.)
4. Етничката припадност за многу луѓе има големо значење при определувањето на својот
идентитет.
5. Етничкото оддалечување, етничките предрасуди, етноцентризмот, етничката
дискриминација се резултат на етничката нетрпеливост.
6. Етнички идентитет е состојба во која претставниците на дадена етничка група се свесни за
своето потекло и припадност на дадена заедница, со почит зборуваат за своите предци,
себеси се сметаат за одговорни продолжувачи на искуството на предците и се спремни да
споделуваат заедничка судбина.
7. Етничкиот идентитет се гради исто и како личниот идентитет, се формира во текот на
целиот живот преку процесот на социјализација.
8. Кога припадниците во групата се чувствуваат загрозено почнуваат да практикуваат
однесување со кое се чувствуваат безбедни во секојдневниот живот. Создаваат свест за
себе како различна загрозена група во однос на гругите гр во општеството и така ги
воспитуваат и помладите генерации.На тој начин градат чувство за етничка самосвест или
етнички идентитет.
9. Предрасуди се негативни и искривени слики кои една етничка група ги формира за друга
врз база на непроверени и избрзани судови.Обично се проследени од негативни емоции.
10. Дискриминација е негативно однесување условено од предрасудите.Кога предрасудите
ќе се вкоренат во средината нетрпението преминува во дискриминација и непријателство.
11. Мултикултура е меѓусебното почитување на различните културни карактеристики помеѓу
припадниците на одредени етнички групи. Мултикултурата претставува културнно
богатсво за заедницата и можност да се изгради една мирна и релаксирана клима за
живеење во тоа општество.

9. Определба на опшествената стратификација


1. Опшествената нееднаквост е одлика на сите човекови опшества до сега и претставува
состојба во која луѓето од едно опшество меѓусебно се разликуваат по повеќе белези.
- Ваквите разлики побудуваат чувства на револт и незадоволена правда, дури биле
причина за многубројни судири низ историјата.

2. Опшествена стратификација е поим во социологијата кој се користи кога има постоење на


нееднаквост меѓу различни опшествени слоеви.
3. - Опш. стратификација и нееднаквоста не се исти. Разликата е во тоа што кај
стратификацијата точно знаеме дека стаува збор за групирање на луѓето според важните
ресурси со кои располагаат.
4. Покрај тоа што современите социолози сметаат дека стратификацијата(раслојувањето) е
неизбежна и секој си има своја положба во опшеството, привразниците веруваат дека таа
е извор на непријателство, додека пак функционалистите сметаат дека мотивира и е
неопходна за опстанокот на човекот.

5. Други нееднаквости меѓу поединците:


1. Родови разлики
- се базираат на уверувањето дека постојат машки и женски опшествени улоги. Тука се
подразбира мислењето дека жената не е доволно способна колку мажот и најдобро се
снаоѓа во домаќинството.
2. Разлики според возраста - групирање на млади, возрасни и стари
3. Етнички - произлегуваат поради разлики во потеклото, јазикот, културата и обичаите
4. Верски - поделба според вера (муслимани, христијани, евреи)
5. Разлики според индивидуалните способности

5. Опшествена подвижност (мобилност) е движење на поединците и опш.групи по


опшествената скала. Таа се дели на хоризонтална и вертикална подвижност.

1. Хоризонталната подвижност настанува кога поединецот го менува работното место,


притоа останувајќи во рамките на класата во која припаѓаат. Во тој случај не доаѓа до
промена на угледот, приходите и опшествената положбата.

2. Вертикалната подвижност може да биде нагорна или надолна со тоа што нагорната се
однесува на оние кои ја подобруваат својата опш. положба, а од друга страна
вертикалната надолна подвижност е сосема обратно од нагорната.

- Опшествената подвижност без оглед на тоа дали е вертикална или хоризонтална, може да
биде меѓугенерациска и внатрегенерациска.

1. Меѓугенерациската ги означува сите поместувања во опшествената стратификација меѓу


припадниците на 2 или повеќе последователни генерации во едно семејство. (пр.кога
членовите од едно семејство работат во иста област и ние младите го учиме истото
занимавање)

2. Внатрегенерациската подвижност настанува кога имаме познавање од повеќе области и


се занимаваме со повеќе работи.
- Начини/канали преку кои се отстрануваат формите на опшествената подвижност:

1. образование – овозможува стекнување на знаења и вештини кои ни даваат квалификација


за извршување на некакви занимања

2. занимавањето со политика

3. талентот за вршење на спечифични занимања

4. стапување во брак со партнери кои имаат висока опшествена положба

6. Видови стратификациски системи: робовладетелскиот, феудалниот (сталешки),


кастинскиот и класниот систем.
1. Робовладетелскиот систем е екстремна форма на нееднаквост каде број на луѓе се
поседувани од други како нивна сопственост. Ги познаваме под името робови и овие
луѓе за да ги задоволат потребите на робовладетелите вршат неподносливо тешки
задачи.
2. Кастинскиот систем - Кастите биле затворени групи, а припадноста во нив била
наследна и го определувала животниот пат на поединецот. Секоја класа си имала свое
место во опшеството и секој од припадниците следел строги религиски правила и
норми. Збарането било межање на поединци од различни групи, особено
склучувањето брак. Како најценета положба во опш. ја имале свештениците кои во тоа
време биле најобразовани и биле одговорни за опшествените работи. По нив биле
кшатрите односно воената класа и носители на извршната власт, а вајсиите биле
произвоствена класа која се занимавала со земјоделство, занаетчиство и трговија.
Потоа шудрите како класа биле познати по тешката физичка работа која ја вршеле,
додека за најнечистата работа биле задолжени париите.
3. Сталешкиот систем бил карактеристичен во историјата на европските земји во
периодот на средниот век. Сталежот си имал одредени задолженија, правила и норми
на однесување. Меѓу најпознатите сталежи биле свештенството, благородништвото,
слеанството и граѓанството.
4. Класниот систем се разликува од сите останати бидејќи за разлика од нив, класите се
отворени групи со можности за опшествена подвижност. Верската припадност не
започнува со самото раѓање туку припадноста се стекнува понатака во животот.
- Најчести критериуми за дефинирање на класната припадност се: занимањето,
имотната состојба, начинот на живот, моќта и угледот.
- Според Марксовиот концепт за класите, во сите досегашни опшества постоеле по 2
класи: владејачка и потчинета класа. Маркс открил дека класните немаат подеднаков
однос кон сретствата за производство – едните се сопственици, а другите не.
Сопствениците ја користат работната силна на оние кои не се сопственици и се богатат,
па така настанува класна поделба која предизвукува судири. Заклучил дека
поединецот се стекнува со класна положба во зависност од тоа дали поседува
сопственост и економската моќ која ја има.
7. Слоевите се карактеристични за современите индустриски опшества со развиена
опшествена поделба на трудот. Поединците имаат различни улоги и тоа доведува до
заземање различни положби во опшеството.

Слој е опшествена група која ја сочинуваат поединци со слична опшествена положба.


Слоевите се отворени бидејќи може да се менуваат статусните бележи, а со тоа и
опшествениот слој.

Во денешно време имаме слоеви на големосопственици, ситносопственици, слој на


интелигенција, работнички слоеви, земјоделци и сл.

8. Опшествената стратификација може да се прикаже на скала каде се подредени слоевите


од најнизок до највисок, но најупотребуван е приказот каде има 3 слоја: низок, среден и
висок. Оваа скала може да се подели и на подетални делови и така се добива шестослојна
стратфикациска скала со повисок висок слој, понизок висок, повисок среден, понизок
среден, повисок низок и понизок низок слој.

You might also like