Sintaksa

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 14

Предавање по синтакса на

македонскиот стандарден јазик


II

проф. д-р Веселинка


Лаброска
29.3.2021 година
Удвојување на директен и индиректен
објект
⚫ Ако се изразени само со кратки
личнозаменски форми:
⚫ Toj ми даде убав подарок.
⚫ Јас го видов детето. (анафорска
употреба)
⚫ Кога објектот е претставен со именска
група што е определена тој се удвојува
во македонскиот јазик:
⚫ Му реков на детето.
⚫ Ја прочитав книгата.
⚫ Го зготвив најубавото јадење.
⚫ Директен предмет – го заменува стариот акузатив

⚫ Јас читав книга.


⚫ Ја прочитав за два дена.

⚫ Мила јаде супа.


⚫ Јанко бере јаболка.
⚫ Ние учиме синтакса.
⚫ Ако директниот предмет е неопределен тој не
се удвојува.

⚫ Јас ја гледам Милка. / Шара.


⚫ Ние ја научивме синтаксата.
⚫ Вие ја покажавте таа книга.
⚫ Тие ја пишуваат книгата. Афективен
⚫ Тој го гради мостот. Ефективен
Удвојувањето на објектот –
балканизам (по губење на падежите)
Јана го тепа Марко.
Јане го тепа Никола.
Бојана ја клеветела Мирјана.
Јана ја тепа Марко. Кој е подмет, а кој предмет?
Јана ја тепа Јована. (Јана бије Јовану)
Јована е тепана од Јана. (пасивна реченица)
Директен објект се удвојува:
Кога е претставен со определена ИГ
1. Ова предавање ќе ви го предадам.
2. Книгата го збогатува човекот.
3. Ние го познаваме него.
4. Ние го сакаме Тетово.
5. Јагнето го изеде волкот.
Прашалните заменки во функција на
директен предмет не се удвојуваат
⚫ Што сакаш ти? (Јас сакам бурек.)
⚫ Колку деца пофаливте?
⚫ *Колку деца ги пофаливте?
⚫ Кого виде?
⚫ Кого го виде? И двете се точни.
⚫ Неопределенот директен објект обично
не се удвојува (но може ако тоа
одговара на ситуацијата):
⚫ Ние зедовме една книга.
⚫ Ние го проучивме еден ист правопис.
(исклучок)
⚫ Кај ИГ изразени со неопределен
заменски збор некој, нешто, некаков
вообичаено не треба да се удвојува
директниот предмет:

⚫ Гледавме некаков филм.


⚫ (Го) видов некого!
⚫ Кај ИГ изразени со општ заменски збор
секој, секого може да се удвојува:
⚫ Секого треба да (го) почитуваш!
⚫ Го зедов секој нивен производ.
⚫ Сите ги сакам!
⚫ Јас ги сакам сите.
Кога нема никаква определба до директниот предмет
тогаш не се удвојува:
Секој бара пријатели!
Во селото направија културен дом.
Му напишаа на деканот. = датив во м.ј.
Удвојувањето кај индиректниот предмет е речиси 100
%
Му напишаа нему. *Му напишаа на него.
Ѝ кажаа нејзе. Им дадоа ним. Ви кажаа вам.
Му кажав на човекот /на жената / на детето. /
Му кажав на луѓето.
Ти јадеше торта. Ти направи убава домашна.
Тој јадеше торта. Таа направи убава домашна.

Во фразеолошки изрази:
Му фрла пипер во очи! Ме лаже, ме мами
Си дале збор! Се вериле, си ветиле.

Глава не можам да кренам!


Неколку особености сврзани со
удвојувањето

⚫ Кратките зам. форми употребени


посвојно важат како член:
⚫ Ја видовме мајка ѝ.
⚫ Некаде може и без никаква определба:
⚫ Ја видовме мајка.
⚫ Ги видовме браќата. Го видов брат ми.
⚫ Ги видовме сестри ни. // нашите сестри.
⚫ Именување според местото (за спортски
тимови обично):
⚫ Ги видов охриѓани(те)!
⚫ Ги сакам тетовчани!
Удвојување на индиректниот
објект
⚫ 1. ИГ определена со член:
⚫ Му поднесе извештај на раководителот.
⚫ 2. ИГ определена со показ. зам.:
⚫ Му соопштив на овој новинар.
⚫ 3. ИГ определена со долги форми на л.
зам.:Нему му верувам.
⚫ 4. Роднински имиња со кратки зам. форми:
⚫ Дај ѝ го на мајка ми.
⚫ 5. Неопределени ИГ со еден и некој:
⚫ Му дадов книга на еден лекар.
⚫ Му рекол на некој пријател.
⚫ Ѝ предавам на Николина.
Индиректен предмет –
удвојување
⚫ Со прашални заменки може, но не
мора:
⚫ Кому (му) е нужно тоа?
⚫ Никому не (му) посакувам.
⚫ ИГ генерично употребени:
⚫ Тоа му прилега на ученик.
⚫ Тој (им) предава на студенти.
⚫ Сојузот им изразува поддршка на
студентите.
⚫ Предлошки објект

⚫ Се собраа околу огнот. Прилошка


определба за место
⚫ Дискутираа околу тоа прашање.
Предлошки објект

⚫ Го учи на добро. Предлошки објект


⚫ Се искачи на покривот. Прилошка
определба
⚫ Дискутираа за него. Предлошки објект.
⚫ Ќе дојдам за кратко. Прил. Опред. За
време
⚫ Син ми ќе дојде за Велигден.
⚫ Прилошка определба
⚫ За простор / место
⚫ Замина Битола.
⚫ За време
⚫ Работевме цел ден.
⚫ За начин
⚫ Зборува со шепот.
⚫ За количество и степен
⚫ Го испи до дното.
⚫ За причина
⚫ Скока од радост.
⚫ За услов
⚫ Без потпис не е важечки документот.
⚫ Документот не е важечки без потпис.
⚫ Учениците се поттикнати на постојана
соработка.
⚫ Тие му пратија писмо на дедото.
⚫ Тие им покажаа на децата.

⚫ Јас не мислам дека не треба.


⚫ Јас никогаш никого никаде нема да
навредам.
⚫ Ви благодарам за
вниманието!!!

You might also like