Работи во медицината

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Работи во медицината

Проект по социологија

Медицина е наука и пракса за одржување на здравјето и за


проучување, превенција, дијагноза и третман на болести и
повреди на луѓе. Традиционално е сметана и за уметност и
за наука: терминот потекнува од латинските зборови со
значење уметноста на лечењето. Во пошироката смисла на
зборот медицина, покрај хуманата медицина, се вклучува и
ветеринарната медицина како наука и пракса за одржување
на здравјето на животни. Модерната медицина применува
здравстени науки, биомедицинско истражување и
медицинска технологија во своја полза со цел да се
дијагностицираат и лекуваат болестите и повредите, преку
лекови или хирургија, но и со многубројни постапки како
психотерапија, јонизирачко зрачење, употреба на протези и
други.
Клиничка пракса

Во клиничката пракса докторите лично го надгледуваат пациентот


со цел да ги спречат болестите со помош на клиничка проценка.
Врската помеѓу докторот и пациентот започнува со запишување на
медицинска документација, по која следи и преглед. Се
употребуваат основни медицински средства за дијагностицирање
(на пример стетеоскоп). По прегледот и распрашувањето за
симптоми докторот може да побара медицински тест (на пример
преглед на крвта), да побара биоскопија, да му препиши лекарства
на пациентот или други терапии. Различните методи за
дијагностицирање помагаат да се открие состојбата на пациентот
врз основа на дадените информации. Важен дел за врската и
градењето на довербата е јасното информирање на пациентот за
сите релевантни факти. Медицинската средба се документира во
медицинската документација и претставува правен документ со
судска надлежност. Физичкиот преглед претставува преглед на
пациентот со цел да се пронајдат знаци за болеста (пациентот
зборува за „симптомите”, а докторот ги утврдува „знаците“).
Здравственото лице ги користи сетилата за вид и слух. Се
употребуваат четири главни методи: проверка, палпитација, допир
(за одредување на резонантната карактеристика) и сетилото за
мирис. Клиничката проверка вклучува:
-витални знаци вклучувајќи тежина, висина, температура на телото,
крвен притискок, пулс
-општ изглед на пациентот и специфични показатели за болеста (на
пример присуство на заразна жолтица, бледило итн.
-кожа
-глава, око, уво, нос и грло
-кардиоваскуларна проверка (срце и крвни садови)
-респираторна проверка (дишни патишта и бели дробови)
абдомен и ректум (крајниот дел на дебелото црево)
-генеталии (и бременост доколку пациентката е бремена или
доколку постои можност)
-мускулноскелетална проверка (ги вклучува ‘рбетот и
екстремитетите)
-неурологика (свесноста, совесноста, мозокот, нервите)
-психијатрија (верувања, ментална состојба, присуство на
абнормална перцепција)

Институции
Современата медицина е управувана од системот за
здравствена заштита. Правото, класифицирањето и
финансиските рамки се основани од владите и
повремено од меѓународните организации.
Карактеристиките на даден систем за здравствена
заштита има големо значење врз начинот на
овозможување на здравствената нега. Развиените
индустриски земји (со исклучок на Соединетите
Американски Држави) и многу други земји во развој
овозможуваат здравствени услуги преку системот за
универзална здравствена заштита кој има за цел да
гарантира за секој кој плаќа здравствено осигурување
или има склучено приватно осигурување. Ова се
прави со цел да се обезбеди населението да има
пристап до медицинска нега. Племенските општества,
но исто така и некои комунистички земји (на пример
Кина) и Соединетите Американски Држави не
овозможуваат здравствена нега за населението како
целина. Во ваквите општества здравствената заштита
можат да си ја дозволат само оние кои можат да ја
платат здравствената заштита или доколку самите се
осигураат (посредно или како дел од договорот за
вработување). Транспарентноста на информациите е
друг фактор во дефинирањето на системот. Пристапот
до информациите за условите, третманот, квалитетот
и цената имаат големо влијание во изборот на
пациентите, а законодавството поттикнува поголема
отвореност. Се забележува тензија помеѓу потребата
за транспарентност и проблемот со дискрецијата на
пациентот и можноста за злоупотреба во
комерцијални цели.

You might also like