Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 13

Универзитет,,Гоце Делчев”-Штип

Ликовна Академија-Класично

Сликарство

Семинарска работа

на тема

НАСОКА
(Ликовен елемент)

(Методи на ликовното образование)

Ментор: Изработил:

Професор Д-р Катерибна Деспот Лидија Трендафилова

Бр.индекс 0663
Содржина:

- Вовед

- Ликовни елементи

- Насока

- Како се одредува насоката

- Примери ја хоризонтална,вертикална,коса насока и без насока:

- Користена литература
ВОВЕД

Севкупното ликовно творештво се дели на два основни начини на изразување,


без оглед на временските периоди, теми, техники и стилови. Кај едниот начин,
творбата се реализира врз простор со две димензии (висина и должина), а кај
вториот, во простор со три димензии (висина, должина и ширина).
ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ :

Основно средство за ликовно изразување се осумте ликовни елементи:

1. Линија;

2. Насока;

3. Големина;

4. Текстура;

5. Форма;

6. Боја;

7. Тон;

8. Простор.

Овие ликовни елементи служат за дводимензионален израз (сликарство,


графика, мозаик, фреско, витраж, таписерија...), а сите осум за
тродимензионален израз (скулптура, архитектура, керамика).

Дизајнот може да биде третиран дво- и тридимензионално. Секој ликовен


елемент по својата природа има специфичен, чисто ликовен квалитет или своја
сопствена ликовна вредност, без оглед дали презентира предмети од
видливата реалност. Секој ликовен елемент, секоја негова варијанта или
комбинација со друг ликовен елемент, дава друга ликовна содржина,
претставува друга ликовна реалност. Говорот со ликовните елементи го
нарекуваме ликовен јазик. Тој е специфичен и со него можат да се искажат
содржини што не можат да се искажат со никои други средства. Значајна
карактеристика на ликовните елементи е што тие, а преку нив и ликовниот
уметник, комуницираат со гледачот првенствено преку неговите чувства. На тој
начин, меѓу нив се воспоставува непосреден, директен контакт. Ова значи дека
уметникот своите чувства може да ги изрази непосредно преку ликовните
елементи, без да се служи со подсредство на опис или со претставување на
предметниот свет. Благодарение на инвентивната и креативната моќ на
уметникот, со осумте ликовни елементи и нивните безбројни комбинации се
создадени сите уметнички творби, од кој и да било вид. Ликовните елементи се
универзални и вечни и како такви служеле и служат за естетска и други видови
комуникации меѓу луѓето и меѓу цивилизациите во сите историски епохи. Во
текстот што следи ќе се обидеме да одговориме на прашањата сврзани за
ликовните елементи, нивната природа, карактеристики, функции и примена.

Насока
(Ликовене елемент)

Насоката е визуелна сила што се јавува во линијата, фигурата или масата и го


води окото и вниманието на гледачот. Насоката на тој начин претставува и
движење. Таа може да биде вертикална, хоризонтална и коса. Вертикалната
насока е, главна, само една, хоризонталната исто така, а коси насоки има
многу.
Насоката(правец,смер)во ликовниот јазик значи визуелна сила со која
започнува експресијата на движењето.Ако некој објект сугерира движење,
односно неговата визуелна сила го повлекува окото во хоризонатален,
вертикален или кос правец, за истиот се заклучува дека доминира и му дава
насока на делото. Насоката е релативна вредност која зависи од различни
околности, и може да се определи со некои споредби на некои елементи.
Најчесто во делата се застапени хоризонталната, вертикалната или косата
насока, но може да се случи во делата да бидат застапени и повеќе насоки со
иста јачина.
Насоката има сопствена моќ на експресија. Со неа творбата добива внатрешно
движење,односно во творбата можат да се постигнат различни расположенија.
Кога во композицијата има поставено насоки со иста вредност и не доминира
ниту еднасила, се губи доминантноста на насоката.Тоа дело нема насока.
Основни насоки се:

- хоризонтална,
- вертикална и
- коса насока.

КАКО СЕ ОДЕРУВА НАСОКАТА

И во ликовната уметност имаме уметнички елемент која ја нарекуваме насока,


ликовен елемент како дел од ликовниот јазик и тоа е визуелна сила која го
движи окото во одреден правец.Правецот на движење зависи од изгледот на
формата или поставеноста на повеќе форми заедно,според правецот на таа
визуелна сила,разликуваме: хоризонтална,вертикална,коса насока и дела
без насока. Тоа зависи од движењето на нашето око при набљудување на
уметничко дело.Во делото имаме линии, бои и површини кои се движат нашето
око во некоја насока. Во зависност од движењето на окото.
Ликовните уметници ги компонираат своите дела со разновидни насок,но
некаде имаме и комбинација на повеќе насоки,со изразување на поизразена
сила на една насока.

Сл.бр.1-Брнардо Строци:Свирац на Лауда(масло на платно)-хоризонтална насока

Сл.бр.2-
Облечена Маја(масло на платно)-хоринзотална насока

Хоризонталната насока имаме кога линиите и површините од делото го


насочуваат окото да гледа лево и десно,односно хоризонтално
Сл.бр.3- хоризонтална насока

На некои дела нашето око се движи горе-доле,односно вертикално.Ако е


така,заклучуваме дека творбата има вертикална насока.

Сл.бр.4-вертикална насока

Има и некои дела во кои нашето око се задржува во нив, бидејќи нема некоја
силата што ја одредува насоката,односно во тие форми окото мирува и не се
движи со што велиме дека таа форма е без насока.Без насока може да биде и
целата творба ако линиите и формите се поставени така што визуелната сила
не го движи окото ниту хоризонтално,нити вертикално,нити косо. Тогаш велиме
дека е дело без насока.

Сл.5

Сл.6

Сл.бр.5,6 – без насока

Човекот се движи во одредена насока. Насока или правец,нашето движење


зависи од нашата цел. И нашето око цело време се движи во одредена насока.
Гледаме напред себе си, лево или десно, горе или долу.
Пример:
Кога имаме поставено едно дрво, нашето око се движи горе-долу,значи
верткални.Ако имаме поставено редица дрва,едни до други,нашето око ќе се
движи лево – десно,односно хоризонтално.

Сл.бр.7 Вертикална насока Сл.бр.8 Без насока

Кога гледаме воз, река или пат, нашата насока на гледање е лево
-десно,односно е хоризонтална.

Сл.бр.9

Сл.10 Сл.11

Сл.9,10,11- хоризонтална насока


Ако гледаме авион при слетување или полетување, нашата насока на гледање
би бил искривен.

Сл.бр.12

Сл.бр.13

Ако ги погледнеме внимателно делата презентирани , ќе видиме во кои правци


се движи окото.
Користена литература

- Ликовен јазик – Никола Смилков

- http://Llikovnielementi1.blogspot.com

- Ликовен јазик за 4 одд.

- Ликовен јазик за 7 одд.

You might also like