Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Торбеши

Македонци-муслимани или Торбеши се етнички Македонци по народност со исламска


вероисповест, говорат на македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња.

Бројноста на Македонците-муслимани во Македонија с е движи од 40.000-100.000 луѓе.


Највеќе се населени во западниот дел на земјата, Реканската област (општина Маврово и
Ростуше), областа Торбешија( јужно од Скопје), дебарскиот крај ( општина Центар Жупа ),
струшкиот крај (Лабуништа), како и општините Пласница и Долнени.

Македонците со исламска вероисповест се исто така ги има и надвор од границите на


Република Македонија, особено во областите Гора ( во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во
Албанија).

Името Торбеши , според христијанските преданија, настанал заради тоа што ја промениле
верата, по едни за торба сирење, а по други за торба брашно. Меѓутоа, според турски извори,
името торбеш доаѓа од персискиот збор торбекеш што во буквална смисла значи торбар,
торбарење. Според ова името го добиле бидејќи се занимавале со торбарење, продавале по
улиците алва, боза и сл.

Македонците – муслимани според регионите во кој се наракуваат уште и Горанци, Помаци,


Аповци или Потури.

Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма
според регионот во кој живеат.

Познати личности се

Хасан Џило , професор, теолог

Нијази Лиманоски, етнолог и активист

Исмаил Бојда , предсетател на организацијата на Македонци-муслимани

Саме Лимани – Жерноски, поет

Љатиф Пајкоски, политичар

Бајрам Требишки, книжевник


Лабуништа

You might also like